fbpx
Таг: Државен инспекторат за животна средина

таг: Државен инспекторат за животна средина

Екоцидот и официјално е ново кривично дело, правниците сметаат дека тешко ќе се докажува

Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од најмалку десет години до...

Инспекторите за животна средина си даваат откази, дозвола за нови вработувања нема

Уште еден водостопански инспектор си заминал од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но оваа институција и понатаму не добива зелено светло за да вработува нови. Директорот Сретен Стојковски денеска информираше дека ДИЖС има и помал буџет за оваа година, па ќе пропаднат и плановите да се набават и две теренски возила. Државниот инспекторат во моментов има 29 вработени, од...

Воздухот сѐ повеќе загаден, инспектори за животна средина сѐ помалку

Правилникот за цврсти горива да се извади од фиока и да се усвои, бидејќи со него ќе треба да се регулира какви дрва и пелети горат домаќинствата и фирмите, апелираше денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тој информира дека во првите неколку денови од годинава најголемите индустриски капацитети кои ги контролира Инспекторатот не работат или се...

Отпадот од Орман е опасен и содржи 10 проценти олово, поднесени се кривични и прекршочни пријави

Опасен отпад што содржи 10 проценти олово, но и бакар, кадмиум и други тешки метали е троската што беше складирана на плац во селото Орман во Ѓорче Петров, покажуваат лабораториските анализи што ги направи Државниот инспекторат за животна средина. За сите инволвирани во случајот досега се напишани една кривична и една прекршочна пријава, но во тек се уште неколку...

Дроновите во светот разнесуваат храна и фрлаат бомби, кај нас не можат да ловат ниту загадувачи

Дроновите денес берат јаболки по плантажи наместо луѓе, испорачуваат храна, фрлаат бомби во Украина и ги откриваат позициите на непријателот, вршат најразновидни типови на мониторинг од воздух и имаат многу други функции во различни краеви од светот. Во Македонија пред повеќе од пет години од властите беше ветено дека дроновите од воздух ќе ги ловат несовесните граѓани кои фрлаат...

ЈП Дрисла одбива да го потпише записникот за загадувањето на Маркова река

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против ЈП Дрисла Скопје и против управителот пред Основниот кривичен суд во Скопје, затоа што од претпријатието одбиваат да го потпишат Записникот за спогодба, по извршениот вонреден надзор, информираа од Владата. Инаку, ЈП Дрисла Скопје се соочува со казна од 110 илјади до 120 илјади евра,...

Мечка и две мали мечиња убиени и фрлени на ѓубриште во Жировница

Мечка со две мали мечиња се убиени и фрлени на депонија на влезот во селото Жировница. Ги откриле ренџерите на Националниот парк „Маврово“, по што била информирана и полицијата. Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски денеска информираше дека на терен излегле и нивните инспектори за природа кои направиле вонреден надзор и записник. „Утрово пред влезот на селото...

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС не влијае на квалитетот на воздухот

Нема испарувања и зголемени концентрации на линдан во населените места околу ОХИС. Мерењата на параметрите во воздухот на четири локации, од кои две се во населбите околу кругот на фабриката, покажуваат дека ископувањата на опасниот отпад од малата депонија нема влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето. Според податоците од Државниот инспекторат за животна средина, во некогашната хемиска фабрика...

Водата во Рашче е чиста, тврди Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор

Нема загадување на водата за пиење во водснабдителниот систем Рашче што го снабдува со чиста вода градот Скопје, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во вонредниот надзор што бил направен вчера, инспекторите за животна средина констатирале дека нема никакво загадување на водата за пиење со загадувачки материи и информираат дека изворот Рашче граѓаните на Скопје ги снабдува преку затворен...

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски вели дека денеска на директорката...

Инспекторатот за животна средина ќе се дигитализира, предметите за загадувачите ќе бидат на увид на јавноста

Државниот инспекторат за животна средина ќе се дигитализира до крајот на годината, а сите извештаи за извршените контроли кај загадувачите и доделените казни ќе бидат достапни на јавноста. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски, денеска на прес конференција најави дека со проектот Е-инспектор, освен трансперентност и увид на јавноста, ќе им се овозможи на инспекторите на безбеден начин да ги...

Инспекторатот за животна средина на мака: Работат 29 луѓе, а треба да има 53

Од тројца нововработени инспектори во Државниот инспекторат за животна средина минатата година, еден воопшто не се појавил на работа. Добил веднаш отказ, а другите двајца продолжиле на обука за да добијат лиценца за работа. Малерите за институцијата која хронично кубури со кадар не завршуваат тука, бидејќи оваа година нема да имаат можност за нови вработувања. Во оваа институција во моментов...

Градските власти денеска ја поднесоа најавената кривична пријава против „Титан Усје“

Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице - Борис Хрисафов, соопштија градските власти. Тој, како што велат оттаму, како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се...

Инспекторатот за животна средина ѝ даде задолжение на „Усје“ да користи гас за греење во котларата

По извршените мерења на емисијата на гасови и прашина од оџаците на печките, котларата за парно греење и амбиентниот воздух во кругот на цементарницата „Усје“, при што било утврдено надминување на граничните вредности на азотни оксиди кај котларата за парно греење која користи мазут, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ѝ даде неколку задолженија и рок за извршување на...

Топланите во Скопје можат да користат мазут само ако нема гас и тоа најдолго десет дена

Еколошките дозволи кои ги имаат топланите „Запад“ и „Исток“ дозволуваат да користат мазут само десет дена во случај ако немаат гас и тоа е состојбата што во моментов инспекторите на Државниот иснпскторат за животна средина можат да ја дозволат. Што се однесува до топланата „Скопје Север“, одлуките за нејзината работа ги носи Градот Скопје, информираше денеска директорот Сретен Стојковски...

Инвестициите во животна средина на 62,7 отсто реализација, загадувачот не секогаш плаќа за хаваријата

Државната програма за инвестирање во животната средина за периодот 2019-2021 година има реализација од 62,7 отсто, а средствата од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата. Само 37 отсто од општините имаат приходи по основ на надоместоци за управување со отпад. Ова...

Инспекторатот за животна средина вработува тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа

Тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа ќе бидат вработени во Државниот инспакторат за животна средина. Двајцата водостопански инспектори ќе имаат седиште во Скопје, но ќе работат во источниот и западниот регион. Инспекторот за природа, пак, ќе биде лоциран во Охрид. Со трите нови вработувања, бројот на активни инспектори во оваа институција, која треба да се бори...

Инспекторите за животна средина се селат во странство, директорот Стојковски бара да му одобрат нови вработувања

Само 21 инспектор има Државниот инспекторат за животна средина, иако според систематизацијата треба да има 53 вработени. Тоа е една од причините што во првите шест месеци од годината редовните инспекциски надзори се намалени за 47, во однос на претходниот шестмесечен период. До крајот на годината Инспекторатот треба да вработи тројца нови инспектори, двајца водостопански и еден за природа, кои...

По објавата на „Мета.мк“, инспектори појдоа на депонијата со отпаден гипс кај Згрополци

Нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од измет на кози и овци на пристапниот пат до депонијата. Ова се само дел од податоците наведени во Записникот за извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат...

Труењето на диви животни досега истреби два вида мршојадци, институциите мора да почнат да казнуваат

Труењето на диви животни е специфично кривично дело, а во тие случаи сите институции мора да постапуваат по утврдени протоколи. Со оглед на тоа дека во земјава постои малку искуство за постапување во вакви ситуации, протоколите се клучни доколку целиме кон ефективно процесирање на овие случаи, но и расчистување и намалување на многу честите инциденти во кои незаконски се...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...