fbpx
Таг: донации

таг: донации

Светската здравствена организација не убива деца во Газа

Не е вистина дека Светската здравствена организација убива деца во Газа, туку претставници на СЗО постојано носат медицинска и немедицинска помош во Газа поради очајните услови за лекување и разрушените болници од бомбардирањата. СЗО собира донации за Газа и постојано повикува за прекин на огнот. СЗО има свои луѓе на терен кои го информираат светот за ужасите на војната...

Граѓани и бизниси донираа над 2 милионa денари во кампањата „Денови за донирање”

Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања во рамки на проектот Партнерства за донирање. За манифестацијата, која траеше два месеца, беше организиран завршен настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија. По тој повод директорката на УСАИД во...

Црвениот крст со донациски броеви за помош на Словенија

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и до сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Од Црвениот крст велат дека се во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. „Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000...

Кикстартер-кампања на Ана Јакимска за филмот „Нема духови во туѓина“

Тимот на филмот "Нема духови во туѓина" од Ана Јакимска
Ана Јакимска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа дипломирала и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. Јакимска моментално е на дополнителни студии - магистериум - на универзитетот Голдсмитс во Лондон, каде што работи на нејзиниот најнов филм со наслов „Нема духови...

Во Милано нема билборд за донации со ликот на Зеленски

Станува збор за компјутерски модифицирано видео, во Милано не постои билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина. Според Центарот за борба против дезинформации во Украина, со промоцијата на ова лажно видео се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и  на Украина воопшто, а со цел да се намали поддршката од...

МПЦ со донации од граѓаните ќе ја доградува црквата „Свети Константин и Елена“

Скопската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) соопшти дека нема доволно пари за да ја доизгради црквата „Свети Константин и Елена“, пред Дом на АРМ во центарот на Скопје. Допрва треба да се изработи фрескописот во црквата. „Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и верниците заслужуваат храмот во центарот на главниот...

Ист ИБАН број за донации за Турција и за Украина не значи дека се прави манипулација со парите

Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број –  меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со...

Граѓаните донирале над 162.000 евра за настраданите во Турција и Сирија

Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на С. Македонија. Според Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити граѓаните и овој пат на дело ја покажале својата хуманост и солидарност. „Заклучно со 7 февруари преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во...

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ донираа пари за топол оброк за нивните врсници

Ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, донирале пари за да можат нивни врсници да си дозволат да имаат топол оброк додека се на училиште, беше објавено денеска на фан-страницата на хуманитарната организација „Проект среќа“. Оваа акција ја иницирала наставничката Катерина Лазев од одделенито 4-2, која вели дека учениците во ова одделение веќе се навикнати да прават добри...

Благодарници за брачниот пар Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со брачниот пар од Холандија, Јоана и Кејс Баарс, кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“, од 1991 година редовно испорачуваат хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема за специјализираната болница за превенција и лекување на хронични и респираторни болести во Отешево. Во знак на почит за нивната посветеност и хуманост, Османи...

ФЗОРСМ: Сè почеста е злоупотребата на донации за лекување во странство

Фондот за здравствено осигурување реагира поради, како што велат, сè почестата злоупотреба од граѓани кои собираат донации за лекување во странство. „Во последно време има наплив на барања кои кружат на социјалните мрежи со молба граѓаните да се солидаризираат и да помогнат со уплата на телефонските броеви за донација или директно на сметка во банка“, велат од ФЗОРСМ појаснувајќи дека...

Украина ги легализираше криптовалутите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој ефикасно се легализираат криптовалутите во земјата. Овие промени доаѓаат откако Украина доби донации во криптовалути во вредност од десетици милиони долари од поединци и групи кои се надеваат дека ќе помогнат во воените напори на земјата против Русија, јавуваат светските медиуми. Предлог-законот потпишан од Зеленски беше одобрен од украинскиот парламент минатиот...

[ВИДЕО] Виолинисти низ светот свират стара украинска песна за собирање донации

Илија Бондаренко е млад виолинист од Украина кој преку видео објавено на неговиот Инстаграм профил претстави своја изведба на стара украинска народна песна со цел да ја изрази поддршката за целиот украински народ кој уште еднаш треба да застане цврсто за својата територија. „Денес кога мојата држава се бори за сопствената слобода, за својата територија, за правото да биде држава......

Повеќе апели за хуманитарна помош за нaстраданите во војната во Украина

Битките во Украина не стивнуваат. Според најновите податци кои ги објавија светските медиуми во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков убиен е најмалку 21 цивил, а 112 се ранети. Бидејќи во рушевините кои остануваат од гранатирањата многумина губат сѐ, претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Александр Урбанович упати апел за донации за...

Музејот на современа уметност ја збогати збирката со нови донирани дела од странски уметници

Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ подарија уметнички дела на Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, со што нивната уметничка колекција е збогатена со уште неколку значајни дела. „Светски познатите уметници се свесни за значењето на нашиот музеј, затоа и донираат свои дела. Музејот на современата уметност - Скопје...

Барањата за помош за лекување од ковид-19 ја извади на виделина општинската (не)солидарност

Семејството на покојниот новинар и општински портпарол Драган Ристов од Општината Штип ќе добие само 3.000 денари помош, иако сметката за лекувањето во приватна болница е над 20.000 евра. Така вчера одлучи Советот на општина Штип и покрај тоа што некои од советниците најавија дека сами дополнително ќе донираат свои средства. Ристов почина на петти март, а неговото семејство...

Индија подари над 5,5 милиони дози на вакцини против ковид-19 и почна извоз во странство

Од 20 јануари до сега, Индија донирала над 5,5 милиони дози од нивните две вакцини против ковид-19 „Ковишилд“ и „Коваксин“, информираат од Амбасадата на Индија со надлежност за нашата земја со седиште во Софија. Двете вакцини против ковид-19 се донирани на Бутан (150.000 дози), Малдиви (100.000 дози), Непал (1 милион дози), Бангладеш (2 милиони дози), Мјанмар (1,5 милиони дози),...

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвениот Крст на Македонија информира дека се отворени телефонски броеви за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска. За корисниците на Македонски Телеком отворена е линијата 070 143 400, додека  корисниците на А1 Македонија може да донираат на 075 143 400. „Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите...

Преку донаторски настан студентите на ТМФ и ФЗНХ ќе собираат средства за опремување на лабораториите

Лабораторија на ТМФ / фото: Технолошко-металуршки факултет
Донаторски настан од чии собрани средства ќе се опремуваат лаборатории, најавуваат студентските претставници на Технолошко-металуршкиот факултет и на Факултетот за земјоделски науки и храна. Под името „November Fest“, студентските собранија на овие два факултета со поддршка од Комисијата за наука и Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе организираат едночасовно онлајн дружење каде студентите ќе покажат практични и интересни примери...

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“. Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...