fbpx
Таг: ДЗЛП

таг: ДЗЛП

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“. Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член...

Наместо нови директори, повеќе пари за „обезглавените“ институции во новиот буџет

Како се планираат буџетите на државните институции и како се одлучува кој ќе добие помалку, а кој повеќе средства е прашање што заслужува внимание откако Владата во предлог-буџетот за 2020 година им додели повеќе пари на три институции кои поради политички несогласувања подолго време се без директори, покажува новото продолжение од анализата на „Мета.мк“ на предлог-буџетот за 2020 година...

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во сметките на граѓаните, информираат тие преку соопштение. Во него велат дека уште на крајот на мај годинава тие дале негативно мислење, дека предложените измени на Законот за банки не се усогласени со Законот за заштита на личните податоци. „Предложените законски решенија не се во согласност...

МВР го испитува протекувањето на лични податоци на 4.739 студенти

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на Министерството за внатрешни работи (МВР) не стигнала пријава и поради тоа сè уште не се води никаква постапка во врска со протекувањето на околу 5.000 лични податоци на студенти од неколку државни и приватни факултети во земјава. Сепак, од Секторот за „Мета“ велат дека тие по службена должност го испитуваат...

Трајковски: Никој не може да гарантира сто отсто заштита на личните податоци

„Вонредниот инспекциски надзор на Машински факултет е во завршна фаза, а сè што е алатка на законот во поглед на санирање на настанатите штети, веќе е преземено по наши насоки од страна на Машинскиот факултет. Останува да ги известиме сите засегнати студенти со нашите наоди за да може да си бараат одредени права во граѓански постапки пред судовите“, рече директорот на...

Протекоа личните податоци на 4.739 студенти, ДЗЛП ќе истражува кој згрешил

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) ќе изврши вонреден инспекциски надзор поради тоа што лични податоци на 4.739 студенти на неколку државни и приватни факултети кружат по интернет. Број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, лозинка за електронска пошта биле испратени на адреси на стотина студенти, преку официјалниот меил на Машинскиот факултет, ([email protected]). Во соопштението на ДЗЛП се вели дека во текот...

Горан Трајковски назначен за директор на ДЗЛП

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 85. седница ја прифати одлуката со која се предлага Горан Трајковски да биде назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП). Горан Трајковски беше прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП) девет години, а од оваа функција беше разрешен во ноември минатата година. Управата за јавни приходи беше спомната во...

Законот за „бомбите“ е буквален атак врз слободата на интернетот

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв“, се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, а во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија. Секоја институција или компанија кој прибира податоци за одредено физичко лице мора да почитува одредени принципи за лицето да има контрола кои негови податоци се користат и...

ДЗЛП: Досега не сме добиле претставка за „бомбите“

На конференцијата што денеска се одржа по повод десетгодишнина од основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, директорот Димитар Ѓеорѓиевски, одговарајќи на прашање за тоа како ДЗЛП се поставила во случајот со прислушуваните разговори на опозицијата, рекол дека досега врз основа на објавените „бомби“ нема добиено ниту една претставка. - Јас веќе кажав дека досега во директен однос на објавените „бомби“...

На социјалните мрежи најмногу се злоупотребуваат личните податоци

Вкупно 371 претставка од 331 граѓанин и од 36 фирми се жалеле за нарушување на приватноста во Македонија во текот на минатата година. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Ова денеска беше кажано на конференцијата за едукативен пристап кон предизвиците од заштита на приватноста, која се одржува по повод 10-годишнината од формирањето на Дирекцијата...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...