!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените


Скопје, 25 септември, 2016 - 10:27 (META) 

Градската организација на СДСМ Скопје, под мотото „Хумано Скопје подава рака“, организира хуманитарна акција за помош на граѓаните што беа погодени со августовските поплави.

Како што соопштија од партијата, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, во период од 10 до 12 часот, а ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека.

Пунктовите во Аеродром се наоѓаат на паркиралиштето на „Неоком“, кај Железничка станица, паркиралиштето на ОУ „Љубен Лапе“ и на последната автобуска станица на линијата број 5 во населба Ново Лисиче. Пунктовите во Кисела Вода се во паркот спроти Општина Кисела Вода, паркот спроти киното „Расадник“ и на паркиралиштето пред поштата во населба Драчево.


Кампања против ксенофобија насловена „Деца на планетата Земја“


Скопје, 24 септември, 2016 - 11:04 (META) 

Во Паркот на франкофонијата денеска се одржува манифестацијата „Деца на планетата Земја“, која е дел националната кампања против ксенофобија.

„Деца на планетата Земја“ е граѓанска акција на Фондација „Отворено општество“ – Македонија, која порачува дека сите имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно.

Во рамки на манифестацијата, која почнува во 11.30 часот и ќе трае до 19 часот, ќе се одржат изложби, проекции на филмови, работилници за изработка на маици и на постери, а ќе биде отворен и пункт за донации кои се наменети за бегалците на пограничниот премин во Гевгелија. Собраните донации ќе бидат предадени во текот на утрешниот ден.Programa sabota 24.09.2016 2 del (2-2)

 

Организаторите порачуваат дека на бегалците во кампот им се потребни чинии, лажици, вилушки и стаклени чаши за кујните во камповите, како и играчки, разни едукативни боенки, блокчиња, боички, фломастери, школски прибор и слично, кои децата ќе ги коритстат во занималните во кампот.


На двете сметки на Црвен крст собрани 829.669 евра


Скопје, 26 август, 2016 - 14:57 (META) 

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 37.799.764  денари или 614.630 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.224.900 денари, односно 215.039 евра, или вкупно 829.669 евра, соопштија од Црвен крст.

Досега, како што известија од Црвен крст, нивните екипи дистрибуирале:

  • 33.454 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица);
  • 31.004 дневни и топли оброци;
  • 46.013 литри млечни производи;
  • 6.776 пакети со хигиенски производи;
  • 2.519 бебешки пакети;
  • 315 тони вода;
  • 586 душеци;
  • 4.590 кебиња;
  • 600 килограми облека;
  • 764 пара чизми;
  • 341 литар дезинтал.

Акцијата за собирање помош продолжува до 29 август, а собраните средства потоа ќе бидат линеарно распределни на семејствата кај кои е извршена проценка на штетата.


Рокот за за донации за поплавените Црвен крст ќе го продолжи до петок


Скопје, 22 август, 2016 - 14:06 (META) 

Црвен крст ќе го продолжи периодот за донации за граѓаните од поплавените подрачја до петок, изјавија од Црвен крст за „Мета“.

Тоа значи дека со продолжување на акцијата, граѓаните сè уште ќе можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви 075/070/077 143 400.

– Има интерес од граѓаните за донирање и не е фер да ги прекинеме линиите – изјави за „Мета“ секретарот на Црвен крст, Сузана Тунева-Пауновска.

Акцијата на собирање средства беше планирано да трае до 21 август, две недели од отворањето на телефонските линии, но уште тогаш беше најавено дека доколку има интерес, ќе се продолжи периодот на собирање донации.


Собрани 660.158 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви


Скопје, 17 август, 2016 - 15:56 (META) 

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 27.573.229 денари или 448.345 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 13.026.500 денари или 211.813 евра, или вкупно 660.158 евра.

До сега тимовите на Црвен крст дистрибуирале:

27.630 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица)

21.000 дневни оброци

9.700 топли оброци

11.619 литри млеко

15.422 литри јогурт

3.918 пакети со хигиена

583 бебешки пакети

237 тони вода

746 пакети пелени

556 душеци

4.392 ќебиња

600 килограми облека

734 чифта чизми

332 литри дезинтал

98 градежни колички

126 лопати

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае до 21 август, а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации.

По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од полавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен.


Пунктот пред „Веро Центар“ се затвора за донации, останува собирно место за волонтери


Скопје, 17 август, 2016 - 10:08 (META) 

Пунктот пред „Веро Центар“ за собирање помош за настраданите од поплавата, од денеска се затвора за донации и во иднина ќе служи само како собирно место за волонтери кои ќе се упатуваат да помагаат на терен.

– Десет дена собиравме помош од граѓаните за настраданите и проценивме дека повеќе нема потреба. Луѓето во поплавените подрачја полека се враќаат во нормала, отворени се дел од продавниците каде што можат да си ги купат потребните производи – изјави Драган Додевски за „Мета“.

Тој е презадоволен од досегашниот одзив на луѓето и компаниите и вели дека сета помош била доставена до семејствата.

Пунктот пред „Веро Центар“ ќе биде собирно место за волонтерите, и според Додевски тие веќе ги мапирале социјално-загрозените семејства на кои им е потребна помош на терен.

– Од името на сите волонтери, сакам да искажам благодарност до сите граѓани, компании и организации кои се одважија на нашиот апел да помогнат на жителите од поплавените подрачја. Продолжуваме со работа на терен, им стоиме на располагање на сите, кои на било кој начин сакаат да се вклучат во санација на штетите предизвикани од поплавата – вели Додевски.


Собрани 637.454 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви


Скопје, 16 август, 2016 - 15:56 (META) 

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 26.270.940  денари или 427.170 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.932.500 денари или 210.284 евра, или вкупно 637.454 евра.

До сега, од 150 волонтери и професионалци на Црвен крст се дистрибуирани:

27.028 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица)
21.000 дневни оброци
9.700 топли оброци
11.619 литри млеко
15.422 литри јогурт
3.765 пакети со хигиена
558 бебешки пакети
215 тони вода
732 пакети пелени
556 душеци
4.128 ќебиња
600 килограми облека
491 чифт чизми
332 литри дезинтал

Од Црвен крст апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции, со цел поефикасно справување со последиците од природната катастрофа.

 


Над 350.000 евра собрани донации за настраданите во поплавите


Скопје, 14 август, 2016 - 16:07 (META) 

Над 350.000 евра се собрани на жиро сметката на фондот за солидарност при Црвениот крст за помош на погодените од поплавите.

Парични донации и понатаму се собираат преку телефонскиот број 143 – 400 од сите домашни мобилни оператори, а цената на еден повик е 100 денари.

Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода.


СДММ ќе организира солидарни акции низ градовите за поплавените подрачја


Скопје, 12 август, 2016 - 19:11 (META) 

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) викендов низ повеќе градови низ државата ќе организира акции на коишто ќе бидат собирани донации.

– Најпотребна е конзервирана и храна која има подолг рок на траење како и вода и средства за хигиена, средства за чистење и дезинфекција – се вели во соопштението на СДММ.

Оттаму информираат дека младите активисти на СДММ од Скопје во меѓувреме продолжуваат со теренска помош и работа во поплавените региони.

Ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во хуманитарните акции за собирање донации за граѓаните од настраданите подрачја.


На граѓаните најпотребни им се средства за чистење, дезинфекција и лекови


Скопје, 11 август, 2016 - 16:24 (META) 

Волонтерите организирани преку групата „Хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Скопје“ и денеска на пунктовите во „Сити мол“ и кај „Веро центар“ собираат донации од граѓаните за лицата кои беа погодени од поплавите.

Како што велат волонтерите, моментално најпотребни се средства за чистење и дезинфекција.

„Покрај храна и вода кои се најосновните работи, веќе имаме потреба од средства за чистење и дезинфекција. Исто така потребни се и лекови за стомачни вируси и на одредени места се потребни лекови за срце и хронични заболувања“ велат активистите.

Исто така, тие велат дека сите граѓани кои сакаат да помогнат, без оглед дали имаат опрема можат да одат во еден од двата пункта, па оттаму заедно ќе се организираат како да се стигне до граѓаните кои живеат во подрачјата кои беа зафатени од поплавите.