fbpx
Таг: Дрисла

таг: Дрисла

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за незаконско издавање на А-интегрирана дозвола за „Дрисла“

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице за кое се сомнева дека во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година ја искористил својата службена положба и издал А-интегрирана еколошка дозвола на скопската депонија „Дрисла“ без да ги исполни условите за тоа. Според соопштението од Финансиската...

Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки

Скопската градоначалничка Данела Арсовска назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки. Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена. Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева,...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Се трага по виновникот кој фрлил медицински отпад кај салата „Борис Трајковски“

Во текот на акциите во текот на викендот, екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ вршеле проверки за непрописно фрлање отпад, при што во контејнер за ѓубре во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ пронашле незаконски исфрлен медицински отпад, соопшти Град Скопје. Станувало збор за шприцови, а по пронаоѓањето, инспекторите ја повикале специјалната служба на...

„Дрисла“ од следниот месец престанува да гори медицински отпад

Првите количини медицински отпад на скопската депонија „Дрисла“ ќе почнат да се стерилизираат уште летово. Новата постројка што ја набави депонијата ќе стартува со работа следниот месец, што ќе значи конечно напуштање на постапката за горење на отпадот што го создаваат центрите за Ковид 19, но и сите други медицински установи во земјава. Инсенераторот на „Дрисла“, во кој досега...

„Дрисла“ набави стерилизатор за третман на медицински отпад

Скопската депонија „Дрисла“ купи нов стерилизатор за третман на медицински отпад кој во иднина, наместо да се согорува во инсенератор како досега, ќе се стерилизира и депонира како комунален отпад. Стерилизаторот е од италијанската марка ЦИСА, работи на иновативен, целосно автоматизиран систем, со висока технологија и има капацитет од 2.000 литри, односно за еден час може да третира 350...

Медицинскиот отпад во „Дрисла“ нема веќе да се гори, туку ќе се стерилизира

Медицинскиот отпад од целата земја ќе се третира во депонијата „Дрисла“ во нов стерилизатор-аутоклав, набавен од Италија. Нов инсенератор нема да се купува, а постоечкиот ќе се користи само за горење документација. Капацитетот на стерилизаторот е 2.000 литри на час и ќе ги задоволи потребите за третман на отпадот од сите медицински установи во државата. Директорот на „Дрисла“, Коста...

„Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се создава од корона вирусот

Инсенераторот во скопската депонија „Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се генерира од почетокот на кризата со корона вирусот. Капацитетот на постројката од 2,5 тони опасен отпад за 24 часа е сосема доволен за редовен и соодветен третман на отпадот што деновиве се изнесува од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, но и од...

Државниот инспекторат не нашол неправилности во погонот за отпад на „Еко клуб 95“

Ги видов снимките оти ги имаше насекаде по социјалните мрежи и по медиумите, беше одговорот на Хусни Тачи, државниот инспектор за животна средина на прашањето дали ги видел снимките направени од страна на градскиот инспектор, Мирослав Богдановски во погонот на „Еко клуб 95“ на кои се гледаат расфрлани крвави завои, шприцеви и друг вид медицински отпад, како и животни...

Контраспин: Медицинскиот отпад нема партиски мирис – тој што е на власт, тој е одговорен

Во меѓусебно препукување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со скандалот со медицинскиот отпад, кај партијата на власт се препознава спин во нејзината контрареакција, пишува „Вистиномер.мк“. „Вистината е дека неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите реалции со ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ преку свои кадри свесно ги труел граѓаните, а...

Нуредини: Увезениот отпад се контролира, доцниме со примена на ЕУ регулативата

Министерството за животна средина има издадено дозволи за увоз на опасен отпад само за акумулатори и тоа во количество од 12.500 тони, на правни субјекти кои поседуваат дозвола за нивна преработка, со цел тие да се препродаваат во и надвор од земјата, ова го соопшти на денешната прес конференција Насер Нуредини, министер за животна средина. Во земјава постои само...

Нуредини: Нема да дозволам да станеме депонија за странски отпад

Повеќе од пола година во жешкото столче на Министерството за животна средина и веќе го „тера“ својот втор мандат, а јавноста многу малку го познава, веќе не толку новиот министер, Насер Нуредини. Министерството со кое раководи има негативен имиџ во јавноста поради владеачката перцепција дека власта не прави доволно да го намали загадувањето и дека штити бизнис интересите на...

Градот ќе именува нов директор на „Дрисла“ – кривична одговорост за стариот, ако имало криминал

Градот не ја отфрла можноста за поднесување на кривични пријави доколку се докаже дека имало незаконито работење и постапување со отпадот на градската депонија „Дрисла“, изјави денес првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на прашањето што доколку вмешаноста на досегашниот директор на скопската депонија, Горан Ангелов, во аферата со нелегален увоз на отпад во соседна Бугарија била поврзана...

Шилегов го разреши директорот, „Дрисла“ повторно сопственост на Градот

Град Скопје ја враќа во свои раце најголемата депонија во државата „Дрисла“, објави денес скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. „Со запишување во Централниот регистар завршува деветгодишната аваантура на ВМРО ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет бил даден на несоодветен таканаречен партнер на градот“, истакна Шилегов на денешната прес-конференција. Тој најави дека утре ќе го разреши досегашниот директор на депонијата Горан Ангелов,...

Конзорциум предводен од „Шолц“ е нов концесионер на депонијата „Дрисла“

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30. седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран конзорциумот предводен од „Шолц“ („SCHOLZ AG“) од Германија, составен од „Шолц“ Германија, „ЦИОС“ (C.I.O.S.d.o.o) од Хрватска и „Сплендор МАК ДООЕЛ“ од Македонија. „Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд. Со ваквата одлука се овозможува да...

Вкупно 200.000 тони отпад што може да се рециклира завршува на депониите

Во земјава во текот на една година се создаваат 700.000 тони отпад, од кои 10 отсто завршува во скопската депонија „Дрисла“. Од вкупниот отпад што се фрла, околу 200.000 тони се материјал што може да се рециклира, а вака фрлен на депонии и диви депонии, ќе бидат потребни до 6.000 години за да се распадне, велат податоците од трите...

Новиот концесионер на Дрисла ќе го чека крајот на претседателските избори

Град Скопје го одлага изворот за иден концесионер на Дрисла за по претседателските избори. „Ние немаме дилема дека „Шолц“ треба да биде идниот партнер и концесионер на депонијата Дрисла, но, сакам да избегнеме секој сомнеж во регуларноста на изборот, за Советот на Град Скопје да не носи одлуки за нови концесии во ситуација кога се наоѓаме во изборна кампања„, објави...

„Шолц“, идниот концесионер на Дрисла, од 2016 година е дел од кинеска групација

Фирмата „Шолц“, која најверојатно ќе биде новиот концесионер на депонијата Дрисла, од декември 2016 години е дел од „Чихо енвајорментал груп“ (Chiho Environmental Group), водечкиот кинески рециклир и увозник на мешани метални отпадоци и најголемиот купувач на стари електрични мотори од Европа. На веб-страницата на „Шолц“ пишува дека, откако е основана во 1995 година Chiho Environmental Group (ЦЕГ), е една од...

Германската компанија „Шолц“ најверојатно ќе биде концесионер на „Дрисла“

Германската фирма „Шолц“ ќе биде концесионер на депонијата „Дрисла“, објави порталот „СДК“. Бодувањето на понудите на тендерот од 2011 година е завршено и според тоа германски „Шолц“ е прворангиран, а во втората фаза влегле и италијанската „ФЦЛ Амбиенте“ и австриската „АСА“. Фирмата „Шолц“ од декември 2016 години е дел од „Чихо енвајорментал груп“ (Chiho Environmental Group), водечкиот кинески рециклир и...

На протестот пред „Дрисла“, екологистите побараа одговори дали се увезува опасен отпад

Организаторите на протестот „Движење за чист воздух“ денеска го блокираа приодот кон депонијата „Дрисла“ како предупредување до надлежните и побараа одговори на прашањата, што се гори во печките, каков отпад се складира и каков е третманот на овој отпад, дали се запазуваат законите и стандардите согласно европските регулативи и дали се увезува отпад од други земји. Тие побараа смена на Правилникот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...