fbpx
Таг: драган тевдовски

таг: драган тевдовски

Во Собрание денеска законот за јазиците и интерпелациите за Тевдовски, Алаѓозовски и за Дураку

На својата 15. седница, Собранието на Република Македонија денеска ќе има полни раце работа, со неколку важни точки. Предвидено е најпрвин да се дискутира за предлог-законот за употреба на јазиците, а потоа за минималната плата и за стечајците, сите во прво читање. На дневниот ред се и законот за употреба на македонскиот јазик, како и законот со кој ќе згасне титулата...

Тевдовски: Ќе има промени во буџетското планирање, се подготвува нов предлог-закон

Министерството за финансии најави нов предлог-закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека од овие промени треба да произлезе фискален совет кој ќе биде алатка за контрола на финансискиот систем. - Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До...

Тевдовски: Се подготвува буџетот за 2018 година, ќе се кратат непродуктивните трошоци

Работиме на подготовка на буџетот за 2018 година и ги прецизираме макроекономските проекции, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за телевизија „Сител“. Тој додаде дека за следната година може да се очекува повисок економски пораст од годинава. Најави дека и следната година ќе се кратат непродуктивнтие трошоци, за, како што посочи, да им се даде шанса на оние...

Просечниот личен доход е 302 евра месечно, а кај најбогатите тој изнесува 4.180 евра

Просечниот личен доход лани изнесувал 302 евра месечно, а најбогатите (еден процент) во Македонија имале просечен доход од околу 4.180 евра месечно, објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. Од Министерство за финансии велат дека „бројките покажуваат дека Македонија е со висока стапка на доходовна нееднаквост помеѓу граѓаните“. - Педесет проценти од луѓето во Македонија што...

Министерство за финансии објави граѓански буџет за да биде разбирлив за граѓаните

Министерство за финанасии на нивната веб-страница објави граѓански буџет со цел на неекспертската јавност, на разбирлив начин да и се претстават клучните информации од буџетот на државата, информираат од таму. Тој не претставува замена за деталниот буџет и е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. „Граѓанскиот буџет се базира на податоците од ребалансот на...

Делев: Тевдовски ја задолжи државата за 43,9 милиони евра за да покрие буџетски дупки

Владата на СДСМ за овој период ниту еднаш не се обиде да го намали јавниот долг како што ветуваше туку напротив, се повеќе долгот се продлабочува, обвини Христијан Делев на партиска прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. -  Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2,7 милијарди денари односно 43,9 милиони евра.  Заедно со денешната аукција за...

ВМРО-ДПМНЕ: Секоја минута задолжувањето изнесува 1.050 евра

Секој ден нашата држава по основ на државни хартии од вредност се задолжува за 1,5 милиони евра, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „за секој поминат час државата се задолжува за 62.500 евра додека секоја одмината минута задолжувањето изнесува 1.050 евра.“ „За 70 дена „министерот за задолжување“ Драган Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски...

СДСМ: Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и на зајакнување на економијата, се вели во реакцијата на СДСМ. Од владејачката партија велат дека со интерпелацијата, ВМРО-ДПМНЕ е против...

Интерпелација и за Тевдовски оти бил „министер за кратење и за задолжување“

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави пратеничката Лилјана Кузмановска. Како главни причина за интерпелацијата се наведуваат „целосно неразвојниот ребаланс на буџетот за значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници...

Димовски: Опозицијата ќе реагира ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски, испратил писмо до премиерот Зоран Заев и до министерот за финансии Драган Тевдовски, во кое остро реагира поради тоа што Владата и парламентарното мнозинство не прифатиле ниту еден од амандманите што ги поднеле за рабалансот на буџетот. „Влада што не е подготвена да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата...

Тевдовски: Обвинувањата за големи задолжувања се манипулација

На третиот ден на расправата за ребалансот на буџетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, ребалансот на буџетот ги признава успешните политики на претходната влада и здраво поставените економски фундаменти. - На глас...

Тевдовски: Не кратиме, туку го прaвиме реален лажно проектираниот буџет

На денешната пленарна расправа за ребалансот на буџетот, Владанка Авировиќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека најмногу средства се скратени за образованието и за капитални инвестиции што можеле бргу да се реализираат. - Порастот на економијата од 2,2 проценти ќе се оствари доколку имаше брза реализација на некои од капиталните инвестиции кои овој период изостануваа. Постојат повеќе категиории на капитални проекти, едни за...

Пленарната расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи во 11 часот

Собраниската седница за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница, во вторникот, рече дека основната цел на ребалансот на буџетот е да се зголеми животниот стандард на граѓаните и да се поддржат домашните претпријатија. Тој додаде дека при правењето на ребалансот имале одредени ограничувања, како што се склучување договори за...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти додека Тевдовски говереше за буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница за ребалансот на буџетот пред пратениците во Собранието ја образложи целта на ребалансот. Додека траеше експозето на Тевдовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кренаа транспаренти на кои главната порака беше дека „се крати од Македонија“ и беа наведени сумите што е предвидено да се скратат со ребалансот на буџетот. На транспарентите имаше и хаштаг...

Ребалансот на буџетот прв ден на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница ќе расправаат за ребалансот на буџетот за 2017 година. Седницата ќе почне во 10 часот, а освен буџетот, на дневен ред има уште шест точки. Пратениците имаат можност пет дена да расправаат за буџетот, кој се очекува да биде изгласан в недела, на 6 август. Пред почетокот на седницата, на која расправата за...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од оваа влада видоа само долгови

„Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови. Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Од ден на ден долговите на Република Македонија рапидно и енормно се зголемуваат. СДС успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку сопштение денеска. Од опозициската партија велат дека Владата предводена од...

ВМРО-ДПМНЕ: Обврските што не се доспеани за наплата, Владата ги прикажува како долг

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека Зоран Заев од ракав кажувал бројка дека централната власт има скриен долг од една милијарда евра,...

Тевдовски е најголем ризик за македонската економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, е елементарна непогода и најголем ризик за македонската економија, изјави на прес-конференција Соња Гелова-Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека Тевдовски и СДСМ не кажуваат дека долгот од 180 милиони евра на централната власт се, всушност, обврски врз основа на повеќегодишни јавни набавки, податок што редовно постои и се ажурира во Министерството за финансии. - Притоа економските оператори доброволно...

Јована Аврамовска е новa портпаролка на Министерството за финансии

Новинарката Јована Аврамовска е нова портпаролка на Министерството за финансии. Аврамовска била новинар во телевизија „Сител“, а на јавноста ѝ е позната по емисијата „Фчерашни новости“. Таа дипломирала на Економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што професор ѝ бил актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски. Транспарентноста и отчетноста за трошењето на јавните пари е една од целите што...

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски не може да ги убеди стопанствениците дека државата е задолжена

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, со прес-конференции ниту ќе ги покрие штетите од недомаќинскиот ребаланс, ниту ќе ги убеди стопанствениците дека државата е задолжена и дека само што не ни се случило грчко сценарио, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, на која тој го објави долгот на државните институции. Од партијата велат дека...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...