fbpx
Таг: Државен испитен центар

таг: Државен испитен центар

Стопирани подготовките за сите тестирања и матурата, вработените во ДИЦ бараат за 8.000 денари повисоки плати

Дваесет и тројцата вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе 11 дена се во штрајк и не ги извршуваат нивните работни обврски. Тие бараат повисоки плати, но засега нема никакви најави дека Минстерството за финансии ќе им излезе во пресрет. „Сите процеси што ги води ДИЦ се стопирани, односно тоа се приправничките испити за наставници, потоа, сите меѓународни тестирања кои...

Вработените во Државниот испитен центар повторно ќе штрајкуваат

Синдикатот на вработени од Државниот испитен центар (ДИЦ) одлучи да го продолжи генералниот штрајк кој беше ставен во мирување во мај оваа година, информираат од синдикалната организација во ДИЦ. „Вработените во ДИЦ излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со надчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите процеси и активности во надлежност...

Учениците полагаат меѓународни тестови на лаптопи што ги разнесува Државниот испитен центар

Меѓународните тестови кои се полагаат на светско ниво од страна на нашите ученици, како што се ПИРЛС, ТИМСС и ПИСА, се решаваат на лаптопи кои во училиштата им ги носат вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ), бидејќи мнозинството училишта во државата немаат компјутерска опрема. Сите организации кои ги организираат овие обемни меѓународни тестирања, во кои учествуваат десетици земји, инсистираат...

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, апелиравме да се почитуваат правилата

Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува откако повеќе медиуми денеска објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. „Должност и обврска на ДИЦ е да ја спроведе матурата...

Матурантите денеска полагаат англиски јазик и математика, надлежните предупредуваат да не се препишува

Вкупно 13.922 матуранти во земјава денеска полагаат англиски јазик, како задолжителен предмет од полагањето државна матура. Многу помал е бројот на кандидати кои се пријавиле за полагање на останатите странски јазици, а математика избрале да полагаат 1.397 ученици. Деновиве меѓу учениците и професорите, се споделува допис испратен од Државниот испитен центар (ДИЦ), во кој пишува дека тестаторите мораат да ја...

Сојуз на средношколци: Државата има законска обврска да ја спроведе државната матура во предвидениот рок

Одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука македонската држава е должна истата да ја спроведе во законски предвидениот рок, реагира Сојузот на средношколци откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера најавија дека ќе продолжат со штрајкот, со што одржувањето на матурата во предвидениот рок се доведе до прашање. Средношколскиот сојуз вели дека правото на штрајк е уставно...

Поради штрајкот во ДИЦ, полагањето на државната матура доведено под знак прашање

Продолжува штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), институцијата која е единствената одговорна за организација и реализација на државната матура. Ваквата одлука штрајкувачите ја донеле откако вчера имале неуспешни преговори во Владата со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и откако не постигнале договор за да добијат повисоки плати. Штрајкот трае веќе трета недела. „Вие медиумите, матурантите и дел...

Матурските тестови не се испечатени, нема да се стаса за полагањето на 27 мај

Се бараат нови датуми за полагање државна матура. Штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар, го одложува полагањето на првиот екстерен испит по мајчин јазик, кој согласно календарот за матура, треба да се случи на 27 мај. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во ДИЦ, неуспешно...

Без положена матура, нема упис ниту на македонски ниту на странски универзитет

Државната матура е услов за упис на универзитет и во земјава, но и на странски универзитети. Тоа што процесот е во застој и организацијата на испитот на зрелоста е стопирана, ги загрижува матурантите кои планираат своето високо обазование да го продолжат надвор од земјата каде што уписите главно се организираат во јуни. Доколку нема државна матура, матурантите нема да...

Прекинато тестирањето за ТИМСС поради штрајкот во Државниот испитен центар

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го прекина меѓународното истражување ТИМСС, во кое требаше да учествуваат вкупно 4.500 ученици од Македонија. Овој процес, во кој требаше да се види какви се знаењата на нашите ученици по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, е врзан со рокови и мора да се реализира до...

Вработени во Државниот испитен центар се закануваат дека ќе нема државна матура ако не им се покачат платите

Вработени во Државниот испитен центар, кои се членови на Синдикалната организација, денеска најавија стопирање на сите процеси кои ги работат, вклучително и подготовките за претстојната државна матура. Во изјава за медиумите пред просториите на ДИЦ, Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во Државен испитен центар, кажа дека се обратиле за решение на проблемот во Министерството за финансии,...

ДИЦ: Комисиите што ги прават тестовите за матура ги имаат предвид случувањата со дојавите

Членовите на испитните комисии, кои ги прават прашањата односно испитниот материјал за екстерните предмети во рамки на државната матура, ги имаат предвид случувањата во училиштата во изминатиот период. Ова е одговорот што го добивме од Државниот испитен центар на прашањето, дали ќе се крати од материјалот за учење поради изгубената настава што ја предизвикаа лажните дојави за бомби, кои...

Во април околу 4.500 ученици за прв пат електронски ќе бидат тестирани за ТИМСС

Во април и во мај, околу 4.500 ученици од Македонија годинава за прв пат електронски ќе бидат тестирани за да се види какви им се знаењата по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, информираат за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународната студија по математика...

Павиќевиќ: Дојавите за бомби нарушија дури 10 наставни недели од првото полугодие

Вкупно 10 работни недели од првото полугодие биле нарушени поради лажните дојави за поставени бомби, а повеќето училишта не ги надоместија пропуштените часови и не го поминаа материјалот. Ова вчера го утврдиле делегатите на генералното собрание на Сојузот на средношколци. Како што вели претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, покрај лажните дојави и пропуштената настава, тие разговарале и за престојното...

Дојавите за бомби можно е да го скратат материјалот за учење, матура ќе се полага на 27 мај

Државниот испитен центар (ДИЦ) објави дека испитот на зрелоста годинава матурантите ќе го полагаат на 27 мај и на 10 јуни. Она што останува во моментов отворено како прашање, е дали надлежните ќе го скратат материјалот за учење поради часовите што учениците ги изгубија заради лажните дојави, но и заради продолжениот распуст. Иако министерот за образование и наука Јетон...

Утре на пладне ќе се објават резултатите од матурскиот испит, успехот подобар од лани

Утре во средните училишта низ државата ќе бидат објавени прелиминарните резултати од полагањето на државната матура, информираат во Државниот испитен центар. Оттаму велат дека резултатите годинава се подобри од оние од минатата година, иако критериумите годинава беа построги, односно прагот на освоени минимум поени е повисок. „Во вторникот се состанаа членовите на државниот матурски одбор. На предлог на оценувачите беше...

Започна државното тестирање, се проверува колку учениците се функционално писмени

Во 79 училишта на македонски и на албански наставен јазик, денеска започна државното тестирање на основците, кое за прв пат се организира во нашата земја. Годинава државен тест полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат само третоодделенците, в година – и третоодделенците и петтоодделенците, а потоа ќе бидат приклучени и деветтоодделенците. Како што информираат...

„Младите размислуваат“, нов проект за зајакнување на медиумската писменост кај учениците

Државниот испитен центар (ДИЦ) денес потпиша Меморандум за разбирање и соработка со проектот на УСАИД за зајакнување на медиумската писменост кај младите, „Младите размислуваат“. „Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи да се зајакне соработката меѓу Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и ДИЦ во процесот на следење на вештините на учениците во основните и средните училишта во областа...

Сѐ е подготвено за првото државно тестирање во училиштата на 1 јуни

Околу 4.200 ученици во државата, на 1 јуни за прв пат ќе полагаат државни тестови, кои се дел од државното тестирање кое го спроведуваат образовните власти. Процесот го организира и реализира Државниот испитен центар (ДИЦ). Годинава, државен тест ќе полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат третоодделенците, в година - петтоодделенците, а...

Како ќе се полага државната матура погледнете во новата епизода на „Шорткат“

За државна матура, која е услов за упис на факултет, годинава се пријавиле безмалку 16.000 ученици. На испитите што претстојат нема да бидат опфатени материјалите што не им беа предадени на учениците поради штрајкот на наставниците. За тоа што ги очекува учениците во завршна година во новата епизода на „Шорткат“ зборува Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар. Во 38-то...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...