fbpx
Таг: државен удар

таг: државен удар

Руската пропаганда повторно шири паника за наводен пуч во Украина

Во регионот повторно кружат гласини дека украинските специјални служби се незадоволни од новото раководство на украинската армија и „подготвуваат“ државен удар. Како и претходно, дезинформациите доаѓаат од руската државна агенција „РИА Новости“, но овојпат главен извор се говорни пораки на еден член од тајна Телеграм група. Автентичноста на снимените говорни пораки не може да се верификува, ниту пак, идентитетот...

Нигер го затвора воздушниот простор, истече рокот за враќање на претседателот

Водачите на државниот удар во Нигер го затворија воздушниот простор на земјата, наведувајќи ја како причина заканата од воена интервенција од соседните земји. Интернет-страницата за следење на летови „Flightradar24“ покажува дека во моментов нема авиони на небото над Нигер, пренесува Би-би-си. Групата земји од Западна Африка – Ековас, претходно предупреди дека може да употреби сила доколку претседателот Мохамед Базум не биде...

Најмалку 56 загинати цивили во борбата за превласт во Судан

Неочекуваните жестоки борби за превласт кои вчера го зафатија Судан досега предизвикаа смрт на 56 цивили, јавува Би-би-си. Во третата по големина африканска земја започнаа борби меѓу суданската војска и паравоените Сили за брза поддршка во однос на предложената транзиција кон цивилна власт во Судан. Жителите на главниот град Картум се разбудиле со истрели од огнено оружје, при што паравоените...

Манипулативна и нејасна објава со каша од дезинформации за актуелните меѓународни настани

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е манипулативен и ја дезинформира јавноста за ситуацијата во Иран и војната во Украина, со цел Америка да се прикаже како некое лошо дете кое ги тепа и казнува сите. Написот е хаотичен и не нуди никакви факти и докази за искажаните тврдењата, туку само нафрла чаршиски муабети, пишува „Вистиномер“...

Повеќе од милион луѓе во Истанбул на годишнината од обидот за пуч

Повеќе од еден милион Турци во Истанбул синоќа беа на гигантскиот собир наречен „Епопеја на победата за демократија“, со кој беше одбележана првата годишнина од обидот за државен удар, што се случи на 15 јули лани. Мостот над Босфор, наречен Мост на мачениците на 15 јули, кој е долг 1,5 километар, беше исполнет со луѓе, а според некои проценки, имало повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за убиените во обидот за државен удар во Турција

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочуство за сите што ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција, посочуваат од партијата во соопштение. „Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција. Република Турција и турскиот народ биле и остануваат...

Се апсат десетици лица во две турски министерства поради наводна поврзаност со Ѓулен

Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење на вработени во две турски министерства во рамките на истрагата за организацијата ФЕТО на проповедникот и опозиционер Фетулах Ѓулен, јави турската телевизија „Си-ен-ен Турк“. Наредби за апсење се издадени за 30 вработени во турското Министерство за образование и за 17 вработени од Министерството за транспорт, навигација и за комуникација. Осомничените лица се...

СДСМ: Народот е декларираното парламентарно мнозинство, а не Груевски и Милошоски

Антонијо Милошоски најмалку може да зборува од име на народот, затоа што тој додека ги убедувал граѓаните во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, знаел дека ги лаже и си барал спас во нотар, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на Милошоски. „Каков државен удар? Парламентарното мнозинство е власт во државата и ја презема одговорноста да ги носи одлуките за деблокада...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се обидоа да изведат државен удар во Собранието

Зоран Заев и „злосторничкото здружение околу него“ вчера се обидоа да изведат државен удар, да спречат дискусија во законодавниот дом и да ги замолкнат сите што говорат против тиранската платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него е избезумено. Ветуваа двојазичност, дебати за химната, грбот и за знамето. Ветуваа промена на банкнотите, двојазични...

Заев: Иванов изврши државен удар со одлуката да не го даде мандатот

„Ѓорге Иванов, со одлуката да не го даде мандатот за состав на влада, за што е обврзан со Уставот, изврши државен удар. Државата ја внесе во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не му го даде мандатот. Со оваа одлука, како што рече Заев, тој прави уставно-државна...

„Цивил“: Иванов уште еднаш го прегази Уставот и го охрабри насилството

„Ѓорге Иванов, човекот кој на власт дојде преку изборна измама организирана од партијата во заминување од власт, и кој, според релевантни правни експерти, го прекрши Уставот на Македонија повеќепати досега, денеска уште еднаш го стори тоа“, се вели во реакцијата на невладината организација „Цивил“, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран...

Во Туруција уапсен директорот на весникот „Џумхуриет“

Турската полиција го приведе директорот на опозицискиот весник „Џумхуриет“ на истанбулскиот аеродром, една недела по апсењето на девет уредници и новинари. Правосудните власти им одредиле притвор на главниот уредник и на неговиот помошник за време на судењето на кое се обвинети дека го поддржувале обидот за државен удар, извршен на 15 јули. Директорот Акин Аталај е приведен на аеродромот „Ататурк“ по...

Издадени налози за апсење на 189 судии и обвинители во Турција

Турските власти издадоа налог за апсење на 189 судии и обвинители во земјата во рамки на истрагата за неуспешниот државен удар од 15 јули, јавуваат турските медиуми. Лицата се обвинети за користење на апликацијата „бајлок“, која, како што наведуваат властите, била средство за комуникација на пучистите. Меѓу осомничените се претставници на министерството за правда, судии на Касациониот суд и на Државниот свет....

Најмасовниот собир по обидот за пуч најавен за денеска во Истанбул

Стотици илјади луѓе се очекува да излезат во Истанбул, каде за денеска е најавен најмасовниот собир на граѓани по неуспешниот обид за државен удар во Турција, минатиот месец, јавуваат светските агенции. Собирот се очекува да биде последен по демонстрациите што изминативе три недели секојдневно се одржуваат во Турција. Приврзаниците на Партијата на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп...

Ердоган обвини американски генерал дека е на страната на пучистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше забалешките на американскиот генерал Џосеф Вотел околу неуспешниот обид за државен удар и го обвини генералот „дека е на страната на заговорниците“, јавуваат светските медиуми. Генералот Вотел, кој е на чело на Централната команда на вооружените сили на САД, вчера изјави дека затворањето на некои воени лидери може негативно да влијае на...

ЗНМ се солидаризира со новинарите и со медиумите во Турција

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и на Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција, соопштија денеска од ЗНМ. Од здружението денеска, исто така, упатиле писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Умур Шелендир, во кое ЗНМ изразува длабока загриженост за...

Во Турција затворени стотина медиуми

Турските власти затворија 130 медиумски куќи, вклучувајќи три новински агенции, 16 телевизиски станици, 23 радио-станици и 45 дневни весници. Во војската отпуштени се вкупно 726 официри и 1.684 војници, а двајца турски генерали од висок ранг поднесоа оставка. Двајцата турски генерали од висок ранг денеска поднесоа оставка по масовното отпуштање во војската, јавува „Си-ен-ен Турк“. Како што се наведува, станува збор за...

Одложена процедурата за азил за турските војници во Грција

Грчката служба за азил ги одложи за неколку недели интервјуата за азил за осумте турски војници што избегаа од Турција и слетаа во Александруполи по воениот удар против турскиот претседател. Денеска, пред службата се појавија првите двајца војници што требаше да имаат интервју и во придружба на адвокат побараа одложување за подобро да ги подготват своите искази за интервјуто за азил....

Издадени налози за апсење на 42 новинари во Турција

Турските власти издале налози за апсење на 42 новинари, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации на турската приватна телевизија НТВ. Според информациите, станува збор за последен случај на апсења по неуспешниот обид за државен удар во земјата пред десет дена. На листата на новинари за кои се издадени налози за апсење, според НТВ, се наоѓа и името на познатата коментаторка...

Грчкото воздухопловство тврди дека никој не го следел авионот на Ердоган

Според извори од грчкото воено воздухопловство, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не го прогонувале воени авиони за време на обидот за државен удар минатата недела. Ердоган тврдеше дека „избегнал смрт за само неколку минути“, откако, наводно, неговиот авион го пресретнале воени авиони „ф-16“ кои биле под контрола на пучистите. Во турските медиуми објавени се приказни дека пилотот на авионот на Ердоган...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...