fbpx
Таг: драган тевдовски

таг: драган тевдовски

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

Собраниската комисија ја продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Комисијаата за финансирање и буџет денеска во 11 часот треба да продолжи расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. Втора точка на дневен ред на Комисијата е...

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. Според него, кратењето на непродуктивните трошења на власта обезбеди...

Тевдовски: Целта на ребалансот на буџетот е да се намалат непотребните трошоци

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. - Ребалансот не е нов буџет, туку прилагодување на тековниот буџет. Поради тоа, за реализацијата на неговата основна цел,...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ со ребалансот на буџетот го зголемува задолжувањето

Антиреформската влада на СДСМ со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение утрово. „СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев, кои со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, сега, откако дојдоа на власт, предлагаат ребаланс на буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за...

Собранието заседаваше до 3.30 часот, продолжува денеска

Маратонската осма седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13 часот, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа прогласи постојано заседание на парламентот. Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си реплицираа едни на други, што, според Џафери е „некоректно и ја забавува...

Завршната сметка на буџетот во сенката на дуелот Џафери – Тевдовски

Откако во попладневното продолжение по паузата Собранието ја забрза работата експресно изгласувајќи ги, без гласови против, претседателите и членовите, како и нивните заменици, на комисиите на Собранието и составот на делегациите на Собранието, почна расправата за завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Неа ја образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој го надмина времето од 15...

Џафери го искара Тевдовски за доцнењето и залепи знак за „тишина“ за пратениците

Жестока расправа во Собранието предизвика доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да ја образложи завршната сметка за буџетот за 2016 година. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката од дневен ред и на парламентарното мнозинство му порача дека ако сака да ја врати таа точка, да свика итна седница со 20 пратеници. Тој на мониторот пред...

Владата ќе расправа за ребалансот на буџетот

Владата утре, со почетокот во 9 часот, ќе ја одржи 13. седница на која на дневен ред ќе биде предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година. „Во согласност со предложениот дневен ред, Владата ќе расправа по предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година и за предлог-законот за...

Заев и економскиот тим на Владата на средба со бизнис-заедницата

Премиерот Заев и економскиот тим на Владата денеска имаа работна средба со повеќе од 200 претприемачи, бизнисмени и стопанственици, во организација на Сојузор на стопански комори на Република Македонија. Од кабинетот на премиерот соопштуваат дека Заев ги слушнал барањата и предлозите на стопанствениците и изразил цврста определеност на Владата да ја интензивира соработката со бизнис-заедницата, како и одлучноста низ заемна консултација...

Министерство за финансии ќе позајмува повеќе пари дома, а може да издаде и еврообврзница

Од почетокот на мандатот новата влада не се задолжи дополнително заради покривање на буџетскиот дефицит, туку преку продолжување на роковите на хартиите од вредност што достасуваат, а наскоро ќе се задолжува и на домашниот пазар, рече на денешната прес-конференција министерот за финансии, Драган Тевдовски. - Од моментот на стапување на должност на новата влада, Министерството за финансии не креираше ново задолжување,...

Почнаа преговорите за зголемување на минималната плата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, и економскиот тим во Министерството за финансии денеска со претседателите на синдикатите почнаа разговори за зголемување на минималната плата. Како што соопштија од Министерството за финансии, владините претставници на синдикатите им го презентирале планот за зголемување на минималната плата и им соопштиле...

Ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците пред летниот одмор

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, информираше дека се работи на подготовки на ребалансот на буџетот, кој пред пратениците ќе биде доставен пред тие да заминат на летен одмор. - Во моментов правиме проценка на обврските со буџетот. Ќе направиме сè што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години,...

Околу 445.000 граѓани имаат проблем да обезбедат храна и се на еден оброк дневно

Oколу 445.000 граѓани имат проблем да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот. Во исто време, се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони храна, во вредност помеѓу 8 милиони и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со три оброка дневно. Оваа анализа ја презентирале неколку граѓански здруженија на состанокот во Министерството...

Економскиот тим во Министерството за финансии се сретна со амбасадорот Бејли

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, се сретнал со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, информираат од Министерството. Тевдовски на средбата истакнал дека активно ќе работат на реформи што ќе значат подобро управување на јавните финансии во Македонија, што ќе резултира со зголемување на економскиот пораст и со подобрување на животниот стандард на...

Министерот за финансии разговарал со ЕБРД за понатамошна поддршка на Македонија

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска со својот економски тим имал средба средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предводени од Анка Јоана - Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија. „На средбата и двете страни се согласија дека со заеднички заложби треба да се поддржат реформите во инфраструктурата и енергетиката, а воедно да зајакне финансирањето...

Надлежните институции ќе изработат Програмa на економски реформи

Министерството за финансии го отвора процесот за изработка на Програма на економски реформи, за периодот од 2018 до 2020 година. „Овој документ ќе претставува основа за клучните реформски процеси на Владата кои дополнително ќе го интензивираат нашиот дијалог со ЕУ“, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на иницијалниот состанок на кој учествуваа и претставници од Директоратот за соседска политика и...

Тевдовски: Буџетот е тенок, но има пари за плати и за пензии

На сметката на буџетот заклучно со 31 мај има 6,5 милиони евра, а на девизната сметка 209 милиони евра, пари од еврообврзницата, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека во буџетот има доволно пари за сервисирање на тековните трошоци и за исплата на плати и на пензии. Парите од еврообврзницата, пак, ќе се користат за враќање на...

Министерот за финансии, Тевдовски се сретна со претставници од Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска се сретна со претставници на Светска банка предводени од директорот за Македонија и Косово, Европа и Централна Азија, Марко Мантованели. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за финансии, бил афирмиран партнерскиот однос на Македонија со Светска банка, била разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка. Почнувајќи од 1993 година, Светска банка е...

ВМРО-ДПМНЕ: Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага

„Денеска Драган Тевдовски покажа лажно душегрижништво. Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Од партијата прашуваат „каде беа Тевдовски и СДС кога во време на нивното владеење невработеноста достигна рекордни 39...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...