fbpx
Таг: двотретинско мнозинство

таг: двотретинско мнозинство

Премиерот Ковачевски е убеден дека нема да недостасуваат пратеници за двотретинско мнозинство за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека нема да недостасуваат пратеници за да се озбезбеди двотретинско мнозинство за да се изгласаат уставните измени потребни за продолжување на преговорите со ЕУ. Тој денеска изјави дека сите парлементарци имаат обврска да го поддржат европското движење на државата затоа што младите заминуваат од државата во земји од ЕУ бидејќи таму имаат економски просперитет,...

Џафери очекува текстот за уставните измени да е готов до почеток на летото, седница да има до септември

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува предлог-текстот за измените на Уставот на РСМ да се изготви до почетокот на летото, додека дискусијата за утврдените предлог-измени на Уставот очекува да започне на собраниска седница во септември, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На тој начин, вели Џафери, евентуалното донесување на уставните измени би можело да се поклопи со рокот...

Денеска нов обид за почеток на финалната фаза од уставните измени

Откако вчера два пати беше одложуван почетокот на собраниската седница за финалната фаза од уставни измени, денеска во 12 е закажан нов обид за гласање на уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не може да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го...

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, ова е важен чекор кон заедничкиот успех

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вечерва на својот „Твитер“ профил му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев, за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за потреба од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа. „Честитки пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша Ципрас. https://twitter.com/PrimeministerGR/status/1053393259660230657 Честитка...

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за потреба од уставни измени

По цел ден чекање на почетокот на собраниската седница за уставни измени, вечерва владејачкото мнозинство успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за предлогот на Владата за потребата од уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Пратениците гласаа со 80 гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“ од присутни 117 пратеници. Од опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „за“...

Собраниската седница за уставните измени ќе почне во 15 часот

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, наместо како што првично беше најавено, во 12 часот денеска, соопштија од Собранието. Како причина за одлагањето на почетокот на седницата во повеќе медиуми се наведуваат шпекулации дека сега се одвиваат разговори  за обезбедување двотретинско мнозинство меѓу владејачките партии и...

Заев: Верувам дека пратениците од ВМРО-ДПМЕ ќе се исправат пред историската одговорност

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас. Заев денеска присуствуваше на одбележување на 20-годишнината од постоењето на Штедилницата „ФУЛМ“, во неговото родно село Муртино. Премиерот...

Седницата за уставни промени ќе продолжи утре

Собраниската седница за уставни измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција ќе продолжи утре. Вториот дел од вчерашната седница помина без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие претходно преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова и потенцираа дека ќе гласаат против уставните измени. Тие ги повикаа пратениците од владејачкото...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебатата, ќе гласаат против уставни измени

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучиле да се откажат од дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопшти партијата. „Пратеничката група заклучува дека е кажано сè и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот...

Собраниската седница за уставни измени – тест за двотретинското мнозинство

Денеска во 11 часот ќе започне собраниската пленарна седница на која на дневен ред ќе се најде Предлогот на Владата за уставни измени кои произлегуваат од Договор со Грција. Предлогот за уставни измени во петокот беше изгласан во Комисијата за уставни прашања која расправаше два од можните десет дена. За предлогот гласаа 10 пратеници од владејачкото мнозинство додека 7 пратеници...

Трнлив и долг е патот до промени на Уставот (инфографик)

Промената на Уставот со уставни амандмани не е ни малку лесна и едноставна процедура. На предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство. Еднаш за да го отвори и еднаш за да го затвори Уставот, процедура која трае неколку месеци. Според Уставот, одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско...

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. -Новите избори ќе бидат одолговлекување...

Заев: Нема да поднесам оставка, пратениците да го следат гласот на мнозинството

Европска Македонија доби повеќе гласови за од било кој победник на било кои избори во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус и ако имаше 1.100.000 гласачи овој резултат од 600.000 граѓани ќе значеше јасна определба за европска Македонија, рече премиерот Зоран Заев на втората прес-конференција по завршувањето на референдумот. -Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска...

Бошњаковски: Лидерската средба може да го одблокира формирањето на ДИК

Измените на Изборниот законик кои се веќе во собраниска процедура, и со кои изборот на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) би се вршел со мнозинство од 61 пратеник, наместо двотретинско мнозинство како досега, ќе влезат во процедура ако утре на лидерската средба не се постигне политички консензус за ДИК, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски. На редовната прес-конференција во Владата...

Талат Џафери по усвојувањето во Собранието ја „завери“ Спогодбата со Грција

Откако денеска во Собранието, во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беше ратификувана Спогодбата со Грција за разрешување на спорот за името со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на законот за ратификација на Спогодбата, по што тој оди во понатамошна процедура. Според процедурата, законот ќе биде испратен кај претседателот Ѓорѓе Иванов,...

Два месеци ќе трае подготовката на измените на Законот за судовите

Основите за разрешување судија и редефинирањето на условите за избор на судија ќе бидат дел од новиот закон за судовите, чија подготовка Министерството за правда ја почнало вчера. Измените и дополнувањата на законот треба да бидат готови до 30 декември. „Со предлог-законот за изменување и за дополнување на законот за судовите се врши негово усогласување со препораките дадени во мислењето на Венецијанската...

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух. И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за разрешувањето на Зврлевски во период...

ВМРО-ДПМНЕ побара јавниот обвинител да го предлага опозицијата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во иднина државниот јавен обвинител да го предлага опозицијата. Ова денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, непосредно пред собраниската седница на која треба да се разгледува и да се одлучува за барањето за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Како што рече Димовски, опозицијата до...

ЛДП: Иванов е една од најголемите грешки на гласачите во поновата историја

Со недавањето на мандатот за формирање влада на јасно изразено мнозинство во Собранието, Иванов се наметна како фактор на нестабилност, велат од Либерално-демократската партија (ЛДП). Портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ, денеска на прес-конференција истакна дека Иванов веќе втор мандат покажува дека не само што не е дораснат на функцијата претседател, туку раководејќи од тоа место, тој претставува безбедносен ризик, како за...

За да помине платформата на Албанците, треба двотретинско мнозинство во Собранието

Политичките партии од албанскиот блок, ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците, на 7 јануари соопштија дека усвоиле заедничка платформа која ќе биде нивна основа во преговите за формирањето на новата влада. Сепак, и во случај нивните барања опфатени во платформата да бидат прифатени од некоја од двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за нивно спроведување на...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...