fbpx
Таг: договор за добрососедство

таг: договор за добрососедство

Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван во македонското Собрание, гарантира долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија, заеднички оцениле премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов во телефонски разговор што го имале по повод ратификацијата на Договорот. „Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира одржливо градење на пријателски односи меѓу...

Радев: Договорот за добрососедство дава силен сигнал за позитивниот развој на Балканот

Бугарскиот претседател, Румен Радев ја поздрави ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија. - Договорот, кој е резултат на долгогодишните напори на дипломати и државници, отвора нова европска страница во односите помеѓу двете земји. Ратификацијата на документот се случува во момент кога Бугарија претседава со Советот на...

Борисов и МНР го поздравија ратификувањето на Договорот за добрососедство

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов и бугарското министерство за надворешни работи попладнево го поздравија ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во македонското Собрание денеска. Борисов се обрати преку својот фејсбук-профил од Азербејџан, каде што е во официјална посета. „Го поздравувам парламентот на Република Македонија, кој денеска го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу...

Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство со Бугарија

Со 61 глас „за“ и еден воздржан Собранието го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Воздржан беше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој пред гласањето најави дека ќе гласа воздржано. Пред гласањето на денешната 30. седница, зборуваа пратениците Никица Корубин, Артан Груби и Ферид Мухиќ. На седницата не присуствувaа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и...

Зелено светло за ратификација на Договорот со Бугарија

Комисијата за надворешна политика денеска ја заврши расправата по предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија и му предложи на Собранието да го донесе на пленарна седница. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу двете држави, го потпишаа премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на 1 август годинава во Скопје. Пратеничката на...

Предлог-законот за ратификација на Договорот со Бугарија утре оди во Собрание

Владата на денешната седница го утврди предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и истиот утре ќе биде испратен со Собранието, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на неговиот профил на „Твитер“. Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и за...

Софија го достави Договорот за добрососедство со Македонија на ратификација во парламентот

Владата на Бугарија денеска и формално го достави Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија на ратификација во бугарското Народно собрание. Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје, од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов. Ратификацијата на документот е израз на желбите на Бугарија да изгради добрососедски односи врз основа на европските вредности, се...

Бугарската Влада ќе достави предлог за ратификација на Договорот со Македонија

Бугарската влада денеска треба до Народното собрание да достави предлог-закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Македонија. Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје, од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, а формално ќе стапи во сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина...

Владите на Македонија и на Бугарија ќе имаат заедничка седница во Струмица

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и за соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион и Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон Европската Унија и кон НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на земјава. Ова било истакнато на средбите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и со...

Захариева: Договорот со Македонија следната недела на ратификација во бугарското собрание

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија следната недела треба да влезе во постапка за ратификација во бугарското Народно собрание, изјавила денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, пренесуваат софиските медиуми. Ова Захарива го соопштила на денешната дискусија на тема „Европската интеграција, регионалната соработка и поврзаноста на земјите од Западен Балкан - придонесот на бугарското претседателство (со ЕУ)“,...

МПЦ-ОА: Договорот со Бугарија може да помогне во решавањето на црковните прашања

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, покрај регулирањето на општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето на отворените црковни прашања, се вели во соопштението на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) по денешната седница на Светиот архиерејски синод. „Во оваа јубилејна година за МПЦ – ОА, владите на Република Македонија и на Република Бугарија објавија акт за...

Каракачанов: Темата за Македонци во Бугарија не е добра за односите меѓу двете земји

Сакам изрично да нагласам за да ги прекинам политичките шпекулации - ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Немаме проблем со името на Репубика Македонија, ја признаваме земјата под уставно име. Подготвени сме да помогнеме во решавање на спорот со други земји за конечно да се отворат вратите на Македонија за полноправно членство во НАТО. Ова денеска го...

Каракачанов утре во официјална посета на Македонија

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија и ќе има средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, соопштија денеска од Министерството за одбрана. Станува збор за прва официјална посета на висок бугарски функционер по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на 1 август оваа година во Скопје. Каракачанов и...

Хојт Ји: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е важен за целиот регион

„Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“. Ова го изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, на средбата со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во рамките на Бледскиот стратешки форум во Словенија,...

Џафери – Главчев: Договорот за добрососедство е почеток на новата историја меѓу двете земји

Со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија почнува новата историја во односите меѓу двете земји, оценија денеска во Скопје претседателот на Собранието, Талат Џафери, и неговиот бугарски колега, Димитар Главчев. Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, се заблагодарил за поддршката што Бугарија ѝ ја дава на Македонија и за нејзините аспирации за членство во НАТО...

Мицкоски: Заев на Бугарија ѝ даде можност да блокира отворање поглавја од преговорите

Со Договорот за добрососедство Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Македонија на целокупниот пат кон Европската Унија, бидејќи Заев прифати таа да има можност да не дозволи отворање на кое било поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нејзините цели и позиции, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека тоа значи нови проблеми...

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на Договорот, му порача Груевски на Борисов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и бугарскиот премиер Бојко Борисов разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и за заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, како и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството со Бугарија,...

Иванов до Борисов: Спорните прашања да се решаваат мирнo и преку искрен дијалог

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска разговараа за Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување, соопштија од кабинетот на претседателот. - Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете...

Димитров – Захариева: Владите имаат капацитет да решаваат отворени прашања

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, попладнево констатираа дека денешното потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји ќе отвори нови перспективи за односите и за соработката меѓу двете држави. Министрите, како што се вели во соопштението од македонското МНР, изразиле задоволство што владите на двете држави практично покажале...

Шекеринска – Каракачанов: Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон НАТО

Зајакнувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија се од полза не само за двете земји, туку и за регионот и за цела Европа, оценија министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов, на работната средба одржана по потпишувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија. Шекеринска се заблагодарила на брзата реакција на бугарската влада која...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...