fbpx
Таг: доктори

таг: доктори

Годинава стручен испит положиле 440 лекари

Во десет испитни сесии кои биле организирани во текот на годинава стручен испит положија вкупно 440 доктори на медицина кои ги исполнуваат условите за добивање лиценца за работа, соопшти Лекарската комора. Најголем интерес за полагање стручен испит и оваа година имало во декемвриската испитна сесија, кога положиле 232 доктори на медицина. Инаку, докторите на медицина по завршување на Медицинскиот факултет и...

Да престане јавниот линч врз докторите, бара Лекарската комора

Потребно е итно носење на посебен Закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на докторите, порача Лекарската комора во својата осуда на јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неоснованите обвинувања за сторена лекарска грешка. Ова е втора ваква реакција на Лекарската комора, откако и на Светскиот ден...

Светски ден на здравјето: Лекарската комора бара да престане неаргументираниот линч врз лекарите

Лекарската комора преку соопштение по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, повикува да се најдат начини да се најдат механизми за редистрибуција на постоечкиот медицински кадар, бидејќи најголема концентрација на лекари има во Скопје. Исто така, тие повикуваат да се најдат поедноставни политики за вработување во јавното здравство и прекин на линчот врз лекарите, без аргументи. Според Регистарот на...

Д-р Кочоски: Причините за иселувањето на младите лекари се многубројни

Несоодветниот медицински едукативен процес, бирокатските процедури за да се отвори ординација, платите кои не се на завидно ниво и немањето финансиска поддршка по завршување на студиите се некои од главните причини кои ги тераат младите лекари и специјалисти да се иселуваат од земјата. Според наоди на Македонското лекарско друштво, за десет години бројот на лекари во земјава се намалил...

Со едукативни видеа од доктори, Јутуб ќе се бори против дезинформациите за ковид-19

Јутјуб работи со врвни здравствени организации со цел создавање едукативни медицински видеа за платформата во обид да се спречат дезинформациите за ковид-19, се вели во објава на Јутуб блогот. Со новиот тим за здравствено партнерство ќе раководи д-р Гарт Греам, новиот директор на Јутуб и глобален шеф на партнерствата за здравствена заштита и јавно здравје. Грем неодамна беше главен здравствен...

Филипче и Даниловски договорија соработка и формирање советодавно тело за ковид-19 од пензионирани доктори

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Драган Данаиловски на која му се заблагодари на досегашната соработка во надминувањето на пандемијата со ковид кризата и како што соопшти Министерството за здравство, било договорено да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.   „На крајот на...

Вистиномер: Со видео извадено од контекст се манипулира дека пандемијата на ковид-19 е лажна

Манипулативна објава врз основа на полувистини, невистини и изјави извадени од контекст, прави обид да создаде лажна перцепција дека пандемијата на ковид-19 не постои и дека смртноста е резултат на нездравите животни навики на луѓето кои умираат од тоа што пушат, земаат лекови и имаат хронични болести, објави Вистиномер. Исклучително вирален пост, споделен над 330 пати во текот на само...

„Надежта, храброста и посветеноста“, трите оружја на младите лекари во борбата против ковид-19

„Вештините што ги стекнавме како млади лекари во борбата против корона вирусот, беше емпатијата, идејата дека на пациентите не им треба само лекување, туку и надеж“, вели Рина Пурини, една од лекарите на интервјуто за „Порталб.мк“. А токму за ефектите што ги остави пандемијата ковид-19 врз генерациите на млади лекари, разговаравме со Флорент Зендели и Блерина Мустафа, пишува „Порталб.мк“. Рина...

Филипче: Пикот ќе биде на крајот на април со околу 2.000 пациенти, најголем проблем се заразените без симптоми

Сѐ уште нема случај кога пациент кој бил на респиратор, а му се подобрила здравствената состојба и бил симнат од машина, рече денеска на брифинг со новинарите, директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ. Таа, заедно со министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски, директорот на Клиниката за пулмологија Дејан Докиќ, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова, епидемиологот Жарко Караџоски, и...

Докторка Елези: Ќе погледнеме кон минатото и ќе чувствуваме задоволство за добиената „борба“ против короната

Освен јаката арома на средствата за дезинфекција, во болничките простории во последно време се чувствува и стравот, „аромата“ на одговорност која ние како лекари ја чувствуваме за луѓето и нашата околина, вака докторката Резеарта Елези ја опишува атмосферата во тетовската болница, нагласувајќи дека едвај чека да ја остави во минатото оваа ситуација и да го почувствува задоволството од фактот...

Лекарите апелираат: Ако не нè заштитат од насилство, ќе прекинеме да даваме здравствени услуги

Со транспаренти на кои пишува „Доста е!“ стотици доктори, сестри и други вработени лица во јавни здравствени установи, во време на паузата од половина час, денеска го искажаа својот револт од насилството што го трпат од пациентите, a кое е зачестено во последните месеци. Медицински персонал имаше пред речиси сите здравствени установи, вклучително и пред влезот на „8 Септември“,...

Лекарите и медицинските сестри денеска протестираат поради насилството врз нив

Лекарите и здравствените работници денеска ќе протестираат во Скопје, поради неколкуте напади врз доктори и медицински сестри во изминатиот период. Протестот под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“ ќе се одржи пред Клинички центар пред ГОБ 8ми Септември, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и Здравствени домови, како и пред ординации, во нивното време за пауза - од...

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи. Реакцијата...

За смртта на четирите новороденчиња, Комисијата не нашла вина кај медицинскиот персонал

Според Комисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар, која ја истражува смртта на четири новороденчиња во една ноќ минатата седмица, станувало збор за проблематични случаи, а сите предвидени постапки биле извршени од медицинскиот персонал. Во извештајот на Комисијата што го достави Министерството за здравство се вели и дека станувало збор за...

Штрајк на вработените во грчките болници, локалната управа и контролата на летови

Бран протести и штрајкови ја зафатија денеска Грција. Под клуч се државните болници и дел од јавната администрација поради протестот на вработените, а откажани се и голем број летови оти на штрајк излегоа и авионските контролори. Вработените во државните болници и итната помош со две кочии и со црни коњи се движат низ центарот на Атина и прават обиколка на...

ОН: Повеќе од 700 медицински работници се убиени во Сирија

Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени во Сирија од почнувањето на војната во 2011 година, а голем број деца се регрутирани во редовите на Исламска држава, соопштија од Обединетите нации. Претседателот на Независната меѓународна комисија за истраги во Сирија при ОН, Пауло Пинјеиро, ги осуди нападите на болници и на клиники, кои, како што рече, предизвикуваат огромни страдања...

Тодоров најави нови тимови и возила за Итната медицинска помош

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска при посетата на базата на Итната медицинска помош во Поликлиника „Букурешт“ најави нови тимови, возила и повисоки плати за докторите од Итната медицинска помош во Скопје - Од овој месец Итната медицинска помош во Скопје има нови и повеќе тимови, како и повисока плата за докторите, а во тек е и набавка на нови...

СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници за да правда бизниси

Никола Тодоров е соочен со кримнинална заднина на тендерите во здравството и затоа му се потребни медицинските работници, кои, наводно, ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните, обвини СДСМ. „Последниот ревизорски извештај покажа дека е набавена медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите, дека...

На „Денот на дрвото“ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи

В среда сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство. Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“, нема одложување и на закажаните хируршки интервенции. Во рамките на проектот „Мој термин“, за тој ден се закажани повеќе од 8.000 прегледи на пациенти и повеќе од 500 операции. Преостанатите служби во установите кои не...

ГОБ „8 Септември“: Не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството

„Поради зачестената практика да се оцрнуваат докторите, Министерството за здравство и реформите што тоа заедно со Владата ги спроведува, чувствуваме потреба, како менаџмент на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје, да се обратиме до јавноста“, стои во соопштението од оваа институција. „Веруваме дека во здравствените установи постојат изолирани случаи на неодговорни доктори, меѓутоа не треба според нив да се цени квалитетот на...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...