fbpx
Таг: Драган Павловиќ – Латас

таг: Драган Павловиќ – Латас

Во Кривичниот суд нови рочишта за насилството во Центар и за „Тотал“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за два предмети на Специјалното јавно обвинителство, за случајот со насилството пред Општина Центар во 2013 година, познат како „Шамари“, како и за предметот „Тотал“. Дванаесет лица се обвинети за поттикнување насилството во Општина Центар за време на протестите од јуни 2013 година. Меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер...

Латас: Очекувам брутално судење, му верувам на судот, но не и на судијката

Очекувам брутално судење, верувам во судот, но не сум сигурен дека верувам во судијката, изјави Драган Павловиќ - Латас, обвинет во случајот „Тотал“ на СЈО, чие прво рочиште од главната расправа денеска беше одложено бидејќи сè уште не се назначени застапници за две од трите фирми на Павловиќ обвинети во случајот. Судијката Софче Гаврилова-Ефремова на денешното рочиште појасни дека повеќепати...

Копривата како оружје во анти-ЕУ пропаганда преку сајтови и лица блиски до бившата власт

Копривата неодамна стана оружје во пропагандната војна против ЕУ што со години се води во Македонија, откако некои македонски портали на крајот на минатата седмица лиферуваа неточни факти за регулативата на ЕУ, тврдејќи дека ќе се забрануваат лековитите билки, а првата ќе биде - токму копривата. Текст со такво тврдење во петокот се појави на порталот „Старт“ на „Тотал Медиа“,...

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што...

Пешевски и Латас остануваат без пасоши, Апелација досега ги одби сите жалби на СЈО

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, кој е обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош и со обврска еднаш неделно да се јавува во суд. Вака одлучил Апелацскиот суд Скопје по разгледувањето на жалбите на СЈО и на одбраната на Пешевски минатата недела. СЈО до Апелацискиот суд се жалеше на одлуката на Кривичниот совет на...

Уредникот на „Сител“ денеска давал исказ кај Јанева

Главниот и одговорен уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас денеска бил повикан во СЈО да даде исказ за предмет кој е во предистражна постапка, потврдија од Специјалното јавно обвинителство, објави „Плусинфо“. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рекла дека Павловиќ - Латас не дошол во СЈО поради нејзиниот повик туку дека дошол да даде исказ. Половина час по доаѓањето на...

Демократската партија на Турците го осуди навредливиот говор на Латас

Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од владината коалиција, го осуди навредливиот израз на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, упатен кон турскиот народ. „Новинарот Латас по многубројните реакции изрази извинување до турскиот народ и до турската држава. Иако извинувањето е доблест, многу е тешко да се излечат последиците од навредата упатена кон 300-милионскиот...

Пломп: Реакциите на интервјуто со Латас ја покажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска за „Мета“ изјави дека вчерашното интервју на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, е доказ за важноста на медиумите за демократијата во Македонија. „Огромниот број реакции по синоќешното интервју ја докажува уште еднаш важноста на медиумите за демократските процеси во државата и нивното значење...

Совет на етика: Латас ја злоупотреби функцијата новинар, уредник и домаќин

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по вчерашниот разговор во информативната емисија на „Сител“ во 19 часот, изрази сериозна загриженост поради непрофесионалното однесување на главниот и одговорен уредник, Драган Павловиќ – Латас, и непристојниот и несоодветен третман кон гостинот Зоран Заев. Од Советот за етика во медиумите велат дека служењето со дискриминаторен речник, потценувачкиот и арогантен пристап, како...

Агенција за медиуми за Латас: Непримерен начин на комуникација, кавга и навреди

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман, со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено-политички теми, гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за односот на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, во интервјуто со претседателот на...

Турците протестираа пред „Сител“: „Излези Латас, ако имаш образ“

Со извиците „Излези Латас“, „Оставка“, „Демократија“, „Излези Ѕинго“, неколку десетици Турци од Македонија протестираа пред теливизија „Сител“ и побараа главниот уредник, Драган Павловиќ - Латас, да даде оставка и да поднесе одговорност за искажаниот говор на омраза во синоќешното интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кому му рече дека „лаже како Турчин“. Тие побараа Латас да излезе и да им објасни...

Турската амбасада го осуди однесувањето на Латас и најави контрамерки

Турската амбасада денеска со осуди однесувањето на главниот и одговорен уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, и најави дека турската дипломатија ќе интервенира пред македонските органи за вчерашниот инцидент. „Овој израз полн со омраза и со злоба, во иста мера го возвраќаме кон именуваното лице, кое, во основа, и порано покажало смелост во своите разни емисии и изјави да користи...

Сејфула: Изјавата на Латас е навреда за Турците од целиот свет

Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“. На протестот тие рекоа дека ова е навреда за...

„Цивил“ изразува згрозување од крајно дрскиот, непрофесионален и неетички настап на Латас

Невладината организација „Цивил“ изразува згрозување од „крајно дрскиот, арогантен, непрофесионален и неетички настап на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кога во програмата беше поканет опозицискиот лидер Зоран Заев“. - Во својот монолог, Латас во целост ги разобличи своите сопствени позиции на послушник на власта. Притоа, уредникот на оваа телевизија со национална концесија ги откри и своите националистички...

Турците денеска на протест пред Владата и пред „Сител“

Tурците во Македонија денеска пред Владата организираат протест по вчерашната навреда од уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му се обрати со зборовите „лажеш како Турчин“. Во повикот објавен на „Фејсбук“ стои дека дрскоста на Драган Павловиќ – Латас нема крај, паниката и нервозата е видлива и прекумерна. „Во денешниот дневник (10.02.2016...

СДСМ: Граѓаните ја видоа вистинската слика на режимските медиуми

Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и на неговите платеници, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на лидерот на партијата Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас. „Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон тие...

Во дуелот Заев – Латас настрада новинарството

Гостувањето на Зоран Заев на приватната и провладина телевизија „Сител“ кај уредникот Драган Павловиќ - Латас мина во директни напади и закани врз лидерот на СДСМ и во обид да се испровоцира напуштање на студиото. Имаше малку нови информации од интерес за гледачите, а повеќе дуел со ниско професионално и новинарско ниво. Единствената вест која е нова, а ја соопшти Заев,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...