fbpx
Таг: Државна изборна комисија

таг: Државна изборна комисија

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има предност со 37,8 отсто од гласовите (197.741 гласови). Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 18,66 отсто од гласовите (97.592 гласови). Трет според досега обработените гласови е кандидатот на Европскиот фронт предводен од...

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник на избирачкото место број 2762 во скопската општина Кисела Вода каде Јордановска беше спречена во извршување на својата професионална новинарска работа. И покрај тоа...

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи. Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас. Од ДИК на прес-конференција изјавија дека засега изборниот...

Поднесени се 17 листи на пратеници за парламентарните избори

До Државната изборна комисија, заклучно со вчера на полноќ пристигнати се вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за изборите за пратеници во Собранието кои ќе се одржат на 8 мај годинава. Листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај, доставиле СДСМ (Kоалиција за европска иднина), ВМРО- ДПМНЕ (Коалиција Твоја Македонија), ЗНАМ, РОДИНА, АВАЈА, РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА, ТВОЈА ПАРТИЈА,...

Познат е редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Државната изборна комисија (ДИК) денеска преку жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори. Прв на листата ќе биде актуелниот претседател и кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Под реден број два е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Гордана Силјановска-Давкова. Трет е Стевчо Јакимовски како кандидат на ГРОМ, а четврт Бујар Османи...

Утре ждрепка во ДИК за редоследот на кандидатите за претседател

Државната изборна комисија (ДИК), утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во ДИК. „Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за изборите за претседател, со почеток во 13.30 часот во...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти денеска Државната изборна комисија. „Исклучок од ова е пријавувањето на гласачите во дијаспората. Поради технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до...

ДИК: Граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, увидот трае до понеделник

Заклучно со вчерашниот ден, четврток, 14 март, вкупно 4.859 лица извршиле увид на своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), информираа од таму. Притоа, барање за промена на податоците поднеле седум лица, 19 поднеле барање за запишување на своите податоци, а 5 лица поднеле барање за бришење на податоци од Избирачкиот...

На претседателските избори ќе може да се гласа со стар документ од јули 2023, а на парламентарните од август 2023

Државната изборна комисија известува дека согласно измените на Изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Овие податоци за граѓаните се доставуваат до ДИК од страна на МВР. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за...

ДИК секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за кандидатите за претседател

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. „Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК. Моментално, во подрачните...

Почна постапката за собирање потписи за листи за кандидат за претседател

Денеска започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, извести Државната изборна комисија (ДИК). Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на државата. Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08 до 20...

Двојните избори во мај ќе чинат 17 милиони евра, соопшти ДИК

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху. Над шест милиони евра ќе чини организирањето на изборите - со обезбедување доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за...

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список. Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното...

Хелсиншки: Владата и ДИК сториле дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварувањето на нивното право на глас, соопштија од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Судот утврдил дека дискриминацијата е сторена со непреземање на дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места, а со тоа го повредиле начелото...

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. На изборите...

Избори за градоначалници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, во Тетово за советници

Денес во општините Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се одржуваат нови избори за градоначалник бидејќи на претходните немаше потребна излезност за да се постигне цензус, а граѓаните на Тетово гласаат на вонредни избори за советници, откако во мај годинава Владата го разреши тетовскиот Совет. Гласањето започна на сите избирачки места во општините Тетово, Маврово - Ростуше и во Центар Жупа,...

До 13 часот во Дебар гласале 17.19 проценти од гласачите, прифатени се 8 приговори

На вториот изборен круг за градоначалник на општината Дебар од пристигнатите податоци од 49.49% од избирачки места, до 13 часот излезноста на гласачите изнесува 17.19%, соопшти Државната изборна комисија. На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19211 гласачи. До 13 часот поднесени се осум приговори за заштита на личното избирачко право. Сите осум приговори се прифатени. Изборните набљудувачи на ЦИВИЛ...

Вистиномер: Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

На фотографијата прикажана во постот е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо е испишано името на државната институција одговорна за спроведување на изборите, пишува „Вистиномер“ во анализата на една дезинформација. Текстот подолу го пренесуваме во...

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, втор круг во 44 општини

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори, што се одржа во неделата. Втор круг избори на 31 октомври, ќе има во 44 општини. Избрани градоначалници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се: Аеродром – Тимчо Муцунски Босилово – Ристо Манчев Бутел – Дарко Костовски Велес – Марко Колев Виница – Миле Петков Гази Баба – Бобан...

Ревизорите бараат да се запре исплатата на буџетски пари за изборната кампања на учесниците кои не ги откриваат донаторите

Дури 84 од 122 учесници во изборната кампања на локалните избори во земјава не доставиле Извештаи во законски пропишаниот рок или со законски пропишаната содржина до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Поради ова, ревизорите поднесоа предлог до Државната изборна комисија (ДИК) за запирање на исплатата на средствата од државниот буџет за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...