fbpx
Таг: движење Беса

таг: движење Беса

Албанските опозициски партии го проблематизираат усвојувањето на уставните измени

По вчерашното интервју на лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами дека нивните пратеници нема да гласаат за измените за внесување на Бугарите во Уставот, доколку не се избрише формулацијата „20% од јазикот кој го зборуваат граѓаните“ а новата формулација да биде „албански јазик“, денеска иста реакција стигна и од партиите Алтернатива и Демократското движење. Мерита Колчи Коџаџику, пратеничка на Демократското...

Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе во евентуална широка влада. Премиерот...

Министерот Хоџа и двајца заменици-министри поднесоа оставка, БЕСА веќе не е дел од владата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со двајца заменици-министри, денеска објавија дека поднесуваат оставки од нивните функции во актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев. Тој рече дека доставената оставка е од морален чин, поради нарушување на демократските вредности во државата. Хоџа додаде дека ја реализира изјавата за давање оставка, поради тоа што една владејачка партија, на чело...

Владата го зголеми просторот за политички реклами во предизборната кампања во медиумите од 10 на 15 часа

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната прес-конференција потврди дека времето за платено политичко рекламирање во медиумите за време на изборната кампања е зголемено од 10 на 15 часа. Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на РСМ на 15...

ААВМУ го отфрла тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ ја ставиле во повластена положба за политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) најостро ги отфрла обвинувањата дадени во денешната изјава на портпаролката на СДСМ дека Агенцијата ја става партијата ВМРО-ДПМНЕ во повластена положба и дека на Движењето БЕСА му се нанесува штета. „Движењето Беса, според листите на кандидати потврдени од Државната изборна комисија е дел од Коалицијата Можеме и според тоа може да добие...

СДСМ ја обвинува ААВМУ дека минутажата за политички реклами на БЕСА незаконски ја дава на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија СДСМ ја обвинува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) дека минутажата за платено политичко рекламирање што треба да ја добие Движењето БЕСА незаконски ја дало на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска тврди дека директорот на ААВМУ Зоран Трајчески не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумскиот простор за...

СДСМ и БЕСА потпишаа договор за коалиција на парламентарните избори

Лидерите на СДСМ и Движењето БЕСА, Зоран Заев и Биљал Касами потпишаа предизборен договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори на 12 април. Двете политички партии се договорија на претстојните избори да настапат со инклузивна предизборна програма. Предводникот на социјалдемократите порача дека договорот за коалицирање со БЕСА претставува нов историски момент за демократијата и за плурализмот во нашата...

Кахремани: Со седиштето во Тетово, Беса отвора ново историско поглавје во политиката

Членовите на Централното раководство и на Советот на Движењето Беса , кои го изгласаа Неџмедин Кахремани за вршител на должност претседател на партијата до одржување на Конгресот, вечерва отворија седиште на партијата во Тетово. „Во ова ново седиште ќе комуницираме со сите, кои до вчера не беа пожелни во Беса. Од вечерва Беса отвора ново историско поглавје во политиката во...

Беса и е потребна на политичката сцена во Македонија, порача Мицкоски

Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија. - Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена - изјави Мицскоски, по присуството на божикната литургија во „Св.Климент Охридски“. Тој повика и...

Тетовскиот огранок на Беса бара да се почитуваат легитимните органи на партијата

Портпаролот на Движењето Беса, Абдуш Демири денеска информираше дека, членовите на Централниот одбор што вчера одржале неформален состанок во Скопје биле поканети да присуствуваат на состанокот на Централниот совет на Движењето Беса во Тетово. - Последните информации ни беа дека тие ќе дојдат, но во последен час слушнавме дека тие одржуваат некој неформален состанок во Скопје, на кој што донеле...

Раскол во Беса: Два централни одбора, две најави за конгрес, нејасно е кој ја води партијата

Опозициската партија Беса е во длабок раскол по двата паралелни собири на највисокиот партиски орган, Централниот совет - еден во Скопје и друг во Тетово - на кои беа донесени дијаметрално спротивни одлуки. На собирот во Скопје од лидерската позиција е сменет Билал Касами, заради „политичкиот пад на партијата“ и е најавен конгрес на 21 февруари, а во Тетово...

Беса: Владата разочара во првите 100 дена, отсега нема простување

Новата Влада во првите 100 дена покажа дека продолжува да работи по стариот терк - на штета на граѓаните, а во интерес на сопствените политички цели. Ова е ставот кој денеска го соопшти партијата Беса по повод стоте дена од формирањето на Владата. Од партијата велат дека оваа влада, како и претходната, продолжила да ги партизира институциите на државата и...

Беса: Да престане политизацијата на научно-образовните институции

Движењето Беса денеска ги обвини владините партнери за политизација на научно-образовните институции, повикувајќи се на одлуката Институтот за духовно и културно наследство да го води кадар на Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА). Од Беса прашуваат ако на ваков начин се делат научно-образовните институции, на кој разгранок на СДСМ, ДУИ и на ДР-ДПА му паднала ждрепката да раководи со Македонската...

Мемеди: Имплементацијата на точките од декларацијата оди добро

Донесување на законот за албански јазик, имплементација на точките од декларацијата на Албанците, разговорите што Македонија ги има со Грција, најавениот договор за добрососедство со Бугарија, биле темите на кои денеска било разговарано на средбата на албанските политички партии во Собранието. Иницијаторот на средбата за разгледување на точките од декларацијата помеѓу албанските партии, Весел Мемеди од НДП, денеска порача дека...

Беса: Ќе бидеме дел од разговорите за нова влада

Движењето Беса останува посветено во процесот на решавање на кризата и ќе биде дел од разговорите за формирање на новата влада, велат од партијата по повод доделувањето на мандатот за составување нова влада. „Денеска, кога господинот Иванов го даде мандатот за да почнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето Беса констатира дека благодарение и на нејзината посветеност, конечно се...

Гаши и Спасовски тврдат дека Беса нема да ги повлече потписите

„Не сме донеле одлука дали ќе влеземе во влада. Разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помогнеме процесот колку што можеме“, изјави пратеникот од Движењето Беса, Африм Гаши, во синоќешното гостување на „Топ тема“ на телевизија „Телма“. Тој оваа изјава ја даде откако шефот на кабинетот на Ахмети, пратеникот Артан Груби, вчера...

Беса го осуди „говорот на омраза и ксенофобијата во училиштата и во МАНУ“

Движењето Беса денеска го осуди мешањето на политиката во основните и во средните училишта и принудувањето ученици да излезат на протестите што, како што стои во соопштението, ги организира македонската партија на власт, а на кои се слушаат „ксенофобични, расистички и извици кои поттикнуваат омраза кон Албанците“. „Вчера беше објавена една видеоснимка, во која директорот на едно средно училиште во...

Платформата на албанските партии е значајна за Македонија, му порача Касами на Тимоние

Претседателот на БЕСА, Билал Касами денеска на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека платформата на албанските партии во Македонија е една многу значајна точка со која Македонија може да се врати на патот на евроинтеграциите. Како што соопштија од Беса, на состанокот бил повторен ставот дека е време партиите да смогнат сили за имплементирање на реформите кои...

Рама ги седна Беса и ДУИ на иста маса

Албанскиот премиер Еди Рама успеа првпат да ги седне на заедничка маса лидерот на Беса, Билал Касами, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавуваат албанските медиуми. Засега нема јавна декларација за исходот од средбата, но албанските медиуми јавуваат дека средбата минала во најдобар ред. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, повикувајќи се на доверливи извори, ставот на Рама не е...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...