fbpx
Таг: држава

таг: држава

Костовски: Со исплатата на субвенциите паднаа во вода манипулациите на СДС

„Од денеска, со исполнувањето на законската можност, почна и исплатата на субвенциите во земјоделството“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека помагањето на земјоделството и на земјоделците секогаш било и ќе остане фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. „Земјоделците добија повеќе од една милијарда евра субвенции додека ВМРО во изминативе 10 години го имаше мнозинството и одлучуваше околу земјоделската политика,...

Коѕиас: Никој не може да ја притисне Грција да отстапи од ставот во спорот за името

Јасна порака дека Грција ја поддржува стабилноста во Македонија, но нема да отстапи од своите барања во спорот за името под никакви меѓународни притисоци, испрати шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за грчкиот весник „Риал њуз“. Говорејќи за ситуацијата во Македонија и за информациите дека грчката дипломатија се подготвува за нови силни притисоци од меѓународната заедница за решавање на спорот...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се огради од провокациите на Груевски

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се надминати и истрошени политичари, кои се грижат само за своите криминални интереси, немаат што ново да им понудат на граѓаните и затоа лажат, користат манипулации, говор на омраза, поттикнуваат насилство“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека „ниту ќе има штети по употребата на македонскиот...

СДСМ: Новата влада се обврзува дека ќе ја почитува слободата на медиумите

„Македонија ќе биде земја на слободни, професионални и независни новинари и медиуми, како што доликува на една современа европска демократска држава, во каква што ќе ја претвориме заедно нашата земја“, се вели во соопштението на СДСМ по повод Денот на слободата на медиумите. Во него се додава дека „СДСМ се придружува на ставот на ЕУ дека слободното изразување и известување на медиумите...

Заев – Тимоние: Потребно е да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Од СДСМ информираат дека двајцата соговорници констатирале дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија. На средбата било оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските процеси за квалитетен живот на сите...

ВМРО-ДПМНЕ презентираше „Манифест за единствена Македонија“

Членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски, денеска презентираа манифест за единствена Република Македонија, во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Во документот се претставува „визијата“ на партијата за државата, која, како што се вели, „претставува единствена матична земја на Македонците, каде обединети живеат со сите граѓани кои се дел од албанскиот народ, турскиот...

Кривични пријави за бугарски државјанки кои краделе во трговски центри во Скопје

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство против едно лице на возраст од 17 години, Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), бугарски државјанки, поради постоење основан сомнеж дека извршиле три кражби, при што стекнале противправна имотна корист од околу 135.000 денари, информираат од МВР. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. и Р.Д.Г. одредена им е...

СДСМ: Груевски може да бега од државата, но не може да избега од реалноста

„Првата работа која пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направат на денешната седница е да им објаснат на граѓаните зошто Никола Груевски не е во Собранието и ја напушти државата,“ се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „со денешното бегство од Македонија, Никола Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено...

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури

Мора да се одблокираат парламентарните процедури и во согласност со деловникот што побргу да се избере претседател на Собранието, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги осуди партизаните и борците од АСНОМ за нивната борба

„Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година. Ова е точка од платформата преку која СДСМ сака да ги осуди борците од АСНОМ и партизаните за нивната борба за слободна држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „граѓаните не се должни да...

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. - 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин. Тој им се...

Димитриев: Новата влада треба да се грижи за интересот на народот и за нивните проблеми

На државен план, годината што изминува ќе остане запаметена по неколку работи од кои треба да извлечеме поуки, истакна во своето новогодишно обраќање техничкиот премиер, Емил Димитриев. Тој во честитката упатена до граѓаните потсети и на предвремените парламентарни избори. - Владата за спроведување на изборите која ја предводев, иако функционираше во специфични и невообичаени околности и се соочуваше со многу проблеми...

Заев – Пломп: Граѓаните се одлучија за влада посветена на реформи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, извесуваат од партијата. - Мнозинството граѓани во Македонија, повеќе од 600.000 луѓе избраа промени. Промените веќе се случија и никој не може да ги запре - изјавил Заев. На средбата била нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите кои ѝ се најмалку потребни на...

И покрај пресудата, Лагард ќе остане на чело на ММФ

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи денеска дека Кристин Лагард останува на чело на таа финансиска институција, иако вчера беше прогласена за виновна поради невнимание во периодот додека сè уште била министерка за финансии на Франција. ММФ соопшти дека извршниот одбор ги разгледал сите релевантни фактори, а меѓу другото и „нејзиното извонредно водење на ММФ, но и угледот и...

Груевски се надева дека изборите ќе завршат фер и демократски

„Денеска е денот кога граѓаните ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа и какви политики ќе се водат“, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата за подобра Македонија во четвртата изборна единица, по гласањето во ОУ...

Груевски: Со 63 пратеници нема да дозволиме дестабилизација на државата

СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз од овој народ, кој гласот ќе го даде за тие што отворија повеќе од 160.000 работни места, тие што создадоа најдобра бизнис-клима и за тие што направија држава со најниски даноци во светот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во општина Бутел. - Народот нема да дозволи двојазичност,...

По референдумот во Италија, еврото изгуби од својата вредност во однос на доларот

Еврото изгуби од вредноста во однос на доларот и падна на 1,055 од 1,0625 долари, по првите анкети кои покажаа дека Италијаните на референдум ги отфрлија уставните промени на премиерот Матео Ренци, јавуваат светските медиуми. Финансиските пазари реагираа на референдумот, а губењето на вредноста на еврото е последица на таквата реакција. Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот на референдумот и...

Пропаднаа преговорите за обединување на Кипар

Преговорите меѓу кипарските Грци и Турци за обединување на островот не успеаја, соопштија официјални претставници на Обединетите нациии, пренесуваат светските медиуми. Разговорите беа водени под покровителство на ОН во Швајцарија, а лидерите Никос Анастасијадес и Мустафа Акинџи по два дена преговори не успеаја да се договорат. - И покрај најдобрите намери, тие не беа во состојба да ги усогласат критериумите за територијалната...

Ново задолжување од 61,3 милиони евра кај домашните банки

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години. Врз основа на доспеани обврски, утре државата треба да врати...

Наумов – Георгиева: Државата навреме да ги исполнува обврските кон приватниот сектор

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се сретна со извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева. На средбата зборувале за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се во рамки на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа. - Беше истакната неопходноста од навремено исплаќање на обврските...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...