fbpx
Таг: Драган Павловиќ – Латас

таг: Драган Павловиќ – Латас

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за изговореното во спорниот поткаст на Јутјуб

Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров на денешното судско рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Обвинението беше поднесено од Основното јавно обвинителство по објавениот поткаст на 14 февруари годинава, во кој Латас му беше гостин на Лазаров во поткастот. Латас рече дека не се чувствува виновен...

Одложено судењето на Латас и Лазаров за случајот со спорниот поткаст

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска требаше да започне судењето против Драган Павловиќ – Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Откако Лазаров и Латас седнаа на обвинителна клупа, судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас истовремено била на друго судење и не можела...

Одземен пасошот на Латас, тој и Лазаров добија забрана за јавен настап кој промовира расизам и ксенофобија

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров, обвинети за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по емитуваниот поткаст во кој се исмева насилството врз жени. Судот информираше дека на Латас му се одзема патната исправа, односно се забранува нејзино издавање, а покрај ова, му се...

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност...

Лазаров го сокрил спорното видео со Латас на Јутјуб

Спорното интервју со Драган Павловиќ Латас, кое предизвика лавина реакции во јавноста, не е достапно за јавноста на Јутјуб. Поточно во подесувањата на социјалната мрежа видеото е сега ставено во категорија „приватно видео“. Видеото, иако беше објавено пред 5 дена, откако вчера стана вирално на социјалните мрежи, за само 24 часа достигна илјадници прегледи. Во интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров,...

Новинарските здруженија со осуда за интервјуто со Павловиќ-Латас, се бара одговорност

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој, како што велат, се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Станува збор за интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас, каде што...

Обвинителството отвори предмет за интервјуто на јутјуберот Лазаров со Драган Павловиќ-Латас

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет по повод интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас кое се емитуваше на 15 февруари. Од обвинителството велат дека за настанот е доставено известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР, а надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки. Ова интервју, каде што Павловиќ раскажува како, кога имал 15 години,...

Прислушувани разговори за затворањето на А1 телевизија: „Мора да им се земе лиценцата, па нека плачат после“

Две нови „бомби“ за затворањето на А1 телевизија се појавија на јутјуб каналот Fenix A1. Во првата бомба се објавени разговори на кои наводно се слушаат гласовите на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот обвинител Љупчо Шврговски. Во втората бомба пак наводно разговараат тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски, како и поранешниот главен...

СЈО ќе ја обжали ослободителната пресуда за Латас и неговите браќа

Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска најави дека СЈО ќе се жали на одлуката на Кривичен суд Скопје кој ги прогласи за невини новинарот Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа за случајот „Тревник“. -Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано - рече обвинителката. Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан беа...

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се товарат за мачење и друго...

Латас и неговите браќа не се чувствуваат виновни за „Тревник“

Обвинетите во случајот „Тревник“ на СЈО, Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не чувствуваат виновни за бесправната градба на три објекти во Зелениково. Според обвинението, тие изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил...

Поради лични и семејни причини повторно е одложено рочиштето за „Тотал“

На барање на адвокатите на новинарот и уредник Драган Павловиќ - Латас, поради лични и семејни причини денеска повторно беше одложено судското рочиште за предметот „Тотал“. Во овој случај Павловиќ - Латас е обвинет за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. По неколку...

Денеска рочишта за „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“

Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Монструм“, „Тарифа“, „Триста“ и „Тревник“ ќе се одржат денеска во Основен суд Скопје 1. На обновеното судење за „Монструм“ денеска ќе седнат сите освен двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Првичните пресуди против обвинетите беа укинати во декември минатата година од Врховниот суд,...

Судот ги одби приговорите на Латас, откако претходно му даде транскрипти од „бомбите“

По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ - Латас. На денешното рочиште беше прифатено како доказ вештачењето на Павле Гацов по наредба на СЈО, а во рамките на судскиот процес ќе биде сослушан и вештакот. Претходно Судот не го прифати предлогот на адвокатите на Латас да не...

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат...

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните две рочишта не се одржаа поради...

Одложено судењето на Драган Павловиќ – Латас, одбраната вели дека е во Германија

Новото рочиште за случајот на СЈО, „Тотал“ денеска се одложи, оти главниот обвинет, новинарот Драган Павловиќ Латас не се појави во Кривичниот суд. Наредното рочиште е закажано за 11 април. Како што објаснија адвокатите, Латас поради семејни причини не е во можност да присуствува на рочиштето, бидејќи се наоѓа во Германија. Можно е и да се одложи следното рочиште бидејќи...

Латас и Јанакиески денеска на судења за „Тотал“ и „Топлик“

Во Основниот суд денеска треба да се одржат две рочишта од случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тоа се предметите „Топлик“ и „Тотал“, во кои обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот главен уредник на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“, Драган Павловиќ - Латас. Минатото рочиште за  „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот...

Судењето за „Тотал“ одложено за 30 март, Латас не дојде во Кривичен

Новинарот и уредник на „Сител“, Драган Павловиќ - Латас кој е обвинет за даночно затајување во случајот „Тотал“ на СЈО, не дојде на денешното судско рочиште, поради што судијката Славица Наумова - Јосифовска, поради немање услови, главната расправа ја одложи за 30 март. Одбраната на Павловиќ информираше дека тој не можел да дојде на рочиштето поради семејни причини, а како...

Одложено судењето за „Тотал“, Латас побара да се снимаат рочиштата

Судењето за случајот „Тотал“ на СЈО е одложено откако адвокатите на Драган Павловиќ - Латас, обвинет во случајот, побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за, како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж. Адвокатите рекоа дека имаат забелешки на записникот од првото рочиште, кое се одржа пред два дена, истакнувајќи дека во него нивните зборови не...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...