fbpx
Таг: донација

таг: донација

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ да им се дадат пари на поплавените во Тетовско

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска не го поддржале предлогот на опозицијата за поплавените во Тетовско да се издвојат еден милион денари од буџетот на Општината како помош за претрпените штети. Советникот на ЛДП, Валентин Груевски, на денешната седница дал предлог дневниот ред да биде дополнет со одлука за утврдување финансиска помош за поплавените во Тетово и во Тетовско во висина...

Германија ќе донира 1 милион евра за згрижување на бегалците

Министерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели за ублажување на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западниот Балкан. - Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се...

ФЗОМ донираше детски играчки на четири здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца во четири јавни здравствени установи: Детска клиника - Скопје, Институт за белодробни заболувања „Козле“, Клиничка болница - Тетово и Општа болница - Охрид. - Со овие играчки ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години, кои престојуваат во овие здравствени установи. Се надеваме дека оваа донација на детски...

Кина со донација од униформи, чизми, шлемови

Во касарната „Гоце Делчев“, денеска беше примена донација од Кина во опрема за спасување, која вклучува четири чамци, униформи, чизми, шлемови, за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опремата, на директорот на ДЗС, Шабан Салиу, ја предаде амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун. – Ова денеска што се случува, претставува резултат на долгогодишната соработка што ја имаме со Амбасадата на...

Меси донираше 450.000 евра во УНИЦЕФ

Аргетинскиот репрезентативец и фудбалер на „Барселона“, Лионер Меси, во рамки на кампањата „Сонце за децата“, донираше 4,5 милиони аргентински песоси, или околу 450.000 евра во УНИЦЕФ. Меси, кој е амбасадор на УНИЦЕФ, преку видеопорака порача дека му претставува задоволство да работи со луѓето од оваа хуманитарна организација. https://www.youtube.com/watch?v=YkoC_YNk-I4

Охридската полиција собира помош за поплавените во Тетовско

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција - Регионален центар Запад, се вклучуваат во акцијата за собирање помош за настраданото население од поплавените подрачја во Тетовско. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони ќе ја покажат...

Албанската влада донираше 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50.000 евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. Во одлуката на албанската влада се вели дека се доделува финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени 50.000 евра. Шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати, на својот фејсбук-профил напиша: „Денеска...

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско. „Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем дел од селото. Речиси и...

Со германска помош ќе се обновува детското игралиште во Охрид

Германската амбасада во Скопје финасиски ќе го помогне проектот за обнова и за реконструкција на детското игралиште кај каналот Студенчишта во Охрид. Германската амбасада ѝ додели грант на Општина Охрид во вредност од околу 485.000 денари, односно околу 8.000 евра. Од овие средства, 425.259 денари ќе бидат наменети за набавка на нови играчки за деца, а 60.000 денари за обнова...

Саудиски принц ќе донира 32 милијарди долари во добротворни цели

Саудискиот милијардер, принцот Алвалед бин Талал, изјавил дека ќе го донира целото свое богатство од 32 милијарди долари во добротворни цели, пренесува „Би-Би-Си“. Принцот Алвалед, кој е на 60-годишна возраст и е еден од најбогатите луѓе на планетата, рекол дека на овој потег бил инспирирана од Фондацијата „Гејтс“, основана од Бил Гејтс и од неговата сопруга Милинда, во 1997 година. Според...

Црвен крст на Македонија ќе собира средства за настраданото население во Непал

Црвениот крст на Република Македонија ќе собира финансиски средства за настраданите од силниот земјотрес што го погоди Непал. „Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал, во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто донација се реализира преку приватна фирма

Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои милионски корупциски скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување од Израел, во којшто се инволвирани првите луѓе во власта, Сашо Мијалков од позицијата директор на УБК и Никола Груевски од позиција на премиер, пишува СДСМ во соопштение. „Директорот на УБК. Сашо Мијалков, по сè што слушнавме од неговата уста и сè што...

Македонците од Австралија собраа 90.000 австралиски долари за поплавените во Македонија

На донаторската акција во организација на Амбасадата на Македонија во Канбера и на Генералниот конзулат во Мелбурн за поплавените подрачја во Република Македонија, собрани се околу 90.000 австралиски долари. Како што соопштија од македонскиот конзулат во Мелбурн, во акцијата иницирана од неколку македонски иселеници, со свои прилози на посебната сметка за донации се вклучија сите здруженија, клубови и индивидуални лица. Спроведена...

Покрената донаторска акција да се транспортира тело на покоен штипјанец

Семејството на 33-годишниот штипјанец Сашо Коцев не може да го пренесе телото на својот покоен син, кој бил прегазен во Шпанија. Коцев, кој во Шпанија живеел веќе неколку години, бил прегазен од својот другар, кој управувал камион кој се движел наназад. Семејството Коцеви е во контакт со македонската амбасада во Шпанија, меѓутоа не може да обезбеди доволно средства за транспорт...

Хуманитарна акција „Мајките даруваат за студентите“ во Охрид

Охриѓанки за денеска најавија хуманитарна акција под мотото „Мајките даруваат за студентите“. Охриѓани ќе можат да донираат помош за студентите што прогласија автономна зона на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Акцијата ќе се одвива во времето од 16 до 17 часот, пред Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а граѓаните ќе можат да донираат зеленчук, млечни производи, леб, кафе,...

Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

Во хотелот „Александар палас“, денеска ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, во организација на Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на улицата Македонија во центарот на Скопје. Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај сегашен ГТЦ, но во 1963...

Ротаријанците собраа повеќе од 40.000 евра за детското болничко одделение

Членовите на клубот „Ротари“ - Охрид, реализираа проект „Медицинска опрема за детското одделение при Општата болница во Охрид“, во вредност од 40.245 евра. Поддршката пристигнала од Фондацијата „Ротари“ на клубовите „Ротари интернешнл“ од Италија, Шведска и од Србија. Ова е првпат клубот „Ротари“ - Охрид да спроведува проект кој е резултат на меѓународна соработка и е делумно поддржан од Фондацијата “Ротари“. - Како „Ротари-клуб“ ја...

Даријо Срна донираше 20 тона мандарини за децата во Донецк

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на украинскиот „Шахтјор“, Дариjо Срна подари 20 тона мандарини на децата во Донецк, град во Источна Украина каде се водат борби меѓу проруски бунтовници и украинските сили, соопшти клубот од Донецк. - Кога бев дете во Хрватска, ми беше потребна помош. Особено е важно луѓето да ве поддржуваат кога минувате низ тежок период....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...