fbpx
Таг: Дурмо турс

таг: Дурмо турс

Семејствата на загинатите кај Ласкарци: животите ни станаа пекол, бараме строга казна

Виновни се сите шестмина обвинети за несреќата кај Ласкарци, но секој од нив го негира тоа и постојано вината ја префрлуваат еден на друг. Обвинетите треба да бидат казнети, а покрај тоа треба и да им се изрече забрана за вршење на дејноста превоз на патници. Ова беа завршните зборови што беа кажани пред Кривичниот суд од обвинителот Дарко...

Случај „Ласкарци“: Вештаците движењето на автобусот од 19,5 тони го тестирале со „Шкода рапид“ од 1,6 тони

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа на „Дурмо турс“ која се случи во Ласкарци во февруари 2019 година и во која животот го загубија 16 лица, а 37 други беа повредени. Обвинителот Дарко Јакимовски продолжи со поставување на прашања за вештакот Лупчо Апостолов, кој заедно со Невзат Зекир и Јакуб Мамути го подготвија сообраќајното супервештачење,...

Камбери го изгуби синот во несреќата кај Ласкарци: Изгубивме четири години на празни муабети во судската постапка

Џеват Камбери, чиј син го загуби животот во трагичната несреќа на автобусот на „Дурмо Турс“ кај селото Ласкарци на 13 февруари 2019 година, ја изрази својата разочараност од судската постапка, која и по повеќе од четири години нема епилог, пишува Порталб.мк. „Поминаа скоро пет години, но не само толку, ќе поминат и други пет години. Ги разбирам јас овие работи,...

Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот

Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата. Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ што се случи...

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Судскиот процес за трагедијата кај Ласкарци започна од почеток

Супервештачењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци стаса на судско рочиште по повеќе од една година, но супервештаците кои требаше да го образложат, не дојдоа во судница. Судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток, а роднини на загинатите се сомневаат дека процесот оди во насока да се заборави случајот. „Супервештачењето го чекавме повеќе од една година, а супервештаците...

Судење за несреќата кај Ласкарци: Сопственикот на „Дурмо турс“ прстот го вперува кон возачот

На денешното судско рочиште за тешката автобуска несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај Ласкарци сведочеше првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. Тој пред судот изјави дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа, објаснувајќи дека не се чувствува виновен за оваа несреќа. Белули на судското рочиште рече дека жали за несреќата...

Две години по автобуската несреќа кај Ласкарци, судскиот процес сè уште трае

Со положување на цвеќе на местото на несреќата кај селото Ласкарци и Меморијален марш во организација на група граѓани и планинари, денеска се одбележуваат две години од автобуската несреќа во која на 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар излета од автопатот кај селото Ласкарци, предизвикувајќи ја...

Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен да се брани од слобода за Ласкарци

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој е обвинет во судскиот случај што се води за несреќата кај Ласкарци, е пуштен да се брани од слобода со гаранција. Тој бил пуштен од притвор уште минатата недела, но за неговото ослободување се дозна на почетокот на денешното судско рочиште за несреќата во која загинаа 16 лица, а десетици беа повредени. На...

Семејствата на жртвите од несреќата кај Ласкарци ќе бараат отштета

Семејствата на дел од загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, во која 16 луѓе ги загубија животите, а 37 беа повредени, се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и на денешното судење рекоа дека ќе бараат отштета. На следното рочиште закажано за 18 октомври ќе продолжи произнесувањето, кога треба да сведочат преживеаните патници. За...

Судски процес против „Дурмо Турс“: Обвинетите се чувствуваат невини

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето против превозникот „Дурмо Турс“, поради несреќата кај Ласкарци, при што загинаа 16 патници, пренесува „Порталб.мк“. Случајот го застапува скопскиот основен обвинител Дарко Јакимовски, а судии се Дијана Груевска-Илиевска, Александра Ристеска и тројца други судии. Во воведното обраќање, обвинителот Јакимовски рече дека било само прашање на време кога несреќата ќе се случи, бидејќи биле...

И покрај засилените контроли во Штип, се возат неисправни автобуси

Во последните неколку месеци штипската полиција врши засилени акциски контроли на автoбусите и другите возила за јавен превоз на патници, вклучувајќи ги и работничките автобуси. Полицијата последната акција ја спроведе вчера, кога во период од пет часа на технички преглед упати 93 автобуси и други возила за јавен превоз. „При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај два е утврдена...

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот...

Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Навршија три месеци од трагичната автобуска несреќа на компанијата „Дурмо турс“ кај село Ласкарци, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) сè уште не поднело обвинение за истото, пишува „Порталб.мк“. Основно јавно обвинителство соопшти дека шестмина осомничени се во домашен притвор, додека за еден е пропишана мерката надзор. „Со одлука на Основниот суд Скопје 1, на шестмина осомничени за кривично дело - Тешки...

Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Девојката која беше тешко повредена како последица на автобуската сообраќајна несреќа кај Ласкарци и чија што нога ѝ беше ампутирана, и подлегнала денеска на повредите. „Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, изјави раководителката на КАРИЛ, Маја...

Анализа: Динамична недела во Македонија со апсења, судења и пресуди

Неделата започна со апсења за трагедијата за автобусот и проневера во разузнавачките служби а заврши со судска пресуда за тероризам. Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот терористички напад на 27 април 2017 на Собранието на Република Северна Македонија, во петок (15.03.19) на вкупно 211 години затвор беа осудени 16. Оперскиот пеач Игор Дурловски, еден од водачите на групата протестанти „За...

Притвор за возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци

Судот прифати три од шесте барања за притвор на Основното јавно обвинителство за автобуската несреќа кај Ласкарци минатиот месец кога животот го загубија 15 патници. Притвор добија возачот кој возел со недозволена брзина, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и раководителот. „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице,...

Кои се 11-те приватни компании чии автобуси беа исклучени од сообраќај на 21 февруари? (инфографик)

Во вонредната техничка проверкa на 21 февруари, сообраќајната полиција во Скопје исклучи од сообраќај 14 автобуси, сопственост на 11 приватни компании. Ниту една од компаниите не врши јавен градски превоз внатре во Скопје, известува „Порталб.мк“. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Порталб објаснуваат дека на 21 февруари биле контролирани сите автобуси што се движеле низ Скопје, независно вршат јавен...

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо Турс“

Приведени се возачот на автобусот кој на 13 февруари се преврте на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци, при што животите ги загубија 15 лица, а 31 беа повредени, како и сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, јави „Порталб“. Покрај нив се приведени уште четири лица. Несреќата се случи откако од засега неразјаснети причини, автобусот ја пробил заштитната ограда, излетал...

Автобусите возат сè побрзо кон смртта

Сообраќајната несреќа кај Ласкарци, кога превртувањето на автобусот на „Дурмо Турс“ однесе 15 животи, а триесетина лица беа повредени, е најголемата автобуска несреќа во Македонија од осамостојувањето, ако не и порано. Овој настан што ја потресе земјата во поглед на бројките на загинати и повредени значително отскокнува над бројките за инциденти со автобуси од претходните години собрани на куп. Но...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...