fbpx
Таг: доктор

таг: доктор

Доктор Џозеф Шмид беше првиот виртуелен хирург во Меѓународната вселенска станица

Иако звучи како дел од сценариото на американската научно-фантастична ТВ серија Ѕвездени патеки, сепак станува збор за реалност. НАСА неодамна соопшти дека кон крајот на минатата година, за првпат во историјата, „холопортираше“ холограмска слика од хирург во Меѓународната вселенска станица (МВС). Францускиот астронаут Томас Песк имаше можност прв да разговара со хирургот Џозеф Шмид, кој е еден од докторите што...

Д-р Халити: Лекарите го губат ентузијазмот и тоа ќе биде проблем во текот на втората фаза од ковид-19

Лекарот специјалист, Газменд Халити за „Порталб.мк“ изјави дека бројот на медицинскиот персонал се намалува од ден на ден бидејќи вирусот ги погодува и нив, силите згаснуваат и лекарите во земјава го губат ентузијазмот. Според него, ова ќе биде голем проблем во текот на втората фаза што се предвидува да се појави наесен, известува „Порталб.мк“. Какво искуство добивте од справувањето со...

Доктор Џемаили: Ризикот од корона е голем, почитувајте ги мерките!

Корона вирусот претставува нов предизвик со кој сите се соочуваме. Најтешко е за медицинскиот персонал бидејќи тие се на првата линија во борбата со вирусот. Докторката Блерта Џемаили, говори за „Порталб.мк“, обраќајќи им се на граѓаните во земјава, притоа наведувајќи ги можните начини како да се избегне овој вирус. Какво искуство стекнавте од справувањето со корона вирусот, како претходно непознат...

Филипче: Почина првиот доктор од компликации од корона вирусот во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил денеска информираше дека починал првиот доктор од компликации од корона вирусот во земјава. Тој информира дека во ГОБ ,,8 Септември" во Скопје, на 64-годишна возраст, починал уролог од Тетово. Докторот бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и бил позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување, тој ја загубил битката со...

Докторот Фазлиу ги споделува искуствата од борбата против корона вирусот во земјава

Адурим Фазлиу е млад доктор кој штотуку ја започнал својата кариера во оваа професија. Во нормална ситуација, во оваа рана фаза од кариерата, тој би требало да има поинаква рутина на работа, да ја истражува својата професија, да ги проучува најситните детали и секој ден сѐ повеќе и повеќе да се заљубува во неа, пишува „Порталб.мк“. Но, здравствената криза со...

Не, корона вирусот не се лечи со алкохол!

Да се тврди со големи букви во самиот наслов („ЕВЕ ГО ЛЕКОТ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ: Проф.д-р Кантарџиев тврди дека алкохолот го убива вирусот за неколку секунди“) дека има лек за корона вирусот во најмала рака е неодговорно и неетички. А, да се тврди дека лекот е пиење алкохол, тоа е тотална глупост и дезинформација, пишува „КриТинк“. Како единствен извор на...

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД. Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е утврдено дека има пневмонија. Во соопштението...

Излекуваниот доктор од ебола им предаваше на штипските студенти

„Мојата приказна не е само поврзана со медицината. Тоа е приказна за верба и за чуда, уништувања и пожртвувања на луѓе кои страдале во последните три децении. Како повеќето од вас, одбрав медицина зашто сакав да им служам на луѓето“, рече американскиот доктор Кент Брентли, првиот Американец излекуван од ебола, во својот говор пред студентите на Медицинскиот факултет во Штип. Според Кент,...

Американскиот лекар што ја победи еболата в понеделник во Штип

Докторот Кент Брентли, кој заболе и беше првиот излекуван од смртоносната болест ебола, в понеделник ќе предава на Факултетот за медицински науки во Штип. Докторот, кој во 2014 година беше избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“, бил дел од медицинска мисионерска група чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал...

Нападнат доктор во тетовската клиника

Дежурен доктор во детското одделение во Клиничката болница - Тетово вчера, околу 15 часот, бил физички нападнат од 25-годишниот Н.С. од село Шемшово, кој заедно со две непознати женски лица и со едно малолетно дете влегле во ординацијата за укажување лекарска помош за детето. Како што соопштува МВР, откако лекарот го видел медицинскиот извештај од хируршко одделение, побарал да му...

Доктор Илија Џонов, добитник на орденот „Свети Никола“

За особен придонес за афирмација на Штип, неврологот Илија Џонов е добитник на највисокото општинско признание по повод патрониот празник на Штип, Свети Никола. Орденот на доктор Џонов, инаку штипјанец по потекло, ќе му биде доделено вечерва на свечената седница, како што стои во објавата „за искрен и континуиран ангажман и за придонес во афирмација на здравството“. Вечерва ќе бидат...

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување. На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на нивните роднини. Исто така, засилено обезбедување има и во ходникот, во делот за посетители, кое...

Лекарската комора го осуди инцидентот во Клинички центар

Лекарската комора го осуди инцидентот при кој од огнено оружје беше повреден еден лекар од Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Директорот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, рече дека комората интензиво работи на подготвување нови закони со кои докторот би бил заштитен на работно место. - Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани...

По помината ноќ во тетовскиот затвор, доктор Мустафа е пуштен на слобода

Доктор Адил Мустафа, кој синоќа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан, е пуштен на слобода, информираат од тетовскиот основен суд. Тој денеска ја платил затворската казна во времетраење од 170 дена, која судот му ја одредил поради ненавремена уплата на парична казна за кривично дело измама, при добивање кредит и друга погодност и оштетување туѓи права. Мустафа вчера беше уапсен откако...

Тодоров посети пункт за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници

Министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова, денеска го посети пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници. Станува збор за еден од седумте пунктови од проектот „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион. Тодоров истакна дека проектот „Рурален доктор“ дава позитивни резултати, бидејќи, како што рече, само на пунктот во Таринци...

Прв случај на ебола во Шкотска

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата на Шкотска го потврди првиот случај...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...