fbpx
Таг: Договорот со Грција

таг: Договорот со Грција

Вистиномер: Не е вистина дека со Преспанскиот договор јазикот е сменет во „северно-македонски“

Во Договорот меѓу С. Македонија и Грција, потпишан во 2018 година, не постои одредба со која се загрозува македонскиот идентитет, македонската посебност и јазик. Официјалниот јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој може да се преведе на сите јазици, без никаква фуснота за дообјаснување. Во самиот Договор, во членот 1 стои дека „официјалниот јазик на Втората страна ќе...

Новинарка на „Спутник Србија“ дезинформира за македонскиот идентитет и Преспанскиот договор

Српската испостава на руската мултимедијална новинска агенција „Спутник“, (Sputnik.rs.) неодамна објави интервју со двајца српски историчари на тема кражба на историја на Балканот, со акцент на Македонија, Црна Гора и Косово, при што новинарката уште во старт ја дезинформираше јавноста со два неточни факта. Разговорот е објавен и кратко прераскажан и на веб страницата на „Спутник“, под наслов „Македонците и...

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија и по некоја капка крв,...

Хан: На Мицкоски му кажав дека Договорот од Преспа мора да се реализира

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера на конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а по средбата на „Твитер“ напиша дека му нагласил на Мицкоски дека Договорот од Преспа мора да се реализира. Тој рече и дека Мицкоски ветил дека нема да ја попречува постапката во Собранието. „Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко Неделковски, обвинувајќи го официјален Вашингтон...

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и...

Спасовски: Ќе ги обезбедуваме пратениците се додека има причина за тоа

Сите пратеници кои гласаа за иницијативата за промена на Уставот се обезбедувани од полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новонабавената униформа наменета за припадниците на Единицата за специјални задачи денеска во касарната Илинден. – Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Метју Палмер денеска во Македонија

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните...

Плевнелиев: Бојкотот е голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ

Бојкотот на референдумот беше повеќе од очигледен. Тој е голема историска грешка на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која застана зад него. Зошто е грешка? Затоа што кога имаме момент од историска важност, не се криеш зад отсуството на опозиција. Ако се против, требаше да ја кажат позицијата. Но тоа што водечката опозициска партија се скри зад бојкот на инает, без...

Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НАТО

Собранието ја има историската можност и историската одговорност да ја отвори вратата на Македонија за членство во НАТО, вели во интервју за МИА вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која го предводи македонскиот тим кој денеска и утре во Бисел официјално ги почнува пристапните преговори за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса. – Доколку се обезбеди двотретинското мнозинство Македонија...

Српски медиуми: Заев нуди амнестија во замена за двотретинско мнозинство

„Денот Д за Македонија“, „Историска седница на Собранието“ и „Заев понуди амнестија за двотретинско мнозинство“, се дел од насловите на многубројните новинарски текстови во Србија за денешната седница за уставните измени на македонскиот парламент. Речиси сите медиуми велат дека премиерот Зоран Заев повикал на национално помирување и дека „на највлијателната опозициска сила ВМРО-ДПМНЕ, како гест на добра волја и понудил...

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да...

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека може да се постигне мнозинство....

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно...

Самарас: Им дадоа сѐ, сите ќе ги викаат само Македонци

Нема да дозволиме да ја продадат нашата Македонија. Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото отворање на трговскиот и...

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. -Новите избори ќе бидат одолговлекување...

Николоски: Пратениците што се против уставни измени не се против ставот на Мицкоски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што на своите профили на социјалните мрежи напишаа дека нема да поддржат уставни измени не се противат на ставот на партискиот претседател Христијан Мицкоски, туку само го пренесуваат расположението на народот, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на новинарско прашање дали ваквите искази на пратениците се одраз на нов партиски став кој е против она што...

Двајца пратеници на „Независни Грци“ се спротивставија на Каменос

Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа. Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи сѐ, договорот да не...

ААВМУ: Се надминува максималното време за пропаганда за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска упати предупредување до радиодифузерите дека не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда, а таа се емитува во програмски содржини каде што не е дозволено. „Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е дозволено,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...