Инспекторатот со дрон го снимал и следел дивото фрлање и палење отпад


Скопје, 1 февруари, 2018 - 11:23 (META) 

На подрачјето на Скопје состојбата со загадениот воздух е веќе под прагот на алармирање, извести Државниот инспекторат за животна средина на својата Фејсбук страница, повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот од 31 јануари.

„Се прекинува епизодата за надминување на прагот за алармирање за две мерни места во Скопје Лисиче и Ректорат за два последователни дена, бидејќи концентрациите за PM10 се под дефинираниот праг согласно легислативата“, соопшти Инспекторатот.

Оваа институција вчера вршела набљудување со изнајмен дрон над местата од кои може да се создава загадување на воздухот и откривање на прекршителите.


Можни се воздушни напади на САД на позиции на Исламска држава на Филипини


Вашингтон, 8 август, 2017 - 13:09 (META) 

Пентагон разгледува план со кој на американската војска би ѝ се дало зелено светло да изврши воздушни напади на позициите на терористичката организација Исламска држава на Филипини, јави „Ен-би-си њуз“, повикувајќи се на двајца неименувани високи функциониери на одбраната.

Планот би можел да биде презентиран денеска, а како што се наведува, нападите би биле изведени со беспилотни летала.

Позициите на екстремистите на Исламска држава на Филипини се закана за сојузниците на САД во регионот,


СДСМ ги обвини Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за провокациите со дронот во Чаир


Скопје, 24 април, 2017 - 17:05 (META) 

Ги осудуваме сите провокации што имаат цел да поттикнат меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се направени, вклучително и инцидентот со дрон на фудбалски натпревар во Чаир, соопштија денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од партијата ги повикуваат граѓаните да не потпаѓаат на насилните и потпалувачки сценарија на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во нив единствено гледаат обид за спас од одговорност за направениот криминал.

„Граѓаните на Република Македонија на 11 декември покажаа дека се за единство и за заеднички живот и дека ги отфрлаат насилството и конфликтите што ги поттикнува Груевски. Граѓаните и декларираното парламентарно мнозинство нема да дозволат никоj да си игра со мирот и со стабилноста на Република Македонија. Македонија ќе добие нов собраниски претседател и нова реформска влада, а сите што работеле спротивно на законот, ќе одговараат“, стои во соопштението на СДСМ.


Соборен неидентификуван дрон над Техеран


Техеран, 16 јануари, 2017 - 15:57 (META) 

Иранската противвоздушната одбрана соборила неидентификувано беспилотно летало над Техеран, јавија локалните медиуми.

Граѓаните на главниот ирански град слушнале силна стрелба на единиците за противвоздушна одбрана во западниот дел на градот.

Првичните информации укажуваат дека дејствувале единиците поставени кај техеранскиот универзитет, кои гаѓале неидентификувано летало.

Видеоснимката што ја објавија одредени медиуми прикажува летало кое е соборено.


Водач на Ал каеда убиен во напад со дрон во Либија


Триполи, 15 ноември, 2016 - 15:50 (META) 

Абу Талха ел Хасанави, висок член на разгранок на Ал каеда на северот на Африка, е убиен откако беспилотно летало вчера ја погодило неговата куќа во градот Сабха.

Либиската новинска агенција ЛАНА јавува дека еден од лидерите на Ал каеда е убиен во напад со дрон на југот на Либија.

Ел Хасанави претходно побегнал од крајбрежниот град Сирт, каде либиската војска се бори против Исламска држава со помош на американските воздухопловни сили.

Агенцијата ЛАНА додава дека тој претходно бил водечки член на разгранок на Ал каеда во Сирија, каде се истакнал во регрутирање борци.


Снимките од дрон за падот на „пајперот“ се готови, се чека идентификацијата на жртвите


Скопје, 8 септември, 2016 - 14:50 (META) 

Вчера завршило снимањето со дрон на местото на авионската несреќа, кај селото Кожле, Скопско, во која загинаа шест лица, а снимките се испратени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„Снимките во корелација со другиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и на стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа“, велат од обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, во Институтот за судска медицина биле пренесени телата на шесттемина починати патници од авионот.

„По наредба на јавен обвинител, ќе биде спроведена постапка за нивна идентификација преку ДНК-анализи“, стои во соопштението.

Екипите, како што информираат од обвинителството, и денеска се на местото на несреќата, каде работат на подигнување и на пренесување на остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот биле означени и обезбедени.

„Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење. Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигнувањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.


Пронајдени сите тела на патниците во „пајперот“


Скопје, 7 септември, 2016 - 16:26 (META) 

Увидните екипи, кои се на местото каде вчера се урна италијанскиот авион, од типот „пајпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници, соопшти Јавното обвинителство.

„Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе следува постапка за идентификација“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Италијанските медиуми претходно објавија дека авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот, Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош, Висар Бегај.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се врши распит на двајца пилоти од Италија кои со други две летала слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а било повикано и стручно лице, „компетентно за овој вид несреќи“. Оттаму соопштија дека бил обезбеден и дрон кој треба да изврши снимање од воздух на теренот каде што се случила авионската несреќа, а снимките треба да помогнат за утврдување на динамиката на движењето на леталото и начинот на кој дошло до несреќата.

Авионот, кој вчера околу 17.40 часот исчезна од радарот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, летал од Тревизо за Приштина. На скопскиот аеродром бил уредно пријавен за дополнување гориво.


Убиен лидерот на авганистанските талибанци во напад на американски дрон


Кабул, 22 мај, 2016 - 10:37 (META) 

Водачот на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур е убиен во напад на американско безпилотно летало. Смртта на Мансур, како што јавуваат светските агенции, денеска ја потврдил и талибанскиот командант Мула Абдул Рауф, кој рекол дека водачот бил убиен во петокот вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан.

Неименуван службеник на САД, синоќа соопштил дека лидерот на талибанците најверојатно е убиен во напад на американски дрон.

Пентагон потврди дека војската на САД извела воздушен напад во пограничниот регион меѓу Пакистан и Авганистан, чија цел бил водачот на талибанците, но дека сè уште се проценуваат резулатите од ударот.

Од канцеларијата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, не можеле да потврдат дали Мансур е убиен, но, шефот на владата, Абдула Абдула, како што пренесуваат медиумите, изјавил дека водачот на талибанците е „најверојатно мртов“.

Мула Актар Мансур застана на чело на талибанците минатото лето, откако беше обелоденета смртта на основачот на ова движење, Мула Мухамед Омар.


Во Сомалија 150 загинати при напад со дрон


Могадишу, 7 март, 2016 - 18:53 (META) 

Повеќе од 150 луѓе се убиени во напад на американско беспилотно летало на упориште на Ал шабаб во Сомалија, наведуваат официјални лица на САД.

Сите убиени се членови на терористичката група.

Портпаролот на министерството за одбрана на САД, Џеф Дејвис, изјави дека е нападнат камп за обука во кој се подготвувал „голем напад“.

– Знаеме дека имале намера да го напуштат кампот и да бидат сериозна закана за САД и за силите на Африканската унија – вели Дејвис, наведувајќи дека според првичните процени, убиени се 150 теорористи.

Нападот е извршен во саботата, 195 километри северно од Могадишу, главниот град на Сомалија.


Терористи тврдат дека собориле американски дрон, САД негираат


Могадишу, 15 февруари, 2016 - 20:54 (META) 

Војската на САД ги негира тврдењата на бунтовниците и на локалните жители дека беспилотно летало со шест ракети се срушило во село кое е под контрола на бунтовниците во Сомалија.

Исламистичката група Ал шабаб тврди дека нејзините припадници го заплениле леталото, но тие наводи не се потврдени од други извори.

Портпаролот на командата на американските сили за Африка, Чак Причард, изјави дека нема индиции дека кое било нивно летало учествувало во пријавениот инцидент.

САД во напади со беспилотни летала во Сомалија во текот на минатата година убиле неколку лидери на Ал шабаб.

Сомалиската полиција соопшти дека во одвоен бомбашки напад во Могадишу денеска е убиен поранешен министер за одбрана. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.