fbpx
Таг: драган тевдовски

таг: драган тевдовски

Каков буџет му остави Тевдовски на Заев?

Заклучно со мај, годинава реализацијата на капиталните трошоци од буџетот изнесува 3,5 милијарди денари, што е 13,7 отсто од вкупната предвидена сума за 2019 година од 25,9 милијарди денари, покажуваат податоците на Министерството за финансии за извршување на буџетот. Ниската реализација на капиталните инвестиции од буџетот е само една од причините поради која премиерот Зоран Заев реши да го преземе...

Од денеска стартува враќањето на ДДВ на граѓаните, чувајте ги фискалните сметки

Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните стартува од денеска. Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од денеска ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки...

Тевдовски се враќа на Економскиот факултет

Драган Тевдовски, кој вчеравечер беше рарешен од Собранието од позицијата министер за финансии, откако беше прифатен предлогот на премиерот Зоран Заев за реконструкција на владата, преку својот Фејсбук-профил објави дека се враќа на академската кариера на Економскиот факултет. Иако Заев претходно најавуваше дека ќе го задржи Тевдовски како еден од неговите наблиски советници, Тевдовски сепак реши да се врати на...

Во Стратегијата на Светска банка за нашата држава, ќе се реализираат проекти од 420 милиони евра

Во рамки на Стратегијата за соработка помеѓу нашата држава и Светска банка, Министерството за финансии денеска потпиша и Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ и со СЕКО, за развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. Според министерот за финансии овој проект ќе помогне да се подобри конкурентноста на македонските добавувачи во регионот на Југоисточна...

Заев-Дејвидсе: Да се одржи динамиката на реализација на проектите поддржани од Светска банка

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со извршниот директор во Светска банка, Кун Дејвидсе. На средбата заеднички била нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чија што поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура. При тоа, била истакната потребата за одржување на потребната динамика...

Тевдовски: Праведниот данок е успешна реформа, економијата во одлична кондиција

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока. Тевдовски презентираше седум факти за економските остварувања, по воведување на праведното оданочување. Посочи дека во првото тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17.000 лица,...

Тевдовски: Буџетот е во одлична кондиција, приходите се согласно планираното

Во буџетот има пари да се рализираат сите проекти кои се проектирани со него, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски, по потпишувањето на договорот со Светска банка во Министерство за финансии. „Приходите се согласно планираното. Наплатата оди одлично. Ребаланс се прави секогаш кога има потреба од тоа, состојбата се следи и кога ќе има одлука за ребаланс јавноста ќе знае“,...

Светска банка со 26,2 милиони евра ќе ги олеснува трговијата и транспортот на Западен Балкан

Со 26,2 милиони евра од Светска банка ќе се подобрува инфраструктурата, модернизираат институциите и зајакне нивната соработка, со цел олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Денеска беше потпишан договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Ова е регионален проект, во кој покрај нашата земја,...

Граѓаните и фирмите ќе можат онлајн да ги следат предметите за приватизација

Граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР) на веб-страницата privatizacija.finance.gov.mk. -Нема веќе предмети во фиока. Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да  ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи....

Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за автопатот Скопје – Блаце и за Кичево – Гостивар

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го истакна министерот за фианaнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево. - Договоривме поддршка за идниот период - изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се...

Тевдовски: Новата стратегија за соработка и проекти со ЕБОР ќе се усвои до крај на мај

Новата четиригодишна стратегија за соработка со Европската банка за обнова и развој ќе се усвои до крај на мај, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Сараево. Во новата стратегија има повеќе проекти, кои треба да поддржат три приоритети: поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон...

Тевдовски на годишните средби на ЕБОР во Сараево

Министерот за финансии Драган Тевдовски, во рамки на делегацијата предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, ќе учествува на годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои ќе се одржат од 7 до 9 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. „Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се сврти вниманието кон...

Подобри услови за фирмите и помали трошоци ќе се обезбедат со дел од 420 милиони евра од Светска банка

Подобри услови за фирмите и помали трошоци за стопанисување ќе обезбедат дел од проектите од Рамката за партнерство во износ од 420 милиони долари, од Светска банка, информираат од Министерство за финансии. Преку нив, ќе се намалат увозните и извозните трошоци на фирмите, а исто така ќе се обезбеди поврзување на домашните фирми со странските инвестиции. „Светска банка оценува дека трошоците...

Меѓународната финансиска корпорација ќе помага домашните да се поврзат со странските компании

Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори во ТИР-зоните преку проект кој Министерство за финансии го договорил со Меѓународната финансика корпорација (ИФЦ) за време на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, ИФЦ дале согласност да го поддржат  овој проект, што ќе донесе многукратни придобивки за домашните компании. Преку поврзување со...

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други...

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на пет отсто од БДП

Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над проценти од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски, во своето обраќање на реномираниот „Bush School of Government and Public Service” А&M Универзитетот во Тексас. Ова, според Тевдовски, е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции...

Тевдовски: Со реформи во јавните финансии до подобро трошење на парите на граѓаните

Изминатите две години напорно работевме на реформирање и подобрување на системот на јавни финансии, вклучително и на јавната финансиска контрола, рече министерот Драган Тевдовски на конференцијата на конференцијата на која државата е домаќин на преку 70 претставници од единиците за хармонизација на јавната внатрешна финансиска контрола од 20 земји од светот. „Нашите приоритети се транспарентно, отчетно и ефикасно управување со...

Тевдовски: Внатрешната финансиска контрола ќе овозможи поефикасно трошење на парите

Преку обезбедување на сеопфатен систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се овозможи подобро управување со јавните средства, поголема отчетност и ефикасност во нивното трошење. Ова денеска беше истакнато на конференција во Министерството за финансии, пред претставници на Европската комисија, ОЕЦД и СИГМА, на која беше презентирана „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор“, односно стратегијата за идниот...

Новиот извршен директор на Светска Банка, Дејвидсе во дводневна посета на земјава

Денеска и утре во официјална посета на нашата држава е новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво. „Во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на...

Долгот на фирмите за кои државата не издава гаранции ќе влезе во вкупниот јавен долг

Во собраниска прцедура се измените на Законот за јавен долг, со кој, откако ќе стапи на сила, во јавниот долг ќе се мери и негарантираниот јавен долг, односно долгот за кој државата нема издадено гаранција. Според проценките на Министерство за финансии, тоа би го зголемило долгот за 0,3 проценти од БДП, односно околу 30 милиони евра. - Во 2014 година, овој...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...