fbpx
Таг: доверители

таг: доверители

Излегоа на виделина долговите на штипски „Бетон“

Над 16 милиони евра се побарувањата на доверителите на фирмата во стечај „Бетон“ – Штип, коишто денеска на испитното рочиште ги прифати стечајниот управник Драги Димовски. Оспорени се помалку од девет милиони евра побарувања. Токму оспорените се јавија на денешното рочиште во штипскиот Основен суд, каде стечајниот уравник се изјасни по приговорите. Стечајниот управник Димовски во краткиот телефонски разговор само...

Доверителите на штипската компанија „Бетон“ побараа стечај

За 13 јуни во Основниот суд во Штип е закажано рочиште за изнесување на докази, откако доверителите на штипската градежна компанија „Бетон“ побараа стечај. Назначен е привремен стечаен управник, кој  треба да даде своја оценка дали се оправдани барањата и дали треба да биде покренат стечај. Компанијата која работи близу седумдесет години беше главен изведувач на седум објекти од проектот „Скопје...

Владината помош не ги одблокира Берово и Делчево

Се бројат деновите до 30 јуни, до кога општините треба да се раздолжат со парите што ги добија од владата од државниот Буџет. Двете општини на крајниот македонски исток, Берово и Делчево, со години се блокирани и работат со месечен лимит определен од судот. Меѓутоа, овие две општини, се чини и натаму ќе останат блокирани и покрај тоа што...

Општина Охрид до крајот на јуни ќе ги исплати долговите кон 70 доверители

Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јуни. Имено Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски да се консолидира. Општината доби на располагање неповратни средства во висна од 495 милиони...

Парите од Владата нема да ги деблокираат сите општини?

Донесувањето на законот со кој се обезбедуваат околу 50 милиони евра владини пари за општините, во блокираните општини донесе надеж дека конечно ќе успеат да се ослободат долговите таложени со години, но и прашања дали ќе успеат во тоа. Четири од 11 општини во Источна Македонија – Делчево, Берово, Зрновци и Пехчево се уште работат со блокирани сметки и...

Доверителите на „Агрокор“ го прифатија договорот со руските банки и спречија банкрот

Доверителите на хрватскиот холдинг „Агрокор“ го одoбрија договорот за надмирување на долговите, во што ќе се вклучат руските банки  „Сбербанк“ и “„ВТБ“, кои ќе преземат 46 отсто од акциите. На овој начин, ќе се избегне банкрот на најголемата компанија на Западен Балкан во која има вработени 60.000 лица и учествува со 15 проценти во домашниот бруто-производ (БДП) на Хрватска. Холдингот „Агрокор“...

Државата има интерес случајот со „Фени“ да се реши во интерес на вработените, рече Заев

Kако држава, немаме удел во „Фени“ и нашиот интерес се граѓаните, производството и работните места, изјави денеска премиерот Зоран Заев на самитот на „Македонија 2025“, одговарајќи на новинарски прашања за работата на „Фени“ по постапката за отворање стечајна постапка. Како што посочи, претходниот сопственик на „Фени“ договорил купопродажба со бугарската фирма „Енекод“, но, нагласи, тоа веројатно не е доволно затоа...

Наумов: Поддршка на домашните претпријатија и соработка со сериозни странски инвеститори

„Ќе обезбедиме стабилни работни места со поддршка на домашните претпријатија и во соработка со сериозни странски инвеститори, а не како искуствата што ги имате досега. Од вас слушнав дека само во последниве години, повеќе од 3.000 граѓани од овој крај си заминале од родното место, во потрага по работа, за да го обезбедат парчето леб за своите семејства“, изјави претседателот на...

„Индоминерали и метали“ на доверителите им должи 8,7 милиони евра

На првото рочиште во стечајната постапка за рудниците за олово и за цинк Добрево и Тораница, стечајната управничка Владица Иванова соопшти дека досега се пријавени 8,7 милиони евра долг. Толку должи индиската компанија „Индоминерали и метали“, која управуваше со рудниците под концесија од државата. Освен неколку македонски компании, главни доверители се и повеќе од 1.000 рудари од двата рудника, чии претставници...

Поранешен директор на фирма и контролор осомничени за злоупотреба

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против Љ.П. (57) од гостиварското село Ростуше, поранешен управител во „Маврово инженеринг - Скопје“, и против Г.Г. (51), контролор во надзорниот одбор на фирмата, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување и повластување доверители. Според полициските информации, првоосомничениот во 2011 година и покрај тоа што знаел дека жиро-сметката...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...