fbpx
Таг: државјани

таг: државјани

МНР: Двајцата нашинци кои беа во Мароко за време на земјотресот се евакуирани во Мадрид

Министерството за надворешни работи (МНР), во врска со катастрофалниот земјотрес во Мароко, информира дека согласно ангажманот на амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. „Се очекува да си заминат во своите домови“, информира МНР. Во изминативе два дена нема нови пријавени...

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според еден извор, еден од уапсените повеќе...

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ПЦР тест за влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина во државата. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе трае сè до донесување на нова одлука на владата. „Владата на 75. седница донесе дополнување на Одлуката за мерки за...

Странските државјани ќе може непречено да транзитираат низ државата и максимум да се задржат пет часа

Владата на 66. седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на државата, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и...

МНР: Нема наши државјани заболени од корона вирусот

Согласно информациите добиени од нашето дипломатско-конзуларно претставништво ДКП во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. „Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош. Министерството за надворешни работи исто така...

Во Полошко полицијата привела 48 странски државјани со нелегален престој

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Таму биле затекнати осум женски лица, од кои пет од Република Албанија и три македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот ги забавувале гостите, приведени се...

Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

Стапи на сила забраната за американските државјани да патуваат во Северна Кореја. Властите соопштија дека граѓаните може да бараат исклучоци, но дека малку од нив ќе добијат. Забраната за патување во јули ја најави државниот секретар, Рекс Тилерсон, по смртта на американскиот студент Отоа Вармбир, осуден во Северна Кореја затоа што украл пропаганден плакат. Американците кои имаат оправдана причина да патуваат...

Државјаните од земјите што ги прекинаа односите со Катар, може да останат во таа држава

На државјаните на земјите што ги прекинаа односите со Катар, ќе им биде дозволено да останат во таа држава, јавуваат странските медиуми. „Доха нема да преземе никакви мерки против оние граѓани што потекнуваат од државите што ги прекинаа или ги ограничија дипломатските односи со Катар“, се вели во соопштението објавено во странските медиуми. Оваа одлука ќе влијае на повеќе од 11.000 лица кои потекнуваат од...

Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД. Одлуката била донесена врз основа на тужбата на американската Унија за граѓански...

Трамп потпиша указ со кој во САД се забранува влез на државјани од седум муслимански земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се забранува влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. При потпишувањето на указот, Трамп изјавил дека неговата администрација сака поригорозен надзор над бегалците и над посетителите од одредени земји за да се спречи терористички напад. Тој додаде дека САД сакаат да ги примат само тие...

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада. Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре. Ова барање на бугарската влада е и...

Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци. Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646). Како најголема економска сила во Европа, Германија има многу...

Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница. Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот на комбито успеал да избега,...

ДИК: Македонија има вкупно 2.464.266 државјани

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои извештајот за податоците од регистарот на државјани (лица со македонски пасош) на Министерството за внатрешни работи (МВР), според кој Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или, вкупно, 2.464.266 државјани. Инаку, ако денеска до полноќ, кога истекува последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија...

Груевски: На избори не гласаат адресите, гласаат државјани на Македонија

Гласачи на избори се сите лица што имаат државјанство, а не тие што живеат на онаа или оваа адреса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека СДСМ се обидува вештачки да создаде привид дека има некаков хаос и неправилности во избирачкиот список. Според Груевски, актуелниот избирачки список е истиот во последните 20, 30 и повеќе години и дека во Македонија...

Преполните станови открија зошто сме имале 1,8 милиони гласачи на 2 милиони народ

Со откривањето на преполните згради, станови, влезови и куќи со фантомски гласачи, стана јасно како беше можно во земја со 2 милиони жители да има 1,8 милиони гласачи на избирачкиот список. Енигмата ја „откри“ веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список, а пред тоа ја навести во анализата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој напиша дека Македонија има 2,4 милиони државјани. Граѓаните открија низа нерегуларности...

МВР вчера издало потврди на 179 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 179 мигранти. Според државјанството, потврди се издадени на 150 државјани на Сирија и на 29 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан. Од први јануари до вчера издадени се вкупно 88.823 потврди на мигранти. Во изминатото деноноќие...

Според пописот на Илија Димовски, Македонија има 2,4 милиони државјани

Македонија има 2,4 милиони жители, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во колумна за „Дневник“ насловена „Факти за Mакедонците од Пустец“. Тој својата теза ја поткрепува со податокот дека избирачкиот список се подготвува врз база на регистарот на државјани на Република Македонија, кој го води Министерството за внатрешни работи (МВР), а во него бројот на државјани на нашата држава...

Вчера МВР издало потврди на 1.817 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 1.817 мигранти. Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Авганистан, вкупно 641 лица, од Сирија се 826, а од Ирак – 350 лица. Од почетокот на годината до вчера биле издадени вкупно 74.690 потврди на странски...

Издадени 1.590 потврди на странски државјани

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а уште 137 се деца што патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...