fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Слабо возиме точак и пешачиме, иако апликации нудат поволности за поминати километри [инфографик]

Македонските граѓани не се премногу заинтересирани за користење на велосипедот како превозно средство, но постои апликација која може да го промени ваквиот став не само за велосипедскиот превоз, туку и за пешачењето. Апликацијата Челинџер (Challenger) веќе трета година активно им нуди на македонските граѓани можност да стекнуваат поволности и да штедат емисии на стакленички гасови во своето секојдневие, а...

ДЗС: Годишната инфлација во мај е 11,3 отсто

Трошоците на живот во мај 2023 година се зголемиле за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во мај 2023 година, споредено со април годинава, трошоците на живот се зголемиле за 0,4 отсто, додека цените на мало се намалиле за 0,9 отсто. На годишно ниво, статистичките податоци за мај 2023 година покажуваат...

Железница не користиме, субвенции за нови возила немаме, климатските промени ги игнорираме [инфографик]

Транспортот учествува со 28 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови во Македонија и во моментов се наоѓа на второ место меѓу изворите на штетни материи кои имаат негативно влијание врз климатските промени. Кај транспортот не постои интегриран пристап во водењето политика за намалување на количествата на јаглерод што ги произведуваат, а треба да се работи и на зголемување...

Само 15,5 отсто од индустриските води лани биле испуштени во природата како прочистени

Минорни 15,5 отсто од индустриските води што биле испуштени во природата во 2022 година биле прочистени, покажува најновиот извештај „Користење и заштита на водите од загадување во индустријата“ на Државниот завод за статистика. Статистичките податоци покажуваат дека од 5 милиони метри кубни испуштени води од секторот Рударство и вадење камен, дури 2 милиони метри кубни биле исфрлени во реките,...

Опаѓа притисокот, во април годишната стапка на инфлација се намалила на 13 отсто

Годишната стапка на инфлација во април 2023 година, во споредба со истиот месец лани бележи зголемување од 13 отсто, a индексот на цените на мало, бележи зголемување од 10,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај постепеното стишување на инфлацијата, статистичките податоци покажуваат дека таа во април била најголема кај храната и безалкохолните пијалоци, и тоа...

Најголем дел од ѓубрето лани завршило на депонија, селекцијата учествува само со 18,3% [инфографик]

Селекцијата на отпад останува голем проблем за македонското општество. Само 18,3 отсто од комуналниот отпад во Македонија лани минал низ примарна или секундардна селекција, а со тоа е овозможен соодветен третман преку рециклирање на ова ѓубре. Наспроти ова, над 80 отсто од целокупниот комунален отпад собран во 2022 година завршил на општинските депонии. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(a){if(void 0!==a.data){var e=document.querySelectorAll("iframe");for(var t in a.data)for(var...

Ќе се нагледаме ѓубре уште три-четири години, современи депонии дури во 2027 [инфографик]

Македонија ќе ги започне инвестициите во воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во втората половина на 2024 година, додека современите регионални депонии по стандардите на ЕУ ќе бидат завршени до септември 2027 година. Ова се генералните временски рамки за реализација на проектот вреден 55 милиони евра, за кој македонската влада во јануари годинава го потпиша договорот со...

Намалени трошоците за живот во однос на февруари, инфлацијата во март 14,7 отсто

Трошоците за живот и цените на мало во март се намалиле за 0,1 отсто во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со февруари, е забележано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6 отсто, маслото и маснотиите за 2,4 отсто,...

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите

Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на отпад преку добивање поени...

ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, што претставува намалување за 2 отсто во споредба со 2021 година. Најголем број од лицата, 31 отсто, докторирале во областа на здравството и социјалната заштита, потоа 17.8 проценти во бизнисот, администрацијата и правото, понатаму следат општествените науки, новинарството и информирањето со 10.2...

Намален бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години

Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на сексуалното и репродуктивното здравје кои се обработени во новата публикација на Државниот завод за статистика...

Просечната плата во јануари пораснала за 13,2 отсто во споредба со лани

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година изнесувала 33.943 денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со идентичниот месец лани, просечната нето-плата во земјава се зголемила за 13,2 отсто. Ваквото зголемување на нето-платата се должи првенствено на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (23,4 отсто), Градежништво (20,9 отсто)...

ДЗС: Стапката на невработеност се намалила на 14 отсто на крајот од 2022

Стапката на невработеност во Македонија на крајот од 2022 година се намалила на 14 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на невработени на крајот од четвртиот квартал лани изнесувал 112.227 лица, што претставува намалување за над 7.200 лица во споредба со првиот квартал од 2022 година. Во проценти, стапката на невработеност на почетокот од 2022 година била...

Храната за една година поскапела 26 отсто, инфлацијата во февруари е 16,7 отсто

За период од една година, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 25,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во февруари 2023, во споредба со истиот месец лани, бележи зголемување од 16,7 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен за 12,4 отсто. Ако се погледнат статистичките податоци за индексот на трошоците за...

Просечната нето-плата во декември лани пораснала за 14,8 отсто

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во декември 2022 година изнесувала 34.364 денари, односно истата е зголемена за 14,8 отсто во споредба со истиот месец од 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), убедливо најголема просечна нето-плата има во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејсности, која што во декември лани изнесувала 88.192 денари. Наспроти...

Цените во јануари за 17,1 отсто повисоки отколку пред една година, поскапени повеќе производи и услуги

Индексот на трошоците на животот во јануари годинава, во однос на истиот месец минатата, 2022 година, бележи зголемување од 17,1 отсто, додека индексот на цените на мало, исто така, е зголемен и тоа за 13,3 отсто, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Од друга страна, пораст на цените во изминатиот месец во споредба со декември 2022 година, е забележан кај...

Спасувачите од ДЗС спасија жена што била 114 часа во урнатините во Адијаман

Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Северна Македонија вчера извлекоа жива жена од урнатините на зграда во Адијаман, откако таа минала 114 во кршот, по катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија Успехот на ДЗС бил поздравен со овации. Спасената жена е 38-годишната Мелтем Унсал.

Годишната инфлација лани достигнала 14,2 отсто, трошоците за храна повисоки за над 20 отсто

Инфлацијата во 2022 година во Македонија изнесувала 14,2 отсто, додека индексот на цените на мало бил зголемен за 12,6 отсто во споредба со 2021 година. Зголемувањето на индексот на трошоците на животот лани бил најголем токму кај храната и безалкохолните пијалоци, кои за една година поскапеле за 20,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на...

Огромни разлики во загубите на вода кај општините, заемот од ЕИБ треба да се искористи паметно [инфографик]

Во Македонија има драстични разлики кај процентот на неприходувана вода за пиење во водоводните системи, така што претстојниот заем од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) треба да се искористи паметно. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) покажуваат дека загубите на вода за пиење кај јавните комунални претпријатија се движи од 14 до...

Попис 2021: Во земјава има 205 села без жители, скопски Аеродром со најголем број домаќинства

Дури 205 села во земјава се ненаселени без ниту еден жител којшто бил регистриран лани за време на пописот. Бројката на ненаселени места расте, но се зголемува и бројот на жители и домаќинства кои ги има Скопје, и особено, скопската општина Аеродром, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од...

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90...