fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Трамп победи во три сојузни држави во САД

Доналд Трамп победи во уште три американски држави на партиските избори за републиканска номинација за претседател на САД. Меѓу демократите, Берни Сандерс оствари неочекувана победа во Мичиген, додека Хилари Клинтон го зголеми водството со голема победа во Мисисипи. Тед Круз оствари победа на републиканските избори во Ајдахо, пренесува „Би-би-си“. Трамп, бизнисмен без искуство на јавни функции, води во анкетите во Флорида каде...

Избори во САД: Трамп и Круз изедначени, Сандерс пред Клинтон

Сенаторите Тед Круз и Берни Сандерс освоиле значаjни победи на синоќешната нова серија на републикански и на демократски партиски избори за претседателска номинација на САД. Но, Доналд Трамп и Хилари Клинтон го зајакнале својот статус на фаворити. На изборите во четири сојузни држави во САД, Доналд Трамп и Тед Круз оствариле по две победи, додека Берни Сандерс ја победил Хилари...

И Трамп меѓу 376 номинирани за Нобелова награда за мир

Одборот за доделување на Нобеловата награда за мир оваа година примил рекордни 376 номинации за престижната награда. - Убаво е да се види дека толку многу луѓе и организации го искористија правото на номинација – рече претседателот на норвешкиот одбор Олав Њолстад. Оваа година номинирани се 228 поединци и 148 организации. Помеѓу номинираните се и Едвард Сноуден, жителите на грчкиот остров...

Победа за Клинтон и за Трамп во „супер вторник“

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ги зголемија своите шанси за кандидатура на претседателските избори во САД по гласањето за време на т.н. „супер вторник“. Избирачите се изјаснуваа во 12 држави, а двајцата најпопуларни кандидати на Демократската и на Републиканската партија победија во седум држави. Клинтон во дуелот со Берни Сандерс победи во Алабама, Арканзас, Џорџија, Масачусетс, Тенеси, Тексас и во Вирџинија,...

Трамп и Клинтон ги освоија предизборите во Невада

Кандидатот за републиканска номинација за претседател на САД, Доналд Трамп вчера ги освои предизборите во сојузната држава Невада, покажуваат проекциите на телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“, со што значајно се зацврсти неговиот статус главен кандидат во трката на Републиканците за Белата куќа. Според првичните резултати, главните противкандидати за републиканска номинација, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас, Тед Круз се...

Трамп победи во Јужна Каролина, Клинтон во Невада на предизборите за претседател на САД

Доналд Трамп од редовите на Републиканската партија и кандидката од таборот на демокатите, Хилари Клинтон, однесоа победи во предизборните трки за претседател на САД, во сојузните држави Јужна Каролина, односно Невада. Со победата во Јужна Каролина, која е втора по ред за Трамп, по таа во Њу Хемпишр, милионерот ја зацврсти својата позиција како најсериозен републикански кандидат за претстојните избори...

Папата Франциск смета дека Доналд Трамп не размислува христијански

Папата Франциск ги стави под знак прашалник христијанските убедувања на кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп, кој повикува на подигнување ѕид долж границата со Мексико, пренесува „Би-Би-Си“. „Личност која размислува само за градење ѕидови, каде и да било, а не за градење мостови, не е христијанин“, изјавил папата пред крајот на...

Сандерс и Трамп го освоија Њу Хемпшир

Доналд Трамп и Берни Сандерс, кандидатите на републиканците и на демократите, поприлично ја растресоа трката за кандидат за претседателските изброи, со своите победи во државата Њу Хемпшир. Тоа е нивен прв триумф во кампањата за освојување кандидатура за републикански, односно демократски кандидат на ноемвриските избори за претседател на САД. Берни Сандерс, сенатор од Вермонт, кој ја победи Хилари Клинтон, порача...

Круз го победи Трамп на предизборите во Ајова

Сенаторот од Тексас, Тед Кру, со 28 отсто гласови победи на предизборите на Републиканската партија во сојузната американска држава Ајова, оставајќи го зад себе Доналд Трамп, кој освои 24 отсто од гласовите. Во Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, биле изедначени на првото гласање за партиска претседателска номинација. Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, со...

Утре прво гласање во САД, Трамп и Клинтон – фаворити

Потенцијалните кандидати за претседател на САД, по цела година расправа и кампања, утре пред избирачите ќе излезат во Ајова, каде ќе бидат одржани првите партиски избори. Милијардерот Доналд Трамп, кој од летово убедливо води во трката за републиканската претседателска номинација, и понатаму е фаворит на национално ниво, но во Ајова таа предност е многу мала. Слична е ситуацијата и кај демократите....

Трамп ја прескокна дебатата, но триумфираше на интернет

Доналд Трамп ја прескокна седмата телевизиска дебата на републиканските претседателски кандидати, но триумфираше во коментарите на социјалните мрежи. Трамп бил најпребаруван кандидат на „Гугл“ за време на дебатата, покажуваат податоците на интернет-пребарувачот, кој бил спонзор на дебатата заедно со телевизискиот канал „Фокс њуз“. Доналд Трамп доминирал и во коментарите на „Твитер“ во споредба со другите кандидати. Тој во текот на дебатата бил...

Трамп ќе троши два милиони неделно на реклами против непријателите

Американскиот милијардер Доналд Трамп, кој води во трката за републиканската кандидатура за претседателските избори во САД во 2016 година, вчера најави дека ќе потроши милиони долари за телевизиски реклами. Трамп, кој сам си ја финансира својата кампања, досега не трошеше пари за рекламни спотови. Но, како што се приближуваат изборите, тој најави дека ќе ја смени тактиката. - Ќе издвојувам најмалку...

Клинтон: Трамп веќе не е смешен, туку опасен

Претендентот за номинација за претседателски кандидат на демократите, Хилари Клинтон, по изјавата на Доналд Трамп да им се забрани влез на муслиманите во САД, изјави дека тој повеќе не е смешен, туку опасен и оти политичката елита има мака да одговори на неговите испади затоа што во основа не го „разбира тој феномен“, пишува „Њујорк тајмс“. Клинтон вели дека до...

Мнозинството Американци се против предлогот на Трамп

Стотина активисти протестираа пред хотелот на Доналд Трамп, претендент за републикански претседателски кандидат, во центарот на Њујорк, изразувајќи несогласување со неговата изјава дека треба да им се забрани влез на муслимани во САД. Учесниците на демонстрациите во Њујорк рекоа дека тој со својата изјава само го зајакнал бранот на исламофобија. Повеќето Американци се против предлогот на Трамп, на муслиманите да им...

Трамп ја откажа посетата на Израел

Доналд Трамп, кандидат на републиканската партија за номинација за претседател на САД, ја откажа посетата на Израел, тврдејќи дека земјата ќе ја посети кога ќе „стане претседател на САД“. Трамп изјави дека патот го одложува затоа што тој станал проблематичен за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во Израел остро се противат на доаѓањето на Трамп поради неговата изјава дека на муслиманите треба да...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...