fbpx
Таг: Душко Марковиќ

таг: Душко Марковиќ

Црна Гора со инциденти во парламентот го усвои Законот за верските заедници

Црногорскиот парламент изминатава ноќ го усвои Законот за верските заедници. Ноќеска во Подгорица беше тензично, просрпските опозициски партии во парламентот поднесоа амандмани на законот, кои откако им беа одбиени, започнаа кавга со останатите пратеници и почнаа да ја кршат техниката во собраниската сала. Членовите на црногорската влада ја напуштија седницата пред инцидентот, додека полицијата интервенираше и ги отстрани од салата...

Заев: Регионот има лидери кои внесоа нова енергија, а со тоа и економски придобивки

Премиерот Зоран Заев синоќа учествуваше на традиционалната манифестација „Mostar Peace Connection“ и заедно со неговите колеги, претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас, црногорскиот премиер Душко Марковиќ положи цвеќе во реката Неретва, во знак на мир и со пиетет кон жртвите од сите војни. „Промовираме како еден лидер може, треба и мора да се издигне...

Заев и Марковиќ договориле авионска линија Скопје – Подгорица – Сараево

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министрите Крешник Бектеши и Рената Треневска-Дескоска, вчера имале средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, на која било договорено да се воведе авионска линија Скопје - Подгорица - Сараево. - Сакам да објавам дека е усогласен текст помеѓу Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, што ќе биде испратен...

Заев: На регионот му е потребен пораст на БДП од 5 проценти ако сакаме побрз развој

На земјите од регионот на Западен Балкан им е потребен пораст на домашниот бруто-производ поголем од 5 проценти ако сакаме побрз економски развој, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и со претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на завршувањето на „Самит 100“ за бизнис-лидери од...

Заев и премиерите на Албанија, БИХ и на Црна Гора денеска ќе дискутираат на „Самит 100“

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерите од Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и со претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, денеска ќе учествува на панел-дебатата „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“ на „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа, кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Премиерите ќе дебатираат за енергијата, за...

Марковиќ – Заев: Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка во НАТО

Премиерот Зоран Заев одржа средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, пред почетокот на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна Гора. - Успехот на новата влада за напредок на Македонија е мотивација за регионот. Капацитетите на владата да ги сработи потребните реформи се видливи. Се надеваме дека и Македонија ќе стане членка...

Заев до Марковиќ: Приемот на Црна Гора во НАТО е силна мотивација за новата влада

Премиерот Зоран Заев испрати честитка до премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, за приемот на Црна Гора во Северноатлантската алијанса (НАТО). „Овој сигнал на отворени врати на Алијансата е силна мотивација за новата влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, вложувајќи во потребната модернизација на Армијата според стандардите на НАТО, за во најкус можен...

Вучиќ: Приштина го опструира дијалогот, а ЕУ го толерира тоа

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ја обвини денеска Приштина дека ги опструира разговорите во Брисел затоа што не сака да се постигне договор, а за претставниците на Европската Унија рече дека го толерираат тоа. Вучиќ рече дека ЕУ „нема храброст да каже дека Приштина е виновна за кршењето на договорот“. Тој оцени дека на Србија најмалку ѝ одговара евентуален прекин...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...