fbpx
Таг: е-дневник

таг: е-дневник

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше да се надминат проблемите детектирани во старата хардверска и софтверска инфраструктура во изминатите години. Сепак, до овој момент, наставниците го користат стариот е-дневник во кој ја водат целокупната евиденција за...

Шаќири: Новиот е-дневник ќе биде поврзан со дигиталните учебници

Од почетокот на второто полугодие, родителите и наставниците во почетна фаза во 40 пилот-училишта ќе користат нов електронски дневник, кој во изминатиов период беше во тест фаза. Нема да се случува да „паѓа“ системот. Ова денеска за Мета.мк го најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на средбата што ја организираше за новинарите. Тој кажа дека идејата за електронско...

Oд новиот е-дневник наставниците нема да ги боли глава, уверуваат надлежните

Софтверското решение со единствена база на податоци и централна администрација, заедно со вградените оптимизации треба да ги реши техничките проблеми со внесот на податоците во електронскиот дневник, велат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), на прашањата на Мета.мк поврзани со функционирањето на новиот електронски дневник во кој ќе се внесува целата педагошка евиденција. Ова ќе значи дека...

Од септември ќе има нов електронски дневник, летово наставниците ќе учат како да го користат

Во текот на летниот распуст, ИТ администратори од 30 основни и 26 средни училишта ќе бидат обучени како да го користат новиот електронски дневник, соопштија за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН). Обуките ќе се реализираат додека траат годишните одмори и тие мора да ја "поминат" обуката. „Се организираат обуки за примена на новите софтверски решенија за ИТ...

Наставниците и годинава кинат нерви со е-дневникот, надлежните ќе тестираат нови софтвери летово

„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение. Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место каде што се пишуваат...

Министерот Шаќири ги вети, а сега молчи за дигиталните услуги во образованието

Систем кој ќе овозможи матурантите онлајн да се запишуваат на факултет, надграден и пофункционален електронски дневник, мобилна апликација е-дневник, како и електронски свидетелства, се новините кои минатата година ги најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Лани на 15 јуни, кога информираше за бројот на електронски апликации што стасале за упис во средното образование, меѓудругото, ги даде и...

Ќе добијат ли учениците навреме свидетелства за да можат утре да се запишат во средно?

Електронското пријавување за упис во средно образование е утре и задутре, па затоа во многу основни училишта низ државата, за денеска е закажано доделување на свидетелствата за деветто одделение. Во некои училишта се делеле свидетелства и викендов, а во некои пак, закажано е доделување вечерва во 18:30 часот. Директорите со кои поразговаравме велат дека не се доцни со давањето на...

Само со скрининг ќе се знае кои деца треба да се изолираат, сметаат дел од родителите

Од денеска започнува изборот на 8.200 ученици во основното и во средното образование, преку регистарот на електронскиот дневник, кои ќе бидат тестирани за ковид-19. Прво треба да се соберат согласности од родителите на децата кои ќе бидат случајно избрани да им биде земен брис, па идната недела ќе започне тестирањето кое има за цел да покаже дали и колку...

Наставниците во е-дневникот мора да ги внесат само изостаноците и оценките

На помалку од еден месец до крајот на учебната година, наставниците мораат да си ја исполнат законската обврска да водат двојна педагошка евиденција. Сѐ што пишуваат во пишаните дневници треба да внесат и во електронските. Од Министерството за образование и наука (МОН), за „Мета“ информираат дека пополнувањето на електронскиот дневник е обврска на наставниците регулирана со закон, но дека овојпат...

Неприфатливо е ретроактивното пополнување на е-дневникот, велат од СОНК

Укажувањето на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), упатено до наставниците, а кое се однесува на електронскиот дневник, е неприфатливо, реагираат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Реакцијата следува откако вчера училиштата добиле укажување од МОН да пополнат сите изостаноци и полугодишни оценки на сите ученици, почнувајќи од ланскиот 1 септември, па се' досега. „Ова е сосема...

Е-дневникот проработе, наставниците повикуваат на бојкот и го хејтаат на фејсбук

Електронскиот дневник (е-дневник) оваа недела е повторно во функција, откако претходно системот не работеше цела измината учебна година. Додека образовните власти одлучат дали наставниците ќе треба да внесат сè што не внеле од минатиот септември досега, наставниците негодуваат на социјалните мрежи. Некои од нив дури и повикуваат на бојкотирање на е-дневникот, бидејќи, како што велат, нема поента тоа да го...

Наставниците не сакаат ретроактивно да го пополнуваат е-дневникот

По објавата на „Мета“, дека е избрана фирмата што ќе го одржува е-дневникот, на социјалните мрежи, во групите за просветни работници, наставниците коментираат дека не е во ред сега да се бара да ги внесат сите податоци за постигањата на учениците и изостаноците во електронскиот дневник за сите 4 месеци и дека тоа за нив е голема обврска. Наставниците сметаат...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...