fbpx
Таг: Договорот од Преспа

таг: Договорот од Преспа

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно гласови за ратификација на Преспанскиот договор,...

Иднината ќе ја потврди исправноста на Договорот од Преспа, и порача МНР на Москва

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) во реакција на вчерашното соопштение на руското МНР порача дека постапката за донесување на уставните измени во склад со Договорот од Преспа е со целосно почитување на предвидената собраниска процедура и Уставот на Република Македонија, и изрази жалење што Русија „во негативен контекст става автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат...

Груби: ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла на своето седиште

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на прес-конференција во Собранието порача дека Законот за јазиците денеска стапува на сила и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да биде првиот фактор што ќе постави двојазична табла. Тој рече дека институциите веднаш треба да се придружуваат до законските одредби и да ги применат....

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето на овие два закона во Службен...

Службен весник: Законот за јазиците е објавен согласно Уставот

Од „Службен весник на Република Македонија“ со соопштение објавено на веб-страницата денеска порачаа дека согласно Уставот, биле задолжени да ги објават Законот за ратификација на Преспанскиот договор и Законот за јазиците, кои не беа потпишани од претседателот на државата Ѓорге Иванов. „Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република Македонија (Законите и другите прописи...

Москва: Уставните измени не се по волја на народот, Советот за безбедност на ОН да расправа за името

Одделот за информирање и печат на руското Министерство за надворешни работи (МНР) изгласувањето на новите амандмани на македонскиот Устав за промена на името на земјава го нарече „вештачка промена на името на државата со цел форсирано внесување на Скопје во НАТО“ и порача дека проблемот со преименувањето на земјава да се разгледува од Советот за безбедност на Обединетите нации...

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила на Преспанскиот договор ќе биде...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана,...

СДСМ вели дека се отворија перспективите, ВМРО-ДПМНЕ дека е променет идентитетот

Отворени се перспективите, 2019 ќе биде година на напредок, интеграција, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин. Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, порача СДСМ денеска. „Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската...

Со 81 глас „за“, изгласани уставните измени

Со 81 глас „за“ вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36, кои се обврска за Македонија според Преспанскиот договор што беше потпишан на 17 јуни минатата година. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани. Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие амандмани влегуваат во сила дури откако...

Спасовски: 27 април нема да се повтори

Во моменти кога се очекува финалното усвојување на уставните измени, во услови на тензични протести пред Собранието, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Радовиш директно не одговори на прашањето дали е можна ескалација на настаните, како на 27 април 2017 година, кога демонстрантите упаднаа во Собранието и беа брутално претепани повеќемина пратеници и новинари. -Треба да знае македонската...

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија и по некоја капка крв,...

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“. Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот...

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат на завршување на сите процедури...

Владата ги испрати финалните верзии на амандманите во Собранието

На вчерашната 108 седница Владата ги усвои финалните текстови на амандманите на Уставот и веднаш ги испратила до Собранието. Амандманот 33 гласи: „Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија“. Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата –...

Лавров го демантираат пратениците од опозицијата што гласаа за уставните измени

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“ објавено денеска, обвини дека се случува грубо систематско мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија. Во тој контекст тој рече дека „Собранието на 19 октомври се протурка одлука за уставни измени со уцени и поткуп на пратениците од опозицијата. Во тоа...

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

По големата бура што во Грција ја предизвикаа изјавите во Собранието на премиерот Зоран Заев за учењето на македонскиот јазик во Грција, за неговата употреба, за „Егејска Македонија“, според грчките медиуми, Атина ќе ја префрли битката на меѓународно тло. Како што пишува атинска „Ифимерида“  сега кога веќе владата во Атина станала свесна дека терминот „македонски јазик“ останува во употреба кај...

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“. – Тоа е потполно...

Ципрас лобира кај Пахор: Отсега нашиот сосед да го викате „Северна Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во претседателската палата во Атина со словенечкиот претседател Борут Пахор изразил задоволство што кај „северниот грчки сосед“  бргу напредува на планот на уставните измени. Истовремено, Ципрас лобирал кај словенечкиот државник дека „земјата која сега ја нарекува според уставното име, односно како Македонија, во иднина ќе треба да ја викаат „Северна Македонија“. Ципрас се пофалил...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...