fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми. Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да...

Вашингтон Пост: Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје при претресот кај Трамп

ФБИ се обиде да пронајде доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, меѓу другите предмети, кога агентите го претресоа одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, оваа недела, изјавија за Вашингтон пост луѓе запознаени со истрагата, пренесе Си-Ен-Ен. Според овој извор, не е познато дали такви документи се најдени во Палм Бич каде се наоѓа куќата...

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури упаднале и во неговиот сеф. Според извори на Си-Ен-Ен, додека се...

САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со Пригожин и изборите во САД

Стејт департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за надворешни обиди за мешање во процесот на избори во САД. Департментот ги издвои руската ИРА (Агенција за истражување на Интернет) и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин, кој е клучен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој обезбедува средства за ИРА преку компании...

Трамп со часови го гледал на ТВ нападот на Капитол одбивајќи да повика на прекин на насилството

Доналд Трамп со часови го гледал во живо на телевизија нападот на Капитол на САД на 6 јануари, игнорирајќи ги молбите на неговите деца и другите блиски советници да ги повика неговите поддржувачи да го прекинат насилството, изјавија сведоци на сослушувањето во Конгресот во четвртокот, пренесе Ројтерс. Избраната комисија на Претставничкиот дом го искористи осмото сослушување летово за да го...

На 73-годишна возраст почина Ивана Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп

Ивана Трамп, долгогодишнa бизнисменка и поранешна сопруга на Доналд Трамп, почина во својот дом во Њујорк на 73-годишна возраст, објави Си-ен-ен. Полициската управа на Њујорк подоцна во четвртокот соопшти дека „изгледа дека нема криминал“ поврзан со смртта на Ивана Трамп. Според соопштението, полицијата примила повик 911 за „помош на лице“ околу 12:40 часот и пронашле „73-годишна жена во несвест која...

Вистиномер: Не е вистина дека политичкиот консултант Џон Подеста е егзекутиран

Џон Дејвид Подеста Џуниор, е роден на 8 јануари 1949 година и наспроти тврдењето во постот што го рецензираме дека бил убиен, тој е жив. Теоријата на заговор околу тоа дека Подеста наводно учествувал во трговија со луѓе и трговија со деца за сексуални услуги, потекнува од 2016 година и е позната под името Пица Гејт. Станува збор...

Вистиномер: Не е точно дека Бајден изгубил на претседателските избори во САД во 46 држави

Не е вистина дека 46 од 50 држави во САД утврдиле дека Бајден ги изгубил гласовите во нивната држава, како што се тврди во постот што го рецензираме. Пребројувања на гласовите од претседателските избори во 2020 година, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, не беа спроведени во 46 држави во САД, туку во неколку држави. Бајден ги доби мноштвото од...

Сослушување за нападот на Капитол: Трамп го запали фитилот

По повеќе од 18 месеци од нападот на американскиот Капитол, на 6 јануари 2021 година, во четвртокот се одржа долгоочекуваното сослушување водено од Комитетот што го истражува инцидентот. Тоа е првото сослушување во серијата која се очекува овој месец, што треба да ги открие деталите од истрагите во кои се вклучени и интервјуа со повеќе од 1.000 луѓе за...

Баниран на Твитер, Доналд Трамп лансираше своја социјална мрежа

Социјалната мрежа „Truth Social“, развиена од новата компанија за медиуми на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почна да функционира во ограничена форма и веќе е достапна за преземање од продавницата за апликации на „Епл“ (Apple) во САД. Она што корисниците прво го забележале на „Truth“ е дека платформата многу наликува на Твитер, „омилената“ социјална мрежа на Трамп пред тој да...

Доналд Трамп најави создавање на своја социјална мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги најави своите планови за отворање нова социјална мрежа наречена „Вистина“ (TRUTH Social), јавуваат светските новински агенции. Трамп вели дека платформата „ќе се спротивстави на тиранијата на големата технологија“, обвинувајќи ги главните социјални мрежи дека ги замолчуваат опозициските гласови во САД, пишува „Би-би-си“. Социјалните мрежи одиграа клучна улога во кандидатурата на Трамп за прв човек во...

„Гардијан“: Тајни документи од Кремљ покажуваат заговор на Путин за да го инсталира Трамп во Белата куќа

Лондонскиот весник „Гардијан“ објави ексклузивни документи кои сугерираат дека Русија на почетокот на 2016 година започнала таен мулти-агенциски напор да се замеша во американската демократија. Наводно, рускиот претседател Владимир Путин лично одобрил тајна шпионска операција за поддршка на „ментално нестабилниот“ Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2016 година, за време на затворената седница на Рускиот совет за...

Трамп не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп навести можна кандидатура за претседател на претседателските избори во САД во 2024 година. Во својот говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Орландо, Флорида Трамп ги демантираше гласините дека планира да формира нова партија. „Јас ќе продолжам да се борам на вашата страна. Не стартуваме нови партии. Ние ја имаме Републиканската партија. Ќе биде...

Сенатот го ослободи Трамп за обвинението дека ги поттикнал насилствата во Капитол Хил

Сенатот го ослободи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп за обвинението дека ги поттикнал немирите на шести јануари во Капитол хил, во кој имаше и загинати. На судењето, 57 сенатори гласаа дека Трамп е виновен, а 43 против. Иако имаше повеќе гласови за покренување обвинение, сепак за Трамп да биде отповикан требаше да гласаат 67 од стоте сенатори. По повод...

Сенатот гласаше да му се суди на Трамп – постапката за отповикување продолжува

Судењето во Сенатот на доскорешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е уставно правилно и ќе се одржи во рамките на постапката за негово отповикување, поради поттикнувањето на насилствата на Капитол Хил на 6 јануари и упадот во Конгресот, реши Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД, јавија светските медиуми. Мнозинството сенатори не се согласија со аргументацијата на адвокатите на...

Џо Бајден е новиот претседател на САД: Америка беше тестирана и излеговме посилни

Новиот претседател на САД, Џо Бајден денеска стапи на функцијата, откако го одржа својот говор на полагањето заклетва. Тој порача дека Америка ќе ги обнови сојузништвата и ќе биде пример за сите. Главната порака на церемонијата на положување заклетва беше за обединување на земјата. „Знам дека силите кои нè разделуваат се силни и се реални. Но исто така знам дека...

Трамп замина од Белата Куќа

Досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп на неколку часа пред инаугурацијата, односно заклетвата на неговиот наследник Џо Бајден, денеска во условно земено неформални услови ја напушти резиденцијата и Кабинетот на првиот човек на САД и замина со претседателски хеликоптер кон воената база „Ендрјус“ близу главниот град на САД, од каде отпатува со претседателски авион на Флорида. Со тоа Трамп...

Бајден ќе ги врати САД во Парискиот климатски договор и ќе почне „отворање“ од ковид кризата

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише повеќе од 10 укази и наредби, меѓу кои и за враќање на САД во Парискиот климатски договор и прекин на забраната за патување од претежно муслимански земји, извести Си-ен-ен. Покрај другите одлуки со кои ќе се поништат претходни одлуки на Трамп што предизвикуваа...

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 јануари, кога му истекува...

Отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом, конечниот збор е на Сенатот

По неколку часа парламентарна дебата, Претставничкиот дом односно долниот дом на Конгресот на САД ја изгласа резолуцијата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп на помалку од една седмица пред крајот на неговиот мандат. Резолуцијата, односно одлуката, го товари првиот човек на САД за „поттикнување бунт“ за неговиот говор минатата седмица, кој доведе до насилни протести и упад во Законодавниот...

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...