fbpx
Таг: Дрисла

таг: Дрисла

В петок еко-активисти ќе го блокираат патот за Дрисла, протестираат против загадувањето

Еколошки активисти собрани околу иницијативата „Здружени за чист воздух“ во петок во периодот од 12.05 до 12.20 часот ќе го блокираат пристапниот пат кон скопската депонија Дрисла. Од „Здружени за чист воздух“ информираат дека блокадата, што ќе се одвива под мотото „15 минути за чист воздух“ е предупредувачки протест со цел да се сврти вниманието на надлежните кон проблемот со...

Шилегов: До крајот на годинава нов концесионер и модернизација на Дрисла

Град Скопје формирал нова комисија која треба да изврши повторна евалуација на понудите на компаниите и во склад со неа да се направи нов избор на концесионер на Дрисла. Ова за „Мета“ го потврди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој очекува за многу скоро време комисијата да си ја заврши работата и на Советот на Град Скопје да му...

Печката на Дрисла е исклучена, црниот чад е од дефектот на филтерот, велат од Инспекторатот

Црниот чад што излегува од оџаците на депонијата Дрисла е поради дефект на филтерот, велат за „Мета“ од Државниот инспекторат за животна средина. „Се работи за дефект на филтерот. Дефектот не е голем, туку се појавила пукнатина по што од Дрисла пријавиле до инспекторатот. Дрисла го има делот што треба да се замени и најдоцна за 15 дена ќе биде...

Државниот инспекторат не нашол докази дека Дрисла загадува, ОЈО ќе продолжи со проверките

Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител навел дека депонијата Дрисла не загадува над дозволените граници, информираат од ОЈО Скопје од каде побарале информации од Инспекторатот постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело Загадување на животната средина и природата во врска со работењето на депонијата Дрисла. „Државниот инспекторат за животна...

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни и 4 јули покажале дека...

Во Дрисла од денеска нов филтер за согорување медицински отпад

Од денеска на депонијата Дрисла во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор), соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Станува збор за филтер којшто е поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад и кој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и други честички кои се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето е во согласност со препораките...

Бујароска: Од Владата очекувавме повеќе против загадувањето

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За печката за медицински отпад на депонијата „Дрисла“ таа вели дека во времето кога е инсталирана одговарала и на европските норми, но проблемот е што...

ОЈО отвори предмет против Дрисла за загадување на животната средина

По допрен глас, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за кривично дело, загадување на животната средина и природата, информираат од таму. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата Дрисла, како и доколку е извршена...

Во Дрисла ќе се набави воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираше дека, при денешниот вонреден инспекциски надзор на депонијата за комунален отпад во Дрисла, утврдиле дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад, а примениот медицински отпад се складира во контејнери. Инспекторатот бил информиран дека во Дрисла, во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и тој...

ДОМ бара нова опрема за уништување на отпадот во Дрисла

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) смета дека поради загадениот воздух, потребни се интервентни набавки на опрема за уништување медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема. Од таму потсетуваат дека финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори...

Павле Трајанов предлага со дронови да се откриваат загадувачите на воздухот

Демократскиот сојуз предлага со дронови да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и во другите градови со голема концентрација на штетни честички во воздухот, како Тетово, Куманово и Битола. Од партијата на Павле Трајанов велат дека малиот број на "еколошки инспектори" не можат да се справат со загадувачите на воздух, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло...

Од големите загадувачи, инспекторите утврдиле проблеми и ја казниле само „Дрисла“

Инцинераторот, односно направата во која гори медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ е единствениот од 15-те големи капацитети контролирани од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), за кој во последниов период се изречена казнени мерки. „Дрисла“ доби казна од 8.500 евра и обврска до средината на февруари да вгради соодветни филтри. Директорот на инспекторатот, Мирослав Богдановски денеска, презентирајќи ги програмата за...

Отпадот од тетовската депонија ќе се дислоцира во Дрисла или во Русино

Отпадот од депонијата во Тетово ќе се дислоцира и ќе биде складиран во скопската депонија Дрисла или во депонијата Русино. Дислоцирањето на отпадот ќе го врши фирмата „Голец Транс“, која, како што соопштија денеска од Владата, е избрана на тендер, кој завршил во петокот, минатата недела. Фирмата, заедно со Јавното комунално претпријатие „Тетово“ со дислокација на отпадот почнува денеска. Од Владата информираат...

Нема ни „ф“ од фабриката што од отпадот во Дрисла требаше да произведува струја

Сè уште нема ништо од изградбата на фабрика во Дрисла која од отпадот ќе произведува струја, а требаше да биде готова до 2018 година. Имено, инвестициските активности на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“, која во 2013 година го доби меѓународниот тендер за расчистување на депонијата Дрисла, требаше да се заокружат со изградбата на оваа фабрика, која требаше да биде готова за...

ЛДП: Од ветените 72 милиони евра, во Дрисла не е вложено ниту евро

По неколкуте реакции и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Зоран Шапуриќ за непреземање мерки за струшката депонија, неговата партија, ЛДП, денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не преземала речиси ништо за единствената депонија во Македонија, скопска Дрисла, која, како што вели, исполнува мал дел од стандардите, и не ги реализирала ветувањата за инвестирање во неа. „Во Македонија постојат 54 депонии од кои,...

Давчевски: Има докази за опасен отпад на Дрисла, Обвинителството веднаш да отвори истрага

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Град Скопје денеска алармира за состојбите во депонијата Дрисла, укажувајќи дека таму има опасен отпад, но и дека концесионерот ФЦЛ од Италија прибира приходи, иако ништо не инвестирал. - Побаравме информација за степенот на инвестирање, но и за начинот на експлоатирање на овој комунален објект, со кој стопанисува странски партнер  преку јавно-приватно партнерство,...

Давчевски: Трајановски да каже дали на Дрисла се истура опасен отпад од странство

„Коце Трајановски и Град Скопје мора да им одговорат на граѓаните дали на депонијата Дрисла се складира и се третира увозен отпад кој е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина. Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да преземе чекори и да отвори истрага за да може да провери и да утврди дали на депонијата се третира отпад...

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. - Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по полноќ, но оваа точка од...

Протест пред Општина Тетово поради нерешениот проблем со дивата депонија

Тетовци попладнево со блокирање на улицата пред општинската зграда и со истурање смет пред влезот на локалната самоуправа, го искажаа незадоволството од игнорантскиот однос на локалната самоуправа кон решавањето на проблемот со дивата депонија. Велат дека општинските власти немаат волја да ја исчистат депонијата, која секојдневно ги труе тетовци. - Последниве неколку недели, на дивата депонија која тетовското комунално претпријатие...

Чести пожари на тетовската дива депонија

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. - Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам каква корист има од тоа...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...