fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....

Трамп очекува да биде уапсен во вторник, повторно повикува на протести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со истрагата од страна на окружниот обвинител на Менхетен следната недела и повика на протести додека органите на редот во Њујорк се подготвуваат за можното обвинение, пренесе Си-ен-ен. Во објава на социјалните мрежи, Трамп, мислејќи на себе, рече дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите...

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм

Компанијата „Мета“ вчера објави дека ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм, две години по неговата првична суспензија, пренесуваат медиумите во САД. Во својот блог „Мета“ рече дека ќе ги врати корисничките сметки на Трамп во текот на следните неколку недели. Доколку поранешниот претседател уште еднаш ги прекрши политиките за содржина...

Комитетот за истрага за упадот во конгресот бара Доналд Трамп кривично да се гони

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп можно е да биде кривично гонет поради упадот на симпатизерите на Трамп во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Комитетот за истрага за упадот во американскиот Конгрес донесоа едногласна одлука да предложат до правосудството да покрене обвинение против Трамп. Ова е првпат во историјата на САД, Конгресот да преземе ваква акција против американски претседател,...

Две пресуди за десничарски милитанти во врска со упадот во Конгресот

Водач на крајно десничарска милитантна организација е прогласен за виновен за заговор за спречување на постапката за преземање на функцијата на претседателот на САД, по изборите во 2020 година, јави Би-Би-Си. На големо судење со порота, Стјуарт Роудс, основач на „Оут Киперс“ (Oath Keepers - Почитувачи на заклетвата), по два месеца судски рочишта, беше прогласен за ретко споменуваното кривично дело...

Маск го врати суспендираниот Твитер-налог на Трамп

Твитер-налогот на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, којшто беше суспендиран откако неговите приврзаници на 6 јануари минатата година го нападнаа Капитолот во исчекување на прогласувањето на Џо Бајден, противкандидатот на Трамп за победник на претседателските избори, е вратен. Ова е дело на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, кој е најбогатиот човек на светот. Тој ја поништи забраната за...

Генерал Патон не му е татко на Доналд Трамп

Таткото на Трамп, Фред, (Фредерик Крист Трамп) е роден во Њујорк 1905 година, а родители му се германски имигранти, Елизабет Крист и Фредерик Трамп. Мајката на Трамп, Мери Ен, е родена на остров и е една од десетиците илјади граѓани на Шкотска кои патувале во САД и Канада во раните години на минатиот век, барајќи начин да ги избегнат...

Маск преку онлајн анкета прашува дали Трамп да се врати на Твитер, гласаат по еден милион профили на час

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој неодамна ја купи една од најкористените социјални мрежи, Твитер, објави онлајн анкета на која бара корисниците на оваа мрежа сами да одлучат дали да го реактивира профилот на поранешниот претседател Доналд Трамп. По шест часа откако ја објави анкетата, Маск напиша дека гласале по околу 1 милион Твитер профили на час. Trump poll getting...

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом во САД

Републиканската партија ја врати контролата на Претставничкиот дом во САД со тесно мнозинство, со што добиваат можност да му ја заматат агендата на претседателот Џо Бајден од Демократската партија, односно да започнат низа истраги против него, објави Асошиејтед прес (АП). Но, тесното мнозинство ќе значи голем предизвик за републиканците и ќе го искомплицира нивното владеење со домот, пишува АП. Една...

Избори во САД: Трамп се жести на подемот на републиканскиот ривал Де Сантис

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нападна гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, a ривалството меѓу двајцата републиканци зовре. Како што пренесе Би-би-си, Трамп го омаловажи својот поранешен политички ривал нарекувајќи го „просечен“ гувернер, без „лојалност“. Де Сантис (44) победи на реизборот со убедлив резултат во вторникот, запечатувајќи го неговиот статус како ѕвезда во подем на Републиканската партија. Се очекува тој...

Денеска избори во САД коишто ќе определат кој ќе ја има контролата во Конгресот

Милиони американски граѓани денеска гласаат на избори за нови членови на Конгресот, кои ќе определат кој ќе ја има контролата во парламентот на САД. На изборите се избираат членовите на двата дома на Конгресот, и тоа сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот. Воедно, на денешните избори се гласа и за повеќето гувернери на...

Не е вистина дека Трамп се вратил на Твитер и му заблагодарил на Маск

Во постот се вели дека Трамп се вратил на Твитер и за тоа му се заблагодарил на новиот сопственик на социјалната мрежа Илон Маск. Притоа, на самата објава прикачена е фотографија која преставува исечок од наводниот твит на Трамп во кој тој изразува благодарност до Маск. Ова не е вистина.  Твитот којшто е објавен на фотографијата не е навистина...

Прилог на Фокс њуз злоупотребен за да се промовира теоријата на заговор на Кју анон

Во видеото споделено во постот што го рецензираме не е прикажан телевизиски прилог во кој Фокс њуз известува за гласачки ливчиња кои биле дел од операција за изборна измама. Ниту пак, во прилогот се известува дека Бајден се апси и приведува и дека како измамници ќе живеат во наредните денови во Гвантанамо и дека ќе се соочат со воен...

Доналд Трамп повикан да сведочи за неговата улога во немирите во САД од 6 јануари минатата година

Комисијата на Претставничкиот дом која ги истражува немирите што се случија на 6 јануари 2021 година во Капитол во САД му издала покана за сведочење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, јавија медиумите во САД. Комитетот, кој оваа одлука ја донел едногласно, бара сведочење под заклетва од Трамп, чии поддржувачи упаднаа во Капитол додека Конгресот беше состанат за да ја...

Сојузникот на Трамп, Стив Банон, осуден на 4 месеци затвор поради непочитување на Конгресот

Поранешниот советник на Доналд Трамп во Белата куќа, Стив Банон, е осуден на четири месеци затвор за обвинението за непочитување на Конгресот. Банон ги отфрлил барањата да достави документи и да сведочи пред комитетот што го истражува нападот на Капитол од 6 јануари минатата година, објави „УСА Тудеј“. Освен затворската казна, Банон ќе треба да плати и 6.500 американски долари. На...

Медиумската компанија на Доналд Трамп ги прекршила федералните закони, тврди свиркач

Ко-основачот на компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп стана свиркач, тврдејќи дека фирмата ги прекршила федералните закони за хартии од вредност и дека поранешниот американски претседател вршел притисок врз извршните директори да ѝ ги предадат акциите на неговата сопруга Меланија Трамп, објави „Вашингтон Пост“. Поранешниот извршен директор на „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“, Вил Вилкерсон, пријавил дека за да...

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп. Не постојат докази за никакви киднапирања на деца, а уште...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп останува забранета на „Гугл Плеј Стор“

Платформата за социјални мрежи „Truth Social“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и понатаму е недостапна на „Гугл Плеј“ – онлајн продавницата на „Гугл“, каде е забранета поради тоа што ги прекршува нејзините политики за модерирање и забрана на содржини кои вклучуваат физички закани и поттикнување насилство, пренесе „Би-би-си“. Ова значи дека корисниците со телефони со оперативен систем Андроид, кои...

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми. Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да...

Вашингтон Пост: Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје при претресот кај Трамп

ФБИ се обиде да пронајде доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, меѓу другите предмети, кога агентите го претресоа одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, оваа недела, изјавија за Вашингтон пост луѓе запознаени со истрагата, пренесе Си-Ен-Ен. Според овој извор, не е познато дали такви документи се најдени во Палм Бич каде се наоѓа куќата...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...