fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Мицкоски: Излеговме поради Изборниот законик и неприсуството на сите партии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час, набргу образложи дека тоа е направено поради, како што рече, неделовничкото донесување измени на Изборниот законик за да се избира Државната изборна комисија (ДИК) без опозицијата, како и поради неприсуството на средбата на сите парламентарни партии. Сепак, на средбата остана Социјалистичката партија на...

Бошњаковски: Лидерската средба може да го одблокира формирањето на ДИК

Измените на Изборниот законик кои се веќе во собраниска процедура, и со кои изборот на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) би се вршел со мнозинство од 61 пратеник, наместо двотретинско мнозинство како досега, ќе влезат во процедура ако утре на лидерската средба не се постигне политички консензус за ДИК, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски. На редовната прес-конференција во Владата...

Објавен оглас за членови на ДИК чиј мандат ќе трае шест месеци

Оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци е објавен денеска во весниците, откако Собранието во петокот донесе одлука за распишување на оглас за избор на нови членови на ДИК. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и...

Собранието го донесе законот за ДИК со шестмесечен мандат

Со 80 гласа за, без гласови против, Собранието го донесе Предлог - законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој ќе се воспостави привремен состав на Државната изборна комисија (ДИК). Со овој закон, кој беше договорен од власта и од опозицијата, а беше поднесен од пратениците Томислав Тунтев, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, координатори на...

Направен првиот чекор кон формирање на привремена Државна изборна комисија

Со прифаќањето по скратена постапка да се донесе предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, 86 пратеници и од владејачката коалиција и од опозицијата, денеска ја почнаа постапката за нов состав на Државната изборна комисија (ДИК), кој ќе има мандат од шест месеци. Во него не се предвидуваат експерти, туку само партиски делегирани членови. Предлог-законот беше предложен од координаторите...

Судот прифати една тужба на ВМРО-ДПМНЕ за Сарај, ДИК ќе каже дали ќе има прегласување

Управниот суд уважи една жалба од 28-те поднесени тужби против приговорите одбиени од Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето и за сумирањето на резултатите од првиот круг од локалните избори што се одржа на 15 октомври. Управниот суд ги објави одлуките по сите тужби од партиите на својата веб-страница, според кои уважена е една тужба поднесена од коалицијата предводена од...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да го сокрие фактот дека изборите беа криминални

„Ова се први избори во кои беше убиен директен учесник во изборниот процес. На кандидат за градоначалник му беше скршен черепот, а секојдневно пристигнуваат сведочења за закани со оружје, заплашувања и за поткуп“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во Кавадарци. „Лагите на Заев нема да го покријат фактот...

Поднесени 27 жалби до Управниот суд за одбиените приговори од ДИК

Вкупно 27 жалби се поднесени до Управниот суд од партиите ноќеска против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори, што се одржа на 15 октомври, соопшти судот. Инаку, рокот за за поднесување жалби за одбиените приговори од ДИК истекува денеска во 11 часот. Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 24, две жалби се од ТМРО...

ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд ќе поднесе жалби за сите приговори одбиени од ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд за сите приговори за локалните избори на 15 октомври, што беа одбиени од Државната изборна комисија, соопштија денеска од опозициската партија, додавајќи дека нема да дозволат некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија. Рокот за поднесување жалби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечерва,...

ДИК на маратонската седница ги одби сите приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори поднесени за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг на локланите избори кои што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за „Мета“ изјави дека маратонската седница, која почна вчера околу 10 часот претпладне, завршила утрово и дека сите приговори се одбиени. ДИК одлучуваше по вкупно 43 приговори,...

ДИК го проби рокот за одлучување, досега решени само седум приговори

Државната изборна комисија го проби рокот од 48 часа за разгледување и одлучување по приговорите од политичките партии за изборите, кое требаше да заврши вечерва во 19 часот. Ова, во текот на седницата, која сè уште е во тек и на која има жестоки расправии меѓу членовите од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, го спомена и претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски,...

Жестоки расправи и бавен напредок во ДИК, отфрлени четири приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Жестоки расправии помеѓу членовите на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ја обележија денешната седница на ДИК, на која од вкупно 43 поднесени приговори досега беа разгледани седум. Сите седум приговори, кои беа извлечени со жребување, беа од ВМРО-ДПМНЕ. Од нив Комисијата отфрли четири, а другите три приговори се сè уште во постапка. За разгледување остануваат уште 33...

ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ, друг предизвика жестока дискусија

Државната изборна комисија денеска едногласно го офрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој партијата бараше да се поништи гласањето на две избирачки места во Прилеп, поради тоа што копиите од записниците не одговарале на оригиналот. ВМРО-ДПМНЕ ги достави копиите со приговорот, а ДИК откако го провери ориганалот од општинската изборна комисија, заклучи дека копиите и оригиналите не се еднакви, но процени...

СДСМ во прв круг доби 38 градоначалнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – три, ДУИ – два

Државната изборна комисија на својата веб-страница ги објави конечните резултатите од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври, и мандатите на градоначалниците што ги освоиле градоначалничките места во првиот круг, од вкупно 80 општини во Македонија и Градот Скопје. Според резултатите, кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини, а таа партија го...

ДИК ќе расправа за забелешката од ОБСЕ/ОДИХР дека била нетранспарентна

Државната изборна комисија на седница ќе го разгледа извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори одржани во неделата, на 15 октомври, и потоа ќе даде свој став. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека практика на ДИК е да ги разгледува забелешките упатени за локалните избори, а потоа да излезе со свој став и со коментари. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР...

Досега нема приговори до ДИК, роковите истекуваат денеска

Во 19 часот денеска истекува рокот за поднесување приговори за процесот на гласањето до Државната изборна комисија (ДИК), а на полноќ ќе заврши и рокот за поднесување приговори за првичните резултати од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека досега ниту една политичка партија нема поднесено приговори. Рокот за поднесување приговори што се...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите минаа во согласност со меѓународните стандарди

Вчерашните избори минаа во согласност со меѓународните стандарди и продонесоа за зајакнување на довербата во демократскиот процес, заклучија меѓународните набљудувачи преводени од ОБСЕ/ОДИХР и од делегацијата од Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа. - Иако процесот сè уште не е завршен, на овие избори се виде напредок во демократскиот процес на оваа земја и довербата на гласачот...

ДИК: Излезноста на гласачите до 17 часот е 49,14 отсто

На третата прес-конференција во седиштето на Државната изборна комисија, портпаролката на Комисијата, Љупка Гугучевска, информираше дека излезноста на гласачите на нивно на цела Македонија до 17 часот е 49,14 отсто. На ниво на Град Скопје, пак, излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто. Во Аеродром одизивот на гласачите е 55,83 отсто, во Битола - 50,39 отсто, во...

ДИК: Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто

Државната изборна комисија на втората прес-конференција информираше дека на локалните избори излезноста до 13 часот е 27,11 отсто на ниво на цела Македонија. Излезноста на ниво на Град Скопје е 29,17 отсто. Во Аеродром излегле да гласаат 35,6 отсто од гласачите, во Битола - 28,85 отсто, во Бутел - 28,44 проценти, во Велес одзивот е 30,72 отсто, во Гази Баба -...

ДИК: Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,98 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите до 10 часот на територијата на Република Македонија изнесува 8,98 проценти. На 3.480 избирачки места гласањето е без поголеми неправилности, а портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, информираше дека на некои места имало доцнење од најмногу 30 минути поради отстранување пропаганден материјал. Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...