fbpx
Таг: дрвокрадци

таг: дрвокрадци

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални шуми. Во првото полугодие од...

Бесправната сеча на дрвјата цвета, дрвокрадците тешко стигнуваат до казни за кривичните дела [инфографик]

Живеат во една општина, но со дрвокрадство се занимаваат на територијата на друго населено место, оперираат во групи од 10 до 30 луѓе кои имаат ниски социјални стандарди, дејствуваат со возила „Лада Нива“ и камионети „ТАМ“, вооружени се и агресивни и добро организирани меѓу себе. Ова се најчестите карактеристики на дрвокрадците коишто ги пустошат шумите во земјава. Главен мотив...

Дрвокрадци фатени на дело на планината Беласица

Полицијата пронајде бесправно исечени огревни дрва на неколку различни локации на планината Беласица. Вчера службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што ги запреле Ф.М. (29) од село Банско и Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко. Ф.М. возел товарно возило „застава“...

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но треба да се земе...

Дрвокрадците лани украле 26.000 кубни метри шума, шумската полиција и инспекторите кубурат со вработени

Македонските шуми се во постојан ризик, не само заради шумските пожари и бесправната сеча и злоупотреба на дрвото како огрев, но и заради недоволниот број на шумари, инспектори и шумска полиција кои треба да се грижат за нивната безбедност. Според податоците од јавното претпријатие „Македонски шуми“, објавени на денешната панел дискусија „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“,...

Дрвокрадци ја пустошат Шар Планина

Над селото Јелошник на Шар Планина, кое припаѓа под Општина Теарце, извршена е нелегална сеча на голема шумска површина. Жителите од планинските села велат дека од година во година дрвокрадството на Шара зема сè поголем замав. - Ја пустошат шумата дрвокрадците, ова е многу жално се краде нонстоп. Сè е организирано, имаат дрвокрадците отворено пристапни патишта за да го транспортираат...

Дрвокрадци од Албанија пустошеле шума два километри во македонска територија

Вработени на Националниот парк „Галичица“ во координирана акција со Граничната полиција и со Шумската полиција, при контрола на делот каде се најчести кражбите на дрва во паркот, на границата со Република Албанија кај Свети Наум, затекнале двајца дрвокрадци од Албанија кои пустошеле шума два километри длабоко во македонска територија. – При оваа акција, бил фатен албански државјанин кој ја преминал...

Дрвокрадци претепале шумар и со моторна пила нападнале шумски полицаец

Охриѓаните И.Б. (26) и Р.Ф.(23), откако биле фатени како крадат дрва, со моторна пила нападнале шумски полицаец, а пред тоа физички се пресметале и со шумар, вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Поради основан сомнеж дека извршиле напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, СВР од Охрид и на двајцата им поднесе кривична пријава. Настанот се случил кај...

Нападната шумската полиција во Прилеп

Синоќа, околу 18 часот, во ромската населба Тризла во Прилеп, нападнати биле припадници на шумската полиција. Настанот се случил во близина на џамијата во изградба. Еден од припадниците на шумската полиција е со потешки повреди, фрактура на черепот, а другите тројца се со полесни повреди по телото. Дрвокрадците успеале да го демолираат и возилото на шумската полиција.  

Претепан и ограбен чувар на ЈП „Исар“

Педесет и тригодишен штипјанец, чувар на бунарите на ЈП „Исар“, бил пренесен на скопските клиники со повреди на главата откако бил нападнат од две лица во обид да сечат дрва во близина на бунарите. Според полицијата, чуварот бил нападнат вчеравечер, околу 17 часот, кога напаѓачите со тупаници му нанеле тешки повреди во пределот на главата. При тоа, му биле одземени и...

Жител на Џепчиште осомничен за кражба на дрва

Триесет и шестгодишен жител на тетвоското село Џепчиште заработил кривична пријава, откако со трактор натоварен со дрва за огрев, завчера ù побегнал на полициската патрола, која се обидела да го запре и да изврши контрола на товарот. Против С.М. е поднесена пријава за кражба, а двајца негови соселани се товарат за спречување на службено лице во вршење на службено дејство. Како...

Албански државјанин крадел огревни дрва во Струшко

Патрола на струшката полиција вчера привела албански државјанин додека товарал дрва за огрев во околината на селото Дренок. Станува збор за Ч.А.(30) од Либраж, Албанија, кој еднаш веќе бил фатен како илегално престојува во земјава и му била изречена забрана за влез до август 2017 година. Како што информираат од струшката полиција, дрвокрадецот и сега влегол илегално во земјава, преку див премин...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...