fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“. „Бидејќи сум многу активен претседател а многу работи...

Новиот шеф на ФБИ најави продолжување на истрагата за руското мешање во изборите

Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе ја продолжи истрагата околу наводните врски помеѓу Русија и изборниот тим на Доналд Трамп и по разрешувањето на досегашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, изјави денеска неговиот наследник, Ендрју Мекејб, пред комитетот за разузнавање на Сенатот, пренесува „Би-би-си“. Мекејб пред комитетот на Сенатот изјави дека разрешувањето на Коми не влијаело на работата на ФБИ,...

Трамп го прими Лавров во Белата куќа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска во Белата куќа го прими рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тоа е негова прва официјална средба со претставник на руската влада откако е избран за шеф на државата. Како што беше најавено претходно,Трамп и Лавров ќе разговараат за билатералните односи, Сирија и за други меѓународни прашања. Пред средбата со Трамп во Белата куќа, Лавров разговараше со државниот...

Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми, соопшти Белата куќа. Коми беше на чело на истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори. - Претседателот го прифати предлогот на државниот обвинител Џеф Сешонс, за разрешување на директорот на ФБИ, Џејмс Коми – изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер. Во соопштението на Белата куќа се...

Претседателот Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум во Турција

Претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува во Турција, соопштија од неговиот кабинет. Темата на форумот е „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“. Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание врз светскиот поредок“, „Идни сценарија за...

Гневни демонстранти му го загорчија доаѓањето на Трамп во родниот Њујорк

Со свирежи, гневни скандирања „Не е мој претседател“ и со транспаренти „Исфрлете го Трамп“ (Dump Trump) и „Америка повторно да се замисли“, стотици демонстранти во Њујорк вчера се собраа на Вест Сајд во Менхетен, протестирајќи против претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој дојде на неговата прва посета на неговиот роден град откако го почна мандатот. Се слушаа многу свирежи, се удираше...

Путин и Трамп ќе имаат телефонски разговор денеска попладне

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврдил дека рускиот претседател Владимир Путин за денеска попладне планира телефонски да разговара со својот американски колега, Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. „Го потврдуваме разговорот“, рекол Песков за порталот „Спутник“, откако Белата куќа го објави денешниот дневен распоред, кој почнува со разговор на Трамп со Путин, во 14.20 часот по средноевропско време. Ова, како што јавуваат...

Трамп: Подготвуваме нов план за здравствено осигурување, подобар од „Обамакер“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави нов закон за здравствено осигурување, со многу помали уплати и трошоци од досегашниот, таканаречен „Обамакер“, кој беше усвоен за време на неговиот претходник Барак Обама. „Ништо не може да се спореди со „Обамакер“, бидејќи „Обамакер“ е мртов. Демократите сакаат милијарди да се уплаќаат во осигурителните компании“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/858659215451271168

Трамп му честиташе на Ердоган за резултатот на референдумот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му ја честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, победата на референдумот за уставните измени во земјата, со кои во голема мера се зголемуваат овластувањата на турскиот претседател, пренесува „Би-би-си“. Трамп, како што пренесуваат агенциите, телефонски му го честитал успехот на Ердоган на референдумот, на кој 51,4 отсто од граѓаните ги поддржаa уставните...

Се степаа приврзаници и противници на Трамп во Беркли

Најмалку 20 лица се уапсени откако приврзаници и противници на американскиот претседател Доналд Трамп се степаа на протести во Калифорнија, соопшти денеска полицијата. Околу 200 луѓе учествуваа во протестот во еден парк во Беркли, кога настана тепачката, а десетиците полицајци, кои ги обезбедуваа демонстрантите, ги уапсија насилниците. Полицијата претходно се постави импровизирани бариери на пластични столбови и мрежи, за да ги подели...

Односите меѓу Русија и САД се влошени откако Трамп е претседател, оцени Путин

Нивото на доверба меѓу Москва и Вашингтон е влошено откако Доналд Трамп ја презеде должноста претседател на САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин. - Може да се рече дека нивото на доверба, на работно, особено на воено ниво не е подобрено, туку влошено – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање за односите со САД откако Трамп станал претседател. На прашањето за обвиненијата дека...

Трамп го потпиша протоколот за членство на Црна Гора во НАТО

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, со што се заврши процедурата на ратификација во САД, јавува „Гласот на Америка“. Белата куќа сè уште нема објавено официјално соопштение за потпишувањето на протоколот. Американскиот Сенат претходно го ратификуваше протоколот со огромно мнозинство гласови од сенаторите од двете партии – 97 се изјаснија „за“, додека двајца...

Меркел, Јункер и Столтенберг ја поддржаа одлуката на Трамп за нападот на Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нападот на САД на сириската воздухопловна база, од која е употребено хемиско оружје за нападот во Идлиб, е разбирлив имајќи го предвид страдањето на сирискиот народ. - Нападот на САД е разбирлив, имајќи ги предвид димензиите на военото злосторство и страдањето на невиниот народ, како и блокадата на Советот за безбедност на ОН –...

Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

Американскиот ракетен напад на воената база во сириската провинција Хомс беше „безобѕирен“ и „неодговорен“, објави кабинетот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Во соопштението се вели дека нападот е одраз на континуираната политиката на САД, без оглед на тоа кој претседател ја води администрацијата, која е базирана на бомбардирање и на „покорување луѓе“. Како што е наведено во соопштението, нападот на...

Тилерсон: Ја информиравме Москва, но не баравме дозвола за нападот

Портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис, соопшти дека американската војска однапред ги известила руските сили за нападот на сириската воздухопловна база и дека во нападот не се погодени делови во кои се верува дека се присутни Руси. Државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека „Вашингтон не побара никаква дозвола од Москва“. Дејвис наведе дека американската војска имала „повеќе“ разговори со руските...

Трамп првпат нареди напад, бомбардирана воена база во Сирија

Од американските разорувачи во Источниот Медитеран истрелани се десетина ракети „томахавк“ на позиции на сириската војска, а операцијата ја наредил претседателот Доналд Трамп како одмазда за наводниот напад со хемиско оружје на силите на Башар ал Асад во Идлиб, јавија светските агенции. Претставник на Белата куќа соопшти дека се истрелани 59 прецизно-наведувачки ракети, кои ја погодиле воздухопловната база Шајрат во...

САД го укинаа финансирањето на Фондот за популација на ОН

Соединетите Американски Држави го повлекоа финансирањето на Фондот за популација на Обединетите нации (УНФПА), кој промовира планирање на семејството во повеќе од 150 земји во светот, јавува „Би-би-си“. Во соопштението на Стејт департментот било наведено дека УНФПА „поддржува или учествува во управувањето со програми за принуден абортус или стерилизација“. Станува збор за првото од редицата кратења на американските финансиски донации за...

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата. Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во...

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа. Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го...

Циглер: Третата светска војна веќе е во тек

Советникот на Советот за човекови права на ОН, Жан Циглер во интервју за виенскиот весник „Курир“ изјави дека третата светска војна е во тек. Тој укажа дека минатата година, 54 милиони лица загинале во војна, умреле од глад, загадена вода или од епидемии. Вели дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал. - Олигарсите на 500 најголеми концерни контролираат 52,8...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...