fbpx
Таг: Е-општество

таг: Е-општество

Во случај на кибер насилство младите треба да се обратат на возрасен кому му веруваат

Родителите треба да ги учат своите деца кои се границите на приватност во физичкиот и во онлајн светот, а во исто време, потребно е да се бара решение кое ќе обезбеди услуги за поддршка на младите. Ова се главните заклучоци од синоќешната дебата во Кинотека, во која учествуваа средношколци, откако претходно го изгледаа филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Дебатата...

Е-општество.мк: Потребна е меѓусебна соработка за да се подигне свеста за АДО и вештачката интелигенција

Нивото на свесност на граѓаните, граѓанскиот сектор, медиумите, академската заедница, но и самите држави, за системите за автоматско донесување одлуки (АДО) и вештачката интелигенција (ВИ) е ниско и тоа треба да се промени бидејќи овие системи ќе продолжат да влијаат врз благосостојбата на граѓаните. Граѓанските здруженија треба да соработуваат меѓусебно и со државните власти за да разговараат за придобивките...

Панел дискусија на „е-Општество“: Учениците од руралните средини се плашат од јавен настап

Младите од руралните средини немаат пристап до локални и регионални медиуми, забележана е недоволно зајакната свест за медиумска писменост и слабо развиен младински активизам. Младите не се ниту мотивирани, ниту заинтересирани да се вклучат во било какви локални акции каде би ја вклучиле медиумската промоција. Ова беше истакнато на панел-дискусијата „Искуства од неформалното образование на младите за медиумска писменост...

Е-општество.мк: Напредокот со отворањето на податоците е под очекувањата

Објавувањето на отворени податоци во земјава доживува квалитетен прогрес во однос на почетоците пред осум години, но за жал не може да се каже дека е тоа очекуваното, бараното темпо. Иако бројките се многу повисоки отколку на почетокот, тоа не е сѐ, потенцира д-р Ирена Бојаџиевска. „Позитивни примери има, како „Отворени финансии“ на Министерството за финансии, но кога сѐ ќе...

Отворена 17-тата конференција е-општество.мк: Дигитализацијата да биде цел на општеството

Денеска започна меѓународната конференција е-општество.мк, која што годинава се одржува по 17-ти пат и ја третира темата „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На отворањето на е-општество.мк, свое обраќање имаа извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, претставникот на канцеларијата на УСАИД...

Второ издание на Хакатонот за отворени податоци, во организација на фондацијата Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис во рамките на на 17-то издание на интернационалната конференција „е- Општество.мк“, од 30 ноември до 3 декември ќе го организира вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“ . „Хакатонот за отворени податоци“ е четиридневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на...

„е-Општество.мк“: Онлајн наставата крие многу ризици за злоупотреба на личните податоци на учесниците

Во онлајн наставата во образованието треба да се креира платформа преку која сите корисници, учениците, наставниците и родителите, ќе ја идентификуваат приватноста и безбедноста и ќе можат да ги контролираат податоците со цел да преземат мерки и да реагираат во случаи на инциденти од злоупотребата на нивните податоци. Биометриските податоци кои се користат во онлајн наставата, видеа и фотографии при...

„е-Општество.мк“: Дигиталните алатки станаа главна алатка во образованието, но неопходни се еднакви можности за сите

Предизвици во образованието имаше и пред пандемијата, особено со информациско комуникациски технологии во наставата. Вака Наташа Анѓелеска, висока координаторка на програмата за образование - Фондација Отворено општество Македонија ја започна дискусијата на денешната сесија „Отворено дигитално образование во Северна Македонија - придобивки од користењето на ИКТ во образовниот процес“ што ја организираше Фондација Метаморфозис во склоп на 16. Меѓународна...

„е-Општество.мк“: Новинарите ја изгубија довербата кај публиката, тоа остава простор за лажни вести

Новинарството денеска е на крстосница, ризикува да биде присилено да се повлече од местото коешто се нарекува врева и во кое не може да се размислува. Места каде што новинарите може да бидат манипулирани, да шират лажни вести, места коишто се креирани за да се шират лаги, со цел новинарите да бидат дискредитирани. Ова денеска го кажа доцентот на Факултетот...

Конференција „е- Општество.мк“: е-киоскот е пример од регионот за успешна дигитализација на услугите

Повеќе од 200.000 граѓани од Приштина во последните три години извадија документи од дигиталната машина „е-киоск“, која е во форма на банкомат и нуди пет типа на документи. Овој начин им го олесни на граѓаните вадењето на потребни документи за што претходно губеа многу време. Црна Гора пак им го олесни животот на граѓаните и туристите, нудејќи им апликација...

Отвореноста на податоците и вклучувањето на граѓаните во локалната власт се клучни за развој на демократијата

Вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки е сржта на демократијата, посебно на основното ниво, во полето на локалната самоуправа, а тоа може успешно да се оствари само со едуцирање на граѓаните за нивните права и одговорности, но и отворање на податоците и соодветна дигитална опременост, од описменување до овозможување дигитални алатки. Тоа се основните цели за кои секоја држава,...

„е-Општество.мк“: Потребна е дигитална зрелост за да се постигне дигитална трансформација на општеството

Шеснаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вклученост и ефективност-доброто владеење и интернетот“ започна денеска и за прв пат поради ковид-19 пандемијата се организира целосно онлајн. Настанот е во организација на Фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“, а нејзиниот извршен директор Бардил Јашари во воведното излагање на почетната сесија се задржа на последиците што ги донесе ковид-19 врз...

На годинешната „е-Општество“ конференција дознајте повеќе за постоечките е-услуги во земјата и во регионот

Нема доволно познавање на Дигиталната агенда во Северна Македонија и уште помала е запознаеноста со достапните е-услуги кои ги нудат институтциите за граѓаните. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемија, можеме да забележиме дека пристапување кон дигитална трансформација е повеќе од потребен чекор за подобро функционирање на едно општество и можеме да увидиме како владите низ светот, вклучително владите од...

Фондација Метаморфозис организира конференција „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“

На 25 и 26 ноември годинава, ќе се одржи 16-то издание на конференцијата е-Општество на тема „Вклученост и ефективност – доброто владеење и интернетот“, која ја организира Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. На конференцијата ќе учествуваат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите ставови и размислувања на...

Заштитата на личните податоци може да тргне рикверц поради немање директор на ДЗЛП

Речиси една и пол година откако го доставивме нацрт-законот за заштита на личните податоци во Министерството за правда, откако тој обилно се проверуваше и менуваше, веќе е подготвен и усогласен со ГДПР (генералната регулатива на Европската унија за заштита на податоците) и крајно време е да се донесе, бидејќи сега остана само да се изгласа во парламентот. Се надевам...

„Е-општество“: Медиумската писменост е неопходна за здрава демократија

Потребна е поголема медиумска писменост која ќе доведе до транспарентни и отчетни институции, е заклучокот од Конференцијата „е-Општество“ која Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ја организира по 14 пат, а оваа година е на тема „медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. И на оваа конференција ќе се обидеме да се фокусираме на влијанието на новите технологии врз работата на...

Утре ќе се одржи 14. конференција „е-Општество“ на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ утре со почеток од 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ по четиринаесетти пат ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Темата на овогодинешната конференција ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и...

„Е-општество“: Ни треба слободата за да си ја заштитиме приватноста

Реформите во медиумската сфера мора да се направат професионално, преку дебата, а посебна регулација е потребна за интернет-порталите за да се избегнат злоупотреби, е заклучокот од конференцијата „Е-општество“ на тема „Слобода и приватност“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, смета дека интернет-порталите се дел од проблемите во медиумската сфера затоа...

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза,...

Невладините немаат официјална информација дека истрагите против нив се затворени

Граѓанските организации што беа предмет на истраги на МВР по налог на ОЈО, сè уште немаат добиено официјална информација дека истрагите се завршени и не е пронајден криминал, вели Фани Каранфилова-Пановска, извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ - Македонија, на денешната конференција „Е-општество“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Многу ми е драго што слушнавме изјава...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...