fbpx
Таг: државен завод за статистика

таг: државен завод за статистика

Клуч на врата за 14 училишта во државата за само една година

Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта, паралелки и ученици, кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во учебната 2021/2022 година, во државата имало 976 училишта, а веќе следната учебна година, 2022/2023, оваа бројка е 962. Во основното образование лани имало 10.997 паралелки и...

Угостителските услуги во март поскапи за 6 отсто во однос на истиот месец лани

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на угостителските услуги минатиот месец, пак, во споредба со февруари 2024 година, биле зголемени за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна...

Македонија до 2070 година ќе биде тажна држава со старо население

Зголемени миграциски движења, низок ферилитет и напреднат процес на стареење на населението. Вакви се прогнозите во најновата, обемна, публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС), во која се направени проекции за бројот на населението во државава, според неколку различни сценарија. Во публикацијата се даваат загрижувачки податоци во однос на иднината на државата кога станува збор за демографските движења. Според анализата,...

Интернет имаат 88% од македонските домаќинства, најмногу го користат за видеоповици и допишување [инфографик]

Вкупно 88 отсто од македонските домаќинства имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2023 година. Видеоповици, учество во социјални мрежи и испраќање на инстант пораки, се активностите за кои интернетот во земјава бил користен најмногу. За десет години, бројот на домаќинства со пристап до интернет од дома се зголемил за...

Инфлацијата во септември се спушти на 6,6 отсто

Индексот на трошоците на животот во септември годинава, во однос на истиот месец во 2022 година, бележи зголемување од 6,6 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,7 отсто. Според податоците од Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на живот во септември е забележано кај свежото и разладеното оружје за 2,7 отсто, маслото и...

Угостителските услуги поскапи за 11 отсто во споредба со лани

Во првите осум месеци годинава, за разлика од истиот период лани, поскапени се речиси сите угостителски услуги, почнувајќи од предјадења, варива, јадења по порачка, безалкохолни и алкохолни пијалоци, покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика. Од ДЗС соопштуваат дека индексот на цените на угостителските услуги во август 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен...

Сè помалку се раѓаат бебиња, процентот намален за 9 отсто во споредба со лани [инфографик]

Природниот прираст во земјава и понатаму е негативен, а видно се намалува и бројот на живородени деца, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Според денешните објавени податоци, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 отсто. Бројот на умрените лица во второто тримесечје...

Просечната нето-плата во јуни во земјава достигнала 36.527 денари

Просечната нето-плата по вработен во земјава во јуни 2023 година изнесувала 36.527 денари и истата е за 14,6 отсто зголемена во споредба со идентичниот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,6 отсто), Информации и комуникации (17,9 отсто) и Образование (17,5...

Во земјава студираат 53.821 студент, за 4,2 отсто повеќе од лани [инфографик]

Вкупно 53.821 студент биле запишани во академската 2022/2023 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештаите, бројот на студенти во оваа академска година е поголем за 4,2 отсто во однос на запишаните студенти во претходната. Како што информираа од ДЗС, бројот на запишани студентки изнесува 30.969 или 57,7 отсто од...

За рекламирање на пописот биле потрошени седум милиони денари, а биле планирани два

Во текот на Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој се спроведе во 2021 година, склучени биле договори за набавка на лаптопи, без да се спроведе соодветна постапка за јавна набавка. Набавена била софтверска апликација за самопопишување без надомест и без притоа да се утврди дали е тоа спонзорство или донација. Освен тоа, за кампања за популаризација на пописот...

Лани изградени 3.844 станови – повеќе од половината се во Скопје, а третина во Аеродром

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика. Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени само 87 станови, од кои...

Бројот на дипломирани студенти се намалил за 3.5 отсто, две третини од нив учеле на државните универзитети

Вкупно 7.483 студенти минатата година завршиле додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува намалување за 3,5 отсто во споредба со 2021 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба меѓу факултетите, може да се заклучи дека најмногу студенти минатата година дипломирале на Економскиот факултет при приватниот Универзитет за туризам...

Основното образование губи по околу 1.000 ученици годишно

За само една учебна година, бројот на ученици во основното образование се намалил за 1.015, а бројот на средношколци за дури 1.798, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 184.910, што е намалување за 0.6 отсо во однос на претходната година, а во редовните...

Ни требаат речиси 50.000 денари месечно за преживување, трошоците за живот повисоки за 13 отсто

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според ССМ, над 19 илјади денари се потребни за храна и за пијалоци, и над 13 илјади денари за режиски трошоци. Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во однос...

Универзитетите бројат вкупно 3.166 наставници, најмногу има на факултетите за медицина

Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата. Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура - бројот на наставнички и соработнички изнесува 50,1 отсто, додека наставници и соработници...

Просечната нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесувала 33.720 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба со февруари минатата година, има зголемување на нето-платата по вработен за 13 отсто. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 %), информации и комуникации (18,5 %) и објекти за...

ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, што претставува намалување за 2 отсто во споредба со 2021 година. Најголем број од лицата, 31 отсто, докторирале во областа на здравството и социјалната заштита, потоа 17.8 проценти во бизнисот, администрацијата и правото, понатаму следат општествените науки, новинарството и информирањето со 10.2...

Цените во јануари за 17,1 отсто повисоки отколку пред една година, поскапени повеќе производи и услуги

Индексот на трошоците на животот во јануари годинава, во однос на истиот месец минатата, 2022 година, бележи зголемување од 17,1 отсто, додека индексот на цените на мало, исто така, е зголемен и тоа за 13,3 отсто, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Од друга страна, пораст на цените во изминатиот месец во споредба со декември 2022 година, е забележан кај...

Бројот на ученици опаѓа, се вработуваат сè повеќе наставници

Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици. Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото - под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во кое реалноста е ваква....

Инфлацијата во септември се искачи на 18,7 отсто

Индексот на трошоците на животот во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи зголемување од 18,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесувал...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...