fbpx
Таг: Договор со Бугарија

таг: Договор со Бугарија

Договорот со Бугарија не може да биде пречка на патот кон ЕУ – Османи со сликовито објаснување на преговарачката рамка

„Преговарачката рамка се состои од два дела - општ и специјален“. Вака го започнува своето објаснување на преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ) министерот за надворешни работи Бујар Османи. Застанат пред табла, со креда и сунѓер во раката, Османи во видеото што го објави на своите социјални мрежи вели дека со сликовитото објаснување сака да ги демантира сите шпекулации во...

Османи: Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог

Бевме сведоци на еден интензивен и динамичен период со многу случувања во надворешната политика на сите нивоа, од глобални, преку европски, до регионални, а посебно на домашни случувања кои никого не оставија рамнодушен, но сепак беа историски одлуки што даваат одредени насоки на движење на надворешната политика, но и на државата и општеството во целина. Ова го истакна министерот...

Маричиќ: Скринингот на ЕУ е две години, има време за уставните измени и за менување на учебниците

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека на државните институции во Македонија и Бугарија ќе им треба две години координација за обострано, врз принципот на реципроцитет, да ги имплементираат препораките на мешовитата Комисија за историски прашања. Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети...

Заедничката комисија за историски прашања со по пет препораки за учебниците во С. Македонија и Бугарија

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања предлага пет препораки за измена на учебниците во Северна Македонија и пет препораки за учебниците во Бугарија, заради надминување на историските разлики и недоразбирања меѓу двете земји. Препораките, кои немаат обврзувачки карактер, ќе им бидат предложени на двете влади, и ако бидат усвоени, ќе бидат внесени во учебниците. Драги Ѓоргиев, македонскиот ко-претседател на заедничката...

Мицкоски најави дека ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека ќе ја напушти политиката доколку некој од неговата партија гласа за уставните промени, со кои Бугарите би требало да се внесат во македонскиот Устав како посебно малцинство. „Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници...

Османи: Работни групи заеднички ќе работат на допрецизирање на Договорот за добрососедство со Бугарија

Македонија е подготвена да допрецизира одредени работи од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, а за таа цел, работни групи од македонското и од бугарското МНР ќе разговараат на дневна основа, за да се надминат разликите во очекувањата од Договорот. Ова, меѓу другото, го посочи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, при што потенцира...

Османи: Неодржувањето на првата меѓувладина конференција ќе значи неуспех на Берлинскиот процес

Доколку поради забелешките од Бугарија до крајот на годината не се одржи првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, тоа ќе се смета за неуспех на Берлинскиот процес, бидејќи идејата зад лансирање на оваа иницијатива е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Во тој случај, товарот ќе биде на сите –...

Шекеринска по изјавата на Каракачанов: сега е момент кога се гледа кој е за добрососедски односи

„Сега е моментот кога се гледа колку сме за добрососедски односи. Ние нашиот тест го поминавме“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска по денешната изјава на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија ќе се спротивстави на одржувањето меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија за почеток на преговорите за членство. -Таквите изјави не се во духот на Договорот...

Заев на Генералното собрание на ОН: Договорот со Грција ја зајакна стабилноста на Балканот

Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на пленарната сесија на 74 - тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информираат од владата, премиерот Заев во својот говор нагласил дека за прв пат се обраќа од позиција на шеф на Владата на Република Северна Македонија со комплетирана лична карта на земјата во Обединетите нации, во чија карта се наведени...

Заев: Суетата ја ставам на страна, пријателството со Бугарија треба да се негува и доградува

Правам сè за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатланските...

Ахмети предлага името да се реши по моделот на Договорот со Бугарија – без референдум

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ предлага прашањето за името да се реши според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади и со ратификација во двата парламенти, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. - Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје...

Захариева: Реално е Македонија годинава да добие покана за преговорите за членство во ЕУ

Реално е да се очекува Македонија оваа година да добие покана за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, изјави за радиото „Дарик“ бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа сепак спомна два услова: напредок на преговорите за името на земјата и на планот на реформите. Захариева напомена дека Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ уште...

Бугарскиот парламент го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија

Националното собрание во Бугарија денеска едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Ратификацијата на Договорот беше поддржана од 186 пратеници, а во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. Во понеделникот македонското Собрание со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа Предлог-законот за ратификација на Договорот кој ...

Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се вистински пример за решавање на проблемите

Бугарија и Македонија дадоа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Говорејќи за интеграциите во регионот, Борисов потенцираше дека ЕУ треба да им каже на земјите...

Комисиите на бугарскиот Парламент ќе го разгледуваат Договорот за добрососедство

Ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска влегува на разгледување на две парламентарни комисии во бугарскиот Парламент. Договорот најпрво ќе се најде на седница на Комисијата за надворешна политика, а потоа ќе го разгледува Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови. Пред два дена, македонското Собрание со 61 глас „за“ и...

СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија

Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија се неосновани, велат од СДСМ  по прес-конференцијата на Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е во согласност со националните и државни интереси на Република Македонија. „ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже...

Србов: Македонија со Договорот со Бугарија се обврзува на потценувачки отстапки

Договорот за добрососедство со Бугарија кој што го преговараше владата на Заев, а го ратификуваше мнозинството предводено од СДСМ не е соодветна основа за натамошно зближување базирано на взаемна почит, а неговата примена ќе значи промена на историјата на земјата, изјави денеска Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. - Во овој договор Република Македонија се обврзува на нелогични и потценувачки отстапки додека...

Кукан: Ратификацијата на Договорот со Бугарија е позитивен чекор напред

Европратеникот Едвард Кукан денеска ја поздрави ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија оценувајќи ја како позитивен чекор напред во регионалната соработка. „Добри вести од македонското Собрание каде е ратификуван Договорот за пријателство со Бугарија. Позитивен чекор напред, кој се надевам дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка“, напиша Кукан на „Твитер“. https://twitter.com/EduardKukan/status/953193239284199426 Инаку, Кукан е дел од европратеничката тројка, заедно со Иво...

Хан: Договорот со Бугарија е репер за добрососедски односи на Балканот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил, го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија. „Ратификацијата на македонскиот парламент на Договорот за пријателството со Бугарија е важен чекор во вистинската насока на патот кон ЕУ на земјата. Договорот, исто така, е репер за добрососедски односи во целиот регион на Западен...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ги брани ставовите против Договорот со Бугарија

Договорот со Бугарија е во согласност со националните и државните интереси на Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ одново покажа дека нема капацитет да ги напушти политиките на изолација, конфликти и поделби во општеството, велат од владејачката СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Драган Данев. „Со кукавичката прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против добрососедски односи, против интеграција и против зајакнување на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...