fbpx
Таг: двојазичност

таг: двојазичност

Новинар на ТВ 24 доби удар со стап од знаме на протестот во Скопје

Новинарот Христијан Баневски вечерва бил удрен по глава со стап од знаме на протестот на „За заедничка Македонија“ во Скопје. За инцидентот информираше Телевизијата 24, која извести дека Баневски бил првин вербално нападнат, а потоа го добил ударот по глава. - На денешниот протест екипата на Телевизија 24 повторно беше вербално, но и физички нападната, кога еден од подржувачите со...

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се закана за унитарноста на Македонија и за единството на граѓаните

Заробени во историјата, омразата и во лицемерството, со желба за спас на криминалот и на личните богатства, токму ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и неговите соработници се единствената закана за унитарноста на државата и за единството на граѓаните, порачува СДСМ во одговорот на прес-конференцијата на Антонио Милошоски, по обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до јавноста. „Квалитетниот живот за сите граѓани, суверенитетот и...

Османи: Двојазичните банкноти и униформи не се неуставни

И двојазичните банкноти и униформите ќе бидат уставни, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Радио Слободна Европа“ по денешната прес-конференција на Зоран Заев. Лидерот на СДСМ рече дека тие би биле спротивни на уставните одредби, односно дека така сугерирале експертите што ги консултирала неговата партија. - Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот, како што и...

Битолските советници даваат „двојазични“ и „криминални“ сугестии за филмот за Талески

Кавгите во битолскиот Совет за документарниот филм на градоначалникот Владимир Талески ги премина локалните граници. На советничката говорница се развиори македонското знаме и се покажуваа лажни банкноти отпечатени на албански јазик. Откако опозицијата не успеа да го запре снимањето на филмот за трите мандати на битолскиот градоначалник Владимир Талески, таа побара во филмот барем да биде делот за криминалите и за...

Ученици од техничкото училиште во Битола протестирале против двојазичноста

Неколку десетици ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола претпладнево, околу 10 часот, ја прекинале наставата и излегле во училишниот двор на протест против двојазичноста. Учениците велат дека сами се организирале преку социјалните мрежи, бидејќи не се согласуваат со моменталната политика во државата „да учат албански јазик“. Учениците кои не протестирале, останале во училишните клупи. Еден од учениците, учесник...

„За заедничка Македонија“: Иванов да не му го даде мандатот на Заев

Неколку илјади граѓани со патриотски песни и со транспаренти на кои беше испишано „Македонија на Македонците“, „Проклети да се предавниците“ и „Нашите предци ова парче го платиле со крв“, вечерва излегоа на улиците на Скопје, Прилеп, Кичево, Куманово и на Штип и се приклучија кон протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ организиран „поради прифаќањето на албанската платформа од...

Битолски Широк сокак излепен со лажни банкноти на албански јазик

Битолски Широк сокак утрово беше преплавен со лажни банкноти од 1.000 денари отпечатени на албански јазик, како и со летоци на кои пишува „Казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“. Акцијата најверојатно се случила доцна во ноќта, летоците и лажните банкноти се расфрлани насекаде, па вработените од Јавното претрпијатие „Комуналец“ со млазови вода се обидуваа да...

Димовски до Хан: Вторпат го кршите ветувањето дека нема да се мешате

Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска реагираше на изјавата на Јоханес Хан, од саботата, со забелешка до еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика дека „пред само десет дена во Скопје јавно кажал дека нема да се меша, а сега објавува на „Твитер“ дека претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или...

Градоначалниците од истокот со проглас против двојазичност

Дел од градочалниците од Југоисточниот Регион, покрај редовните точки на дневен ред на 30. седница на Советот на Источниот плански регион, која се одржува во Берово, го поставиле и „прашањето за најавеното воведување на двојазичност во јавната администрација на територијата на цела Република Македонија“, се вели во објавата на веб-страницата на Општина Берово. Во веста се вели дека дел од...

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму платформата на албанските партии, односно...

ВМРО-ДПМНЕ: Владина коалиција без нас значи соочување со проблеми во иднина

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата што добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина, својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. Ова е ставот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го соопштил на денешната...

Шилегов: Работиме за наоѓање решение, наскоро ќе имаме влада

СДСМ е целосно посветен на наоѓање брзо и ефикасно решение за формирање нова влада на Република Македонија, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали наскоро може да се очекува договор за парламентарно мнозинство. Во однос на изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека без договор за влада - нема потписи, Шилегов рече дека сите...

И со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ немаме разлики за употребата на албанскиот јазик, изјави Османи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, синоќа во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека и со ВМРО-­ДПМНЕ и со СДСМ се усогласиле за примената на албанскиот јазик. - Првпат немаме никаква разлика со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ за етничките прашања. Ако досега целата дилема беше околу членот 5 од Уставот, дали употребата на албанскиот јазик е на локално ниво или...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ја решавале двојазичноста со законски измени?

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ начелно ги усогласиле ставовите околу двојазичноста, јави „Телма“, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови. Телевизијата пренесува дека двете партии решиле Уставот да не се менува, а прашањето да се уреди преку измени на Законот за употреба на јазиците. Во Собранието ќе се формираат работни групи кои ќе работат на сите отворени прашања, јавува телевизијата.

ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ: Нема да дозволиме двојазичност и продолжен мандат на СЈО

Независно на исходот околу составувањето влада во следниот период, дали таа ќе се формира и кој ќе ја формира, ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот за воведување двојазичност на целата територија на државата и за продолжување на мандатот Специјалното јавно обвинителство (СЈО), стои во реакцијата на партијата по повод вчерашното соопштение на ДУИ. „Причините досега...

Груевски од Велес порача да не се закрвува народот и да не се дозволи кантонизација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од Велес порача дека не треба да се прави поделба и да се закрвавува народот бидејќи сите се синови и ќерки на Македонија. - Не смееме да се делиме и да создаваме омраза. Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба – рече Груевски, кој...

НДМ: Груевски и Заев да се вразумат и да се обединат за виталните национални интереси

Народно движење за Македонија денеска изрази загриженост поради неодамнешната прес-конференција на владејачката ДУИ на која, како што соопштија, владејачката партија од албанскиот блок се закани со јазичната федерализација. Според НДМ, тоа е преодна форма на територијалната федерализација, што е неприфатлово. - Народно движење за Македонија и народот се силно вознемирени од длабокото неединство на Никола Груевски и на Зоран Заев...

Зекири: Ако ДУИ победи кај Албанците, СДСМ ќе мора да коалицира со нив во владата

Владиното мнозинство го прават бројките и СДСМ нема да може да оди против волјата на гласачите ако тие повторно дадат доверба на ДУИ, вели членот на централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, во одговор на прашањето дали е можна постизборна коалиција СДСМ - ДУИ. Сепак, тој додава оти не верува дека Албанците по...

Советниците од Битола се раскараа и се мајтапеа за двојазичноста

Наместо дискусија за ребалансот на буџетот на Општина Битола, советниците од власта и од опозицијата на денешната седница се скараа за двојазичноста. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџиев, селата и улиците во Битолско, од говорницата, ги изговараше на македонски и на албански јазик. Тоа предизвика реакции од сите советници. - Ќе се инвестира во селото Лопатица или на албански „Лопатич“. Ќе се асфалтира улица...

Димовски: СДСМ тргува со националните и со државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција Илија Димовски, член на извршниот комитет на владејачката партија. Тој рече дека евентуално изедначување на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Според Димовски, со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија се напаѓа Уставот и...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...