fbpx
Таг: Драчево

таг: Драчево

Со лажен сертификат станала директорка на училиште од Драчево

Единицата за корупција при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. „Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с. Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница...

(ВИДЕО) Пожар зафати три куќи во Драчево, го гаснат 15 пожарникари

Три бараки (куќи) горат во населбата Драчево откако избувнал голем пожар околу 17.30 часот. Регионалниот ЦУК Скопје извести дека околу пожарот почнал на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во скопската населба Драчево. Според последните информации, пожарот е проширен и биле зафатени три куќи. Интервенираат 15 пожарникари со 6 противпожарни возила. Пожарникарите се на терен и засега нема...

Град Скопје ќе го продолжува булеварот Борис Трајковски кон населбата Драчево

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува реконструкција и проширување на булеварот Борис Трајковски од населбата Пинтија до Драчево, информираат од Град Скопје. „Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на...

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Петмина загинати во судир на „рено 5“ и камион за ѓубре кај Драчево

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Драчево 15-тина минути пред полноќ, загинале пет лица кои биле во автомобил што удрил во камион за ѓубре. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, дежурен јавен обвинител извршил увид и според првичните сознанија, автомобилот „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите од непознати причини преминал...

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на локацијата и на терен не...

На депониите со линдан им нема крај: На просторот на ОХИС има и трета?

На територијата на фабриката ОХИС постои и трета депонија, покрај малата и големата, на која е можно да има складиран линдан, вели за „Мета“ министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС од 1984 до 1987...

Детална анализа на дивата депонија со линдан во Драчево, бара градоначалникот Темелковски

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“. Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се правени со вработени од ОХИС...

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе...

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината

Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево на кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, потврди за „Мета“, државната секретарка во Министерството, Ана Петровска. Таа вели дека откако вчера „Мета“ објави за постоењето на дивата депонија, алармирана била Владата и...

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје. Линданот на...

Поради кражба синоќа прекинат железничкиот сообраќај Скопје – Велес

Прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје - Велес имало вчера од  21.56 до 23.50 часот, поради обид за кражба на тегови од мрежата за напојување на возовите со струја. Како што соопшти МВР, прекинот бил меѓу железничката станица Драчево и железничкото стојалиште „Јане Сандански“.

Оштетени надгробни плочи во Драчево

Надгробни плочи на три гроба на гробиштата во селото Драчево биле оштетени во периодот од јули годинава до вчера. Како што извести МВР, случајот вчера го пријавиле три лица, откако првпат по повеќе од три месеци ги посетиле оштетените гробишта. Полициска екипа извршила увид и се работи на утврдување на причинителите.

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три...

Опожарен камион во Драчево

Засега непознат сторител, вчера, час и половина по полноќ, опожарил незаклучен камион во скопската населба Драчево. Како што соопшти СВР Скопје, камионот „застава 8310“ со скопски регистарски ознаки бил паркиран на улицата Малешевска. Околу 1.30 часот вчера, непознатиот сторител ја отворил незаклучената врата, истурил запалива течност и го предизвикал пожарот. Биле повикани скопските пожарникари, кои го изгаснале пожарот, а полицијата извршила...

Искршени прозорци на штабот на СДСМ во село Драчево

Непознати лица ноќеска со камења ги искршиле надворешните стакла на штабот на СДСМ во село Драчево, соопштија од партијата и апелираа полицијата да го расветли случајот. - Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ. Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид - стои во соопштението од СДСМ. Од партијата велат...

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом, го поделија бесплатниот весник. „Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од малите плати ги трошат на...

Полицијата откри насад со марихуана во Драчево, притворен скопјанец

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје поднела кривичина пријава против 25-годишшниот Д.Г. од Скопје, осомничен дека во околината на населбата Драчево насадил и одгледувал марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, осомничениот семето од растението канабис сатива го набавил во текот на оваа година, а стеблата ги одгледувал во пластеник во месноста Песовци...

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево - село Количани, кај местото Локва. Според обвинителството, идентитетот на двете лица, кои...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...