fbpx
Таг: Доналд Туск

таг: Доналд Туск

Туск во Софија на бугарски ги воспеа и им го направи ќеифот на Бугарите

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западниот Балкан, порача вчера на бугарски јазик претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, говорејќи на церемонијата за бугарското претседавање со Советот на ЕУ, која се одржа во театарот „Иван Вазов“ во Софија, јавуваат бугарските медиуми. Говорот го одушеви и Џејмс Крисп, дописникот на лондонски „Телеграф“ од Брисел, кој...

Туск: Историјата на Балканот е подраматична од „Игра на тронови“ иако нема змејови

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од дејството во популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones). Тој, на инаугурацијата на бугарското претседателство со ЕУ, во Софија, предупреди дека на Западен Балкан, каде Брисел се обидува да воспостави тесни врски со земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ, не...

Платите во Европска Унија ќе се зголемат и до 500 евра во 2018 година

Платите и пензиите на работниците во земјите-членки на Европска Унија ќе бидат зголемени за 1,5 отсто, почнувајќи од 1 јули 2018 година, што значи дека месечната плата, може да биде зголемена и до 500 евра. Заводот за статистика на Европска Унија, „Евростат“ го пресмета зголемувањето на платите врз основа на платата на јавните службеници во земјите-членки на ЕУ и зголемување на трошоците...

Туск: Има напредок со Британија околу прашањето за Ирска

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ се доближуваат до напредок во врска со прашањето на статусот на границата со Ирска. Туск на „Твитер“ наведе дека е охрабрен од разговорите со премиерот на Ирска и дека е остварен напредок за декемврискиот самит на ЕУ. Преговарачот на Европскиот парламент, Ги Верхофстат, рече дека во...

Иванов побарал од Туск позитивна порака за деблокада на интеграцијата на Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, побарал „нов импулс и испраќање позитивна порака“ за деблокирање на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и почеток на пристапните преговори за членство. Во фокусот на средбата на Иванов со Туск биле европската иднина на Македонија и сè она што го прави земјата за конечно...

Иванов во Брисел ќе се сретне со Туск

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов, кој се наоѓа во дводневна посета на Кралството Белгија, утре ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната...

Иванов во дводневна работна посета на Брисел

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од утре ќе претстојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија денеска од неговиот кабинет. Утре, како што информираат од кабинетот, Иванов ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. В четврток, македонскиот претседател ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено...

Туск предложи амбициозна реформа на ЕУ по Брексит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предложи амбициозна програма која предвидува 13 самити за две години за заживување на Европската Унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата. Туск го упати својот предлог по апелите за заживување на ЕУ, кои неколкупати ги упатија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и францускиот претседател Емануел Макрон. Програмата почнува со самитот на ЕУ в...

Туск сослушан во истрагата за падот на авионот на Лех Качински

Претседателот на Европскиот совет и поранешен премиер на Полска, Доналд Туск, денеска даде исказ во обвинителството во Варшава во својство на сведок во истрагата за падот на авионот на полскиот претседател кај Смоленск во 2о1о година, при што загина претседателот Лех Качински, како и 95 патници и членови на екипажот. Опозицијата тврди дека повикувањето на Туск да сведочи претставува политички...

Заев побара поддршка од Туск за решавање на блокадата на процесот на пристап кон ЕУ

На средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, денеска македонскиот премиер Зоран Заев порачал дека новата влада е подготвена да води квалитетен реформски процес, но истовремено ја нагласил важноста на поддршката од Европскиот совет за наоѓање решенија да се спречи билатералните прашања да претставуваат пречка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. На средбата, премиерот бил...

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада. „Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност...

Лидерите на ЕУ и Трамп не се согласни за многу прашања, рече Туск

Претседателот на Европскиот Доналд Туск изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и високите претставници на ЕУ не успеале да најдат заеднички јазик за многу прашања на денешниот состанокот во Брисел. Меѓу проблемите ги наведе климатските промени и трговијата, додека за борбата против тероризмот се согласни. - Сигурен сум дека не мора да објаснувам зошто, но некои прашања остануваат отворени, како што...

Ципрас – Туск: Балканските земји да се откажат од национализмот ако сакаат да влезат во ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, во Атина, на заедничката прес-конференција посочи дека очекува од балканските држави да стават крај на националистичкото однесување ако сакаат да станат дел од Европската Унија. - Европската перспектива на Балканот треба да се заснова на оддалечување од национализмот и на почит на принципите на добрососедските односи...

Бејли: Иванов и Собранието да го придвижат процесот на формирање влада

„Го повикуваме претседателот да го придвижи процесот. Исто така, важно е Собранието да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав“. Ова денеска го изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Денот на НАТО во...

СДСМ: Мора да проработи здравиот разум наместо нафтата на Мијалков

Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, стои во утринското соопштение на СДСМ, од каде велат дека се потврдило „сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси, поради криминални интереси“. „Здравиот разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков. Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во...

СДСМ: Европа гледа дека Иванов не се однесува демократски, пристојно и со здрав разум

Европа и светот гледаат дека однесувањето на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и на здрав разум и затоа таква е последната порака од лидерите и од институциите на Европската Унија, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, се вели во реакцијата на СДСМ по заедничката прес-конференција на Иванов и на Туск. „Ѓорѓе...

Туск до Иванов: Најдете решение засновано на демократски принципи и на здрав разум

„Кризата ја носи земјата наназад и ваша задача е да најдете решение што ќе биде засновано на демократски принципи, пристојност и на здрав разум. Само такво решение ќе биде одржливо. Кога ќе го најдете, можете да сметате на нашата поддршка“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конфренција со својот домаќин, претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Како што рече...

Почна средбата Иванов – Туск

Точно во 14 часот почна средбата меѓу претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој денеска е во посета на земјава. Главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, но и политичката состојба во земјава. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе го запознае Туск со...

ДС: Туск дојде во земјата на апсурдите

Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Собранието, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, оцени денеска Демократскиот сојуз. ДС оценува...

Заев: Очекувам Туск на Иванов да му пренесе прецизна порака од Европа за кризата

Очекувам од високиот претставник на Европската Унија, (Доналд Туск, н.з.) кој е во посета на Македонија и има закажано состанок со претседателот Ѓорге Иванов, да пренесе прецизни укажувања од пријателска Европа околу излезот и решението на политичката криза. Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на рочиштето во Основен суд Скопје 1 за случајот „Поткуп“. Заев рече оти...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...