fbpx
Таг: донација

таг: донација

Заев во посета на Пустец: Владата ќе донира 30.000 евра за основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска ја посетија Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски. Во заедничкото, основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, беше потврдена донацијата обезбедена преку македонски...

Наместо за рекламен материјал, ЕСМ донира три милиони денари за ковид центрите во Битола и Кичево

Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) одлучи годинава предвидените средства за набавка на новогодишен рекламен материјал во висина од 3 милиони денари да се пренасочат како помош за Клиничката болница во Битола и за Општата болница во Кичево. „Во АД ЕСМ имавме предвидено 3 милиони денари (48.780 евра) за рекламен материјал и тие средства сега ќе бидат...

Дизајнерката Асибе Туша до младите: Работете напорно за она што го сакате и верувам дека ќе успеете

Асибе Туша е дизајнерка од Скопје, специјализирала дизајн во Париз, Франција. Таа во интервју за Порталб.мк истакна дека за неа било полесно да се определи за оваа насока, бидејќи потекнува од семејство кое се занимава со стари занаети. За неа, дизајнот е професија која е секогаш во современите трендови и големата посветеност и донела добри приходи. Што се однесува до...

АРМ од Норвешка доби 13.500 брзи тестови за ковид, 10.000 му отстапи на јавното здравство

Министерството за одбрана денеска доби 13.500 брзи тестови за ковид-19, помош од Кралството Норвешка која ја побарало пред две недели, објасни министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Норвешка донација, од пред дванаесетина години, е и теренската болница што АРМ ја имаше поставено пред Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Скопје, а сојузничката земја на Македонија неколку пати и...

ИЈЗ доби Kабинет со биосигурност ниво 3 како подарок од Амбасадата на САД

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Северна Македонија доби кабинет со биосигурност ниво 3, кој е донација од амбасадата на САД. Освен кабинетот, ИЈЗ е доопремен со тестови и центрифуга во вредност од 12.000 американски долари. Во присуство на директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорката на САД во Република...

Црвен крст на Македонија отвори сметки за донации за настраданото население во Бејрут

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон светската хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население поради експлозијата во пристаништето во Бејрут. „Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број:...

Норвешка преку НАТО ни подари еден тон опрема за теренската воена болница (видео)

Еден тон маски, наочари, термометри и друг медицински материјал, наменети за теренската болница на македонската Армија, донираше денеска Норвешка преку Агенцијата на НАТО за поддршка и набавки. Донацијата, вредна околу 200 илјади евра, Норвежаните ја транспортираа и на АРМ и ја предадоа во касарната „Илинден“ во Скопје. Донацијата е наменета за теренската воена болница (со „Улога-2“ или второ по сложеност...

Општина Бутел започна акција за донирање на стари компјутери за социјално загрозените семејства

Општина Бутел започнува акција за донирање на стари компјутери за оние семејства каде што немаат компјутери, а е потребно за децата ученици. Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат персонални комјутери кои не ги користат или на кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во општината. Потоа, Општина Бутел и ИТ...

Од Националната опера и балет ќе сошијат и донираат 1.000 заштитни маски

Соработници во шивалните на Националната опера и балет ќе изготват 1.000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни. „На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на оперско-балетскиот репертоар на нашиот YouTube канал“ - велат...

Амбасадата на САД донира медицинска опрема за справување со Ковид-19

Амбасадата на САД во Македонија денеска донира заштитна медицинска опрема за нашата земја за борба против корона вирусот. Од амбасадата информираат дека донацијата ја примија заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како национален координатор за распределба на странска помош, и Министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Борисов: Ќе подариме стотина медицински скафандери „за браќата во Северна Македонија“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешниот брифинг во владата соопшти оти дал наредба да се изработат стотина медицински скафандери коишто потоа ќе бидат подарени на Северна Македонија, јавија бугарските медиуми. Тој се пофали дека скафандерите произведени во Бугарија се неколку пати поквалитетни од оние што се произведуваат во „големи империи“. - Кога ќе дадеш 5 или 10 скафандери на нашите болници...

Владата со уредба го овозможи електронското следење на заразените и тие што контактирале со нив

Владата на вчерашната 37. седница овозможи електронски да се следат пациентите со корона вирус, како и лицата што биле во контакт со нив. Истовремено, беше прифатена и понудата за апликација за таа намена, донација од приватна компанија. Станува збор за мобилната апликација StopKorona! и Владата го овластила министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу „Некстсенс...

Македонската војска доби британска опрема за дезинфекција

Британска донација
Пумпи за дезинфекција под висок притисок, пумпи за дезинфекција на помали површини и друга заштитна опрема доби Армијата како донација од Обединетото Кралство за справување со пандемијата. Ова е само дел од вкупната помош што Македонија ја добива од сојузниците од НАТО. „Сојузништво на дело! Денеска државниот секретар Драган Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови...

Унгарија ѝ донира на државата 100 илјади заштитни маски и пет илјади скафандери

Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто допатува со специјален воен карго авион со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери за медицинските лица.  „Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени...

Словенија донираше заштитна опрема од корона вирусот за полицијата, во износ од 110.000 евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. „Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе...

Фондацијата Отворено општество – Македонија донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

Пакети со храна и средства со хигиена со вкупна вредност од 100.000 долари ќе бидат распределени на најзагрозените ромски семејства во земјава, кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза, соопшти Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), која ја донираше оваа сума. „Во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето општество и јавното...

Донација од кинеската полиција за вработените во МВР

„По претходно барање и остварена комуникација од Министерството за внатрешни работи, денеска преку амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои, како што е познато, заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од Ковид 19“, соопштија од МВР. Од таму додаваат...

Сорос ѝ донира милион евра на Будимпешта за справување со корона вирусот

Американскиот милијардер и филантроп, Џорџ Сорос, најави дека ќе даде помош од еден милион евра на негиовиот роден град Будимпешта. Парите ќе бидат доделени од неговата Фондација Отворено општество, која пред две години беше забранета во Унгарија од власта на Виктор Орбан. Инаку, на чело на Будимпешта од минатата година е Гергеј Карачон, кој беше заеднички кандидат на опозицијата. Тој...

ААВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за изгорената ТВ Вис

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, АВМУ, ќе донира финансиски средства на ТВ Вис Струмица, со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во кој беа опожарени телевизиското студио и техниката. „Станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние што на 25 март им беа доделени на...

Кина ќе донира 104 амбулантни возила, минибуси и опрема во здравството вредна 4 милиони евра

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата биле разменети писма за соработка меѓу владите, а биле потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно- истражувачка дејност во висина...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...