fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Трамп назначи милионер и поранешен банкар за секретар за финансии

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го избра милионерот Стивен Мнучин за секретар за финансии во новата администрација. Мнучин 17 години беше партнер во банката „Голдман Сакс“, а во 2002 година основа сопствен фонд и беше главен финансиер на претседателската кампања на Трамп. Трамп, исто така, го именуваше и милионерот Вилбур Рос, познат по спасување пропаднати компании, за секретар за трговија,...

Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со...

Трамп бара одземање на државјанството или затворска казна за палење на знамето на САД

Секој што ќе го запали американското државно знаме треба да се соочи со последици, како одземање на државјанството или затворска казна, смета новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ваквиот став, Трамп денеска го соопшти преку порака на својот официјален твитер-профил. „Никому не смее да му биле дозволено да го пали американското знаме. Доколку некој го запали, мора да има последици -...

Сè уште неизвесен датумот за средба помеѓу Путин и Трамп

Сè уште не е одреден конкретен датум за првиот состанок на рускиот претседател Владимир Путин и избраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Ова го изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. - Секако дека состанокот помеѓу двајцата лидери е можен, но кога тој ќе се случи, не е познато – изјави Ушаков. Путин и Трамп првпат разговараа на телефон пред две недели,...

Трамп го поканил Орбан да го посети Вашингтон

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого, меѓу другото, го поканил да го посети Вашингтон, јавуваат светските медиуми. Орбан, во интервју објавено на интернет-изданието на унгарскиот весник „Вилагаздашаг“, вчера изјавил дека Трамп му ставил до знаење дека многу ја цени Унгарија. Унгарскиот премиер изјавил дека му рекол на Трамп оти долго не бил...

Трамп повика на единство на Денот на благодарноста

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на благодарноста повика на единство на нацијата. Низ призмата на тоа што тој го нарекува „долга и болна“ изборна кампања, Трамп рече дека емоциите во земјата се „сурови“. - Дојде време да почнеме да ги лечиме нашите разлики, но тензиите не можат да исчезнат преку ноќ – рече Трамп. Тој призна дека на...

Меланија и Барон Трамп во Белата куќа ќе пристигнат кога ќе заврши школската година

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга и неговиот најмлад син, Меланија и Барон, во Белата куќа ќе се вселат откако ќе заврши учебната година. Трамп на 20 јануари 2017 година ќе биде инаугуриран како 45. американски претседател. Учебната година во Америка завршува на крајот на пролетта или почетокот на летото. Трамп ова го изјави откако во јавноста излезе информација дека неговата сопруга...

Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија. Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи го и новиот претседател на...

Кралицата Елизабета ќе го покани Трамп да ја посети Велика Британија

Кралицата Елизабета ќе го покани новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да ја посети Велика Британија следната година, за да ги потврдат блиските врски меѓу двете земји, јавуваат светските медиуми. Договорите за посета на претседателот Трамп на Велика Британија ќе почнат наскоро, за посетата да се реализира во јуни или во јули следната година. По победата на претседателските избори, Трамп ја...

Сешанс е новиот државен обвинител на САД, а Помпео – директор на ЦИА

Сенаторот од Алабама, Џеф Сешанс, ја прифати понудата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, да ја преземе функцијата државен обвинител на САД. Сешанс беше обвинител сè до 1996 година, кога беше избран за сенатор на Републиканската партија во сојузната држава Алабама. За време на годинешната претседателска изборна кампања, тој беше еден од најблиските соработници на Доналд Трамп. Претходно, пензионираниот генерал Мајкл Флин...

Литванија стравува дека Путин би можел да ја тестира НАТО

Литванија предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја тестира Северноатлантската алијанса (НАТО) во неделите пред Доналд Трамп и официјално да стане претседател на САД. Министерот на надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, рече дека „многу стравува“ за Балтикот, како и за сирискиот град Алепо. - Русија не е суперсила, таа е суперпроблем – рече Линкевичиус за „Би-би-си“. Москва тврди дека...

Кризата во Украина и во Сирија, ИД и Трамп во фокусот на средбата меѓу Обама и Меркел

Кризата во Украина и во Сирија, борбата против Исламска држава, трансатланската трговија и исходот од претседателските избори во САД, биле главни теми на денешната средба меѓу американскиот претседател, Барак Обама, и германската канцеларка, Ангела Меркел, соопштија тие на заедничката прес-коференција по средбата. Американскиот претседател се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување. Обама за Меркел рече дека...

Демонстранти упаднаа во фоајето на транзициониот тим на Трамп

Група демонстранти упаднаа во зграда во Вашингтон каде транзициониот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги врши подготовките за почетокот на неговиот претседателски мандат. На социјалните медиуми се појавија фотографии и видеоснимки од демонстрантите, организирани од американската еврејска активистичка група „Иф нот нау“, како се собираат пред и во самата зграда. https://twitter.com/rachelhinda/status/799249497364668416 Демонстрантите бараат главниот стратегист на Трамп за Белата куќа, Стивен...

Трамп го направи невозможното, Ле Пен може да победи во Франција, смета Валс

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, има шанси да победи на претседателските избори во Франција, закажани за следната година. - Можно е. Тоа значи дека целосно се сменила политичката рамнотежа– рече Валс, одговарајќи на прашање на економската конференција во Берлин, предупредувајќи на „опасноста која ја претставува екстремната десница“. Ле Пен неодамна изјави дека изборот на...

Хилари Клинтон призна дека е разочарана од поразот на претседателските избори

Во своето прво појавување во јавноста по големиот пораз на претседателските избори во САД од Доналд Трамп, претседателската кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, не ја скри својата разочараност. Во говорот што го одржа во Вашингтон, таа рече дека по објавувањето на резултатите не сакала „никогаш повеќе да го напушти својот дом“. - Ќе признаам дека доаѓањето тука не беше лесна работа. Имаше...

Трамп не би се осудил да го смени договорот со НАТО, оцени генерал Павел

Претседавачот со Воениот комитет на НАТО, генерал Петр Павел, синоќа изјави дека предлогот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека САД би можеле да ги напуштат своите договорни обврски кон НАТО се „несериозни“. Договорот, истакна Павел, е толку обврзувачи и важен за САД и за нејзините сојузници што ниту еден претседател не би се осудил да го смени. Генерал Павел,...

E-печалбарите од Велес што пропагираа за Трамп ги освоија светските медиуми

Македонските тинејџери од Велес станаа глобална атракција откако дел од светските медиуми тврдеа дека велешаните, преку нивните пропагандистички веб-страници со лажни вести, влијаеле на тоа републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, да седне во Белата куќа. Откако во април минатата година „Мета“ пишуваше за петтемина млади велешани, сопственици на веб-страници што пренесуваат пропагандистички, најчесто лажни вести поврзани со избраниот...

Со Трамп за претседател, САД и Сирија може да бидат природни сојузници, смета Асад

Сирискиот претседател Баша ал Асад синоќа изјави дека Дамаск мора „да причека и да види“ дали новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе ја смени политиката на Вашингтон кон Сирија, но оти е подготвен да соработува со него во борбата против исламистите. Во своите први коментари по победата на Трамп, Асад рече дека републиканскиот лидер дал ветувачки изјави за потребата за...

Трамп ги избра првите соработници и повика да се смират расистичките напади

Новоизбраниот претседател на САД, Доналад Трамп, го наименува претседавачот на Републиканската партија, Рајнс Прибус, за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стивен Бенон за свој главен советник. Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, особено со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан. Ниту Прибус, ниту Бенон имаат поголемо искуство во извршната власт. Трамп...

Пукање на протестите во Портланд, едно лице повредено

Едно лице е рането денеска за време на протестите во Портланд против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека лицето е застрелано на мостот Морисон, по кој марширале демонстрантите. „Сите веднаш мора да го напуштат тоа подрачје“, порача полицијата на „Твитер“ и ги повика сведоците да се јават. Како што јавуваат американските медиуми, за пукањето е осомничен Афроамериканец,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...