fbpx
Таг: државјанство

таг: државјанство

Во личните карти кај Македонците и кај Албанците нема различно државјанство

Во новите лични карти кои го содржат уставното име Северна Македонија, државјанството и за Македонците и за Албанците е „македонско/граѓанин на Северна Македонија“. Во новите лични карти на Албанците никаде не стои етничката припадност, односно националноста. Таков предлог постоел, но тој не бил усвоен. Очигледно е дека објавата намерно споделува лажни и манипулативни информации, со цел да побуди меѓуетничка...

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува...

Во иднина побрзо до германски пасош, усвоени нови законски измени

Во Германија луѓето кои немаат германско државјанство во иднина ќе можат побрзо да се натурализираат и притоа да го задржат својот странски пасош. Бундестагот ја усвои соодветната реформа на законот, јави германската агенција ДПА. Денеска за измените на законот за државјанство гласале 382 пратеници, против беа 234, а воздржани 23. Реформата првенствено беше поддржана од пратениците на владејачките партии, односно социјалдемократите...

Семејството на министерот за одбрана на Украина нема американско државјанство

Рустем Умеров, новиот министер за одбрана на Украина, не е поштеден од руската машинерија за дезинформации. На руски Телеграм канали кружеа лажни вести дека семејството на актуелниот министер за одбрана има американско државјанство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во деновите пред католичкиот Божиќ, на неколку руски групи на Телеграм се споделуваа лажни вести дека членовите...

Путин му даде руско државјанство на воениот злосторник Ратко Самац

Рускиот претседател Владимир Путин неделава го потпиша указот за доделување руско државјанство на поранешниот војник на босанските Срби Ратко Самац, кој е обвинет за воени злосторства во 1990-те години, пишува Политико. Ратко Самац, поранешен офицер во Југословенската народна армија, се бара во Босна и Херцеговина под обвинение за воени злосторства поврзани со протерувањето на несрпските цивили од босанскиот град Кључ...

Со Преспанскиот договор не е изгубен терминот Македонец

Со Преспанскиот договор не постои никаква националност „граѓани на Северна Македонија“, како што се тврди во објавата која ја анализираме. Државјанството е Македонско/граѓани на Северна Македонија, а националноста е Македонец. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на мрежата Фејсбук, која тврди дека со Преспанскиот договор не постои...

Се донесоа последните нужни законски измени за решавање на бездржавјанството

Собранието вчера ги донесе измените на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта, кои беа последниот нужен чекор за решавање на бездржавјанството. Во рамки на 125. пленарна седница беа донесени измените и дополнувањата на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и на Законот за личната карта. Од УНХЦР, Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации,...

Од денеска уверение за државјанство ќе може да се вади и во електронска форма

Македонските граѓани од денеска ќе можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни дека барањето за уверение за државјанство се поднесува во електронска форма, во лично име или за своето малолетно дете, а услугата е достапна на сајтот www.uslugi.gov.mk, во лични документи и исправи, државјанство. „Барање...

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, па може да излезе...

Спасовски: МВР е поврзано на Националната платформа за интероперабилност

Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според министерот, меѓу веб сервисите се: евиденција на промени на матичен број на...

Уверение за државјанство од 1 јануари ќе се издава и како е-документ, за пасош и лична карта ќе се закажува електронски

Од 1 јануари 2023 година граѓаните ќе можат Уверението за државјанство да го добијат и во форма на електронски документ на Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса, а истото може да се докаже и со податоци содржани во Националниот регистар на население. За ова денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и бугарско државјанство, додека 116 лица...

МРТ одлучи Гарванлиев да остане македонски претставник на Евросонг 2021

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија на 19 март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на годинешниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ. Одлуката за...

Вистиномер: Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци. Притоа, понуден е принтскрин како доказ за тврдењето, на германски јазик. Но, доколку проверите на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Постот пренесува напис...

Преводот на државјанството на албански е погрешен велат експертите

Правилната форма на државјанството напишано на личните документи на албански јазик треба да биде државјанство „на Македонија“ („E Maqedonisë”), а не како што се користи со години и како што се повторно се инсистира да се пишува - „Maqedonisë” (македонско). Ова е оценката на експертите за тоа колку се почитуваат стандардите на албанскиот јазик при преводот од македонски  на...

Од 2012 година 26.100 Македонци добиле бугарско државјанство

Во периодот од почетокот на 2012 година до средината на месецов, 26.108 Македонци добиле бугарско државјанство, со образложение дека имаат барем еден родител со бугарско потекло, јавува бугарскиот „ЕУскуп“. Со тоа, од вкупно над 60.000 нови бугарски државјани во тој период, Македонците се најголемата група, јавува веб-страница повикувајќи се на податоците од Комисијата за бугарско државјанство. Во наведениот период, биле одбиени...

ДИК: Избирачкиот список на јавен увид од утре, не се внесени 11.346 граѓани

Избирачкиот список од утре ќе биде ставен на јавен увид и во него има запишано 1.816.127 гласачи, а не се внесени 11.346 граѓани, беше соопштено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) на која се разгледуваше извештајот за утврдување на состојбата со избирачкиот список за негово ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври. Најголемиот број...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

Нацрт-стратегијата за бегалци денеска на седница на Комисијата за труд и социјала

Во Собранието денеска Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред ќе има јавна расправа за предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. Членовите на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана во саботата истакнале загриженост и од партијата сметаат дека Владата се подготвува да прифати...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе...

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...