fbpx
Таг: ДПА

таг: ДПА

Нема да правиме дупки во буџетот и ќе работиме домаќински, порача Тачи

На митингот кој ДПА го одржа во Желино, лидерот Мендух Тачи порача дека само со платформата која ја нуди ДПА, ќе се подобри статусот на Албанците. - Со оваа платформа, сакаме да се спречат агресијата и неоправданото казнување на Албанците - изјави Тачи. Тој додаде дека ако ДПА дојде на власт, ќе работи домаќински и во интерес на народот. - Ахмети не...

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 6 пати повеќе пари во кампањата од пријавените приходи

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи на политичките партии од почетокот на изборната кампања до 30 ноември, кои партиите, според предвидениот рок, вчера ги доставија до ДИК, Државниот ревизор и до Државната комисија за спречување на корпуција (ДКСК). Од извештатите на политичките партии, најинтересен е финансискиот извештај на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, кој е за периодот од 21 до 30 ноември...

Села: Ќе се залагаме за вработувања по етничка линија и за бинационална држава

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, на митингот во Општина Желино порача дека доколку дојде на власт, ќе се залага Македонија да стане бинационална држава. - Ние ќе се залагаме албанскиот јазик да биде службен на цела територија на Македонија, која ќе биде бинационална држава, ќе се донесуваат одлуки со консензус, ќе ја спроведеме целосно децентрализацијата. Со...

Тачи: Со заменик-премиер Албанец до целосна рамноправност

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг кој неговата партија го одржа во Тетово, побара граѓаните да гласаат за ДПА, која ќе обезбеди целосна рамноправност на Албанците. Според Тачи, само со заменик-премиер Албанец, што е дел од програмата и од платформата на ДПА, албанскиот народ во Македонија нема да биде дискриминиран. - Од нашата програма и платформа сакам да...

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кочани, СДСМ во Берово, ДУИ во Врапчиште, а ДПА во Тетово

Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, ќе одржат митинзи и средби со граѓаните во повеќе градови во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани, додека СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе бидат во Пехчево и во Берово. Демократската...

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од таа на нивниот политички опонент,...

ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, СДСМ во Делчево, а ДПА во Боговиње

Политичките партии денеска го продолжуваат деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември. Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните на Гостивар и на Тетово. Средби со граѓаните во овие градови, но и во Кичево ќе има и коалицијата ВМРО за Македонија. СДСМ и Коалицијата за живот во...

Тачи вети рамноправна распределба на буџетот за сите граѓани

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг во Охрид ги повика Албанците да гласаат за промена на власта бидејќи владејачката албанска партија ДУИ не постигнала резултати. - Преку нашата партиска платформа се залагаме за рамноправна распределба на буџетот, сметаме дека Албанците добиваат само два до три отсто од него. Тоа не значи дека парите ќе се трошат за пушки...

Тачи: ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори

ДПА синоќа одржа митинг во Куманово, каде лидерот на партијата, Мендух Тачи, го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на народот му донел само насилство. – Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме за да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и...

Тачи од Куманово ги повика граѓаните да излезат да гласаат

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг во Куманово. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица и носителот на изборната листа, Орхан Ибрахими. Ибрахими во својот говор го презентираше дел од проектите со кои, како што рече, ќе се подобри животот на граѓаните. Тачи на крајот од митингот ги повика...

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС. Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ - 18,9 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за ДПА - 3,3 отсто, за Беса - 1,2 отсто, додека за други партии...

Тачи: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторат изборните нерегуларности

„Изборите ќе бидат ставени под рендген, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори“, изјави денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по неговата средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во седиштето на Европската Унија во Скопје. Тачи по средбата изјави дека со европратениците разговарал за Договорот од Прижно...

Закони за фискална и за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА

Донесување на закон за фискална амнестија со кој сите Албанци ќе бидат ослободени од долговите кон државата и закон за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА и носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единица, Мендух Тачи, на вечерашниот собир во гостиварското село Вруток. - Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што...

Тачи: Се залагаме да имаме заменик-премиер Албанец

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од предизборниот митинг кој неговата партија го одржа во Челопек, општина Брвеница, рече дека ДПА постојано инсистира на решавање на етничкото прашање во земјава, сè со цел да ја зачува нејзината стабилност и безбедност. - Некои велат дека нашата платформа не е модерна, дека го третира етничкото прашање. Па, само да потсетам,...

Трет ден митинзи: ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, СДСМ во Кичево, ДПА во Челопек

Политичките партии денеска продолжуваат со изборната кампања за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, со митинзи и со средби со граѓани низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денешните изборни активности ќе ги почнат во 17.30 часот со митинг во Неготино, а централниот митинг денеска ќе биде во Кавадарци, во 20 часот. Коалицијата предводена од СДСМ попладнево во 17.30...

ДПА под мотото „Чекориме право“ најави камапња за позитивни промени

Демократската партија на Албанците изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори ја почна во скопско Студеничани под мотото „Чекориме право“. Лидерот на партијата, Мендух Тачи, соопшти дека ДПА ќе води кампања за позитивни промени и го повика членството и симпатизерите овие избори да бидат мирни и демократски, бидејќи тоа е во интерес на Албанците. - Се разбира дека сме во состојба...

Груевски оди во четворката против Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека изборната битка против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја бие во четвртата изборна единица. Тој вели дека на 11 декември заедно со народот ќе го соочат Заев со реалноста. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред малку ги достави до ДИК листите на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни...

И СДСМ, ДПА и ДУИ ги доставија до ДИК листите со кандидати за пратеници

Опозициската коалиција предводена од СДСМ, владејачката албанска партија ДУИ и албанската опозициска партија ДПА вечерва околу 22 часот до Државната изборна комисија ги доставија листите со кандидати за пратеници во шесте изборни едници за предвремените парламентарни избори на 11 декември. - Toa e листа на кандидати која е победничка, усогласена со граѓаните на Република Македонија и која е одобрена од...

Централното собрание на ДПА ги утврди кандидатите за пратеници

Централното собрание на ДПА на денешниот состанок ги утврди кандидатите за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11 декември годинава. Носител на листата од оваа партија во првата изборна единица ќе биде Идриз Орана, изборната единица два ќе ја предводи Орхан Ибраими, во третата изборна единица носител ќе биде Самир Рушити, во петата изборна единица прв на листата...

Анкета на „Фактор плус Адриа“: ВМРО-ДПМНЕ има 4,2 отсто предност пред СДСМ

Разликата во рејтинзите меѓу двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е 4,2 отсто во прилог на владејачката партија, покажале резултатите од последната анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“, објавени денеска. Анкетата била спроведена во периодот од 19 до 26 октомври, на репрезентативен примерок од 1.082 испитаници. Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на 28,1 отсто од гласачите, додека за СДСМ...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...