fbpx
Таг: Договор од Пржино

таг: Договор од Пржино

Странците едногласно предупредуваат: Не застанувајте на патот на СЈО

Меѓународната заедница, која посредуваше во постигнување на Договорот од Пржино, по опструкциите на кои наиде истрагата на СЈО во УБК, посочија дека Катица Јанева треба да ја има поддршката на сите институции при спроведувањето целосни и независни истраги. Гарантите на Договорот од Пржино во одделни реакции по вчерашните настани потсетуваат дека решавањето на политичката криза е клучно за враќањето на...

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа ја нагласува и...

Делегација на ЕУ: СЈО да не се опструира, а сите страни да се придржуваат до договореното

Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство. „Не можеме да коментираме за тековни истраги, но потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство“, велат за „Мета“ од Делегацијата на ЕУ во Скопје, на прашањето како...

„Договорот од Пржино и потоа“, тема за годинешните новинарски награди „Жан Моне“

Делегацијата на Европската Унија во Скопје го објави 14. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со Договорот од Пржино. Наградата „Жан Моне“, која годинава ќе се доделува за темите под наслов „Договорот од Пржино и потоа“, ќе биде доделена во три натпреварувачки категории - најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени медиуми и/или на интернет), најдобра...

Хан: Изборите во декември се добар чекор, но тоа е само почеток

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, пред утрешната посета на Македонија, изјави дека е „важно што условите за одржување веродостојни избори се исполнети“. Како што соопштија од Европската комисија, главна цел на посетата на Хан е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за следните чекори, вклучувајќи го организирањето на предвремените парламентарни избори...

Вељаноски има дури 10 дена да ја стави иницијативата за распуштање на дневен ред

Десет работни дена има претседателот Трајко Вељаноски за да свика седница и да го стави на дневен ред барањето за распуштање на Собранието. Утринава пратеничката група на СДСМ и пратеникот Павле Трајанов поднесоа барања за распуштање на Собранието. Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека во интерес на решавање на политичката криза, нивната партија сака да покаже дека останува на...

Буџетот ќе го одложи распуштањето на Собранието

Собранието, сепак, нема да се распушти на 12 октомври, туку на некој друг датум, но најдоцна до 27 овој месец, дознаваме од извори во Собранието. Првата причина е што собраниската расправа за буџетот за 2017 година сè уште не е завршена. Документот сè уште се разгледува на собраниските комисии, а допрва ќе треба да се стави на дневен ред на...

Жбогар: СЈО е најдобрата алатка за да се одреди одговорноста од прислушуваните разговори

„Специјалното јавно обвинителство е само една алатка, односно најдобрата алатка за да се одреди одговорноста или, пак, да се истражува одговорноста што произлегува од прислушуваните разговори. Ова е наш став и остануваме на него“, изјави денеска во Куманово евроамбасадорот Самуел Жбогар, притоа потсетувајќи ги политичките лидери дека СЈО произлегува од Договорот од Пржино и оти лидерите треба да си...

Брисел не потврдува, но и не исклучува дека Хан наскоро ќе дојде во Скопје

Европската комисија засега не потврдува дали еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на средината од месецов ќе допатува во Скопје на лидерска средба. - Засега не можеме да потврдиме. Кога ќе ја имаме агендата и потврдата, ќе испратиме соопштение – изјавија за „Мета“ извори од Брисел. Како што јави „Дојче веле“, повикувајќи се на неофицијални дипломатски извори, Хан ќе дојде да...

Кукан: Се надевам дека СЈО ќе ја добие поддршката и почитта од институциите

Европратеникот Едуард Кукан денеска за „Мета“ изрази надеж дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја добие поддршката од демократските институции и од политичарите во Македонија. - Целосно ја поддржувам независноста на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Договорот од Пржино. Се надевам дека оваа институција ќе донесе правда за случаите што се појавија за време на политичката криза во Македонија. Исто така,...

Амбасада на САД: Барањата на СЈО за поддршка на независна и темелна истрага се разумни

Амбасадата на САД во Македонија ги охрабрува политичките партии да се придржуваат до обврските што ги презедоа со потпишувањето на Договорот од Пржино и договорот од 20 јули, а тоа, според амбасадата, ја вклучува и поддршката на работата на Специјалното јавно обвинителство. Ова е реакцијата на амбасадата, откако денеска пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка на барањата за измените на...

Делегацијата на ЕУ по гласањето во Собранието: Партиите да го поддржат СЈО

Откако владејачкото мнозинство во Собранието ги одби предлозите за измени на Законот за СЈО, во делот за продолжување на рокот за истрагата, како и измените на Законот за заштитени сведоци, Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да се придржуваат до договорот и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. „Улогата...

Заев до Жбогар: СЈО има клучна улога во обезбедувањето на правдата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. Во соопштението на СДСМ се наведува дека партискиот лидер на средбата со евроамбасадорот истакнал дека постои јасна согласност дека во декември мора да има регуларни избори и кризата во државата да заврши со избор на легитимна влада...

Адеми и Дезир разговараа за политичката ситуација и за Договорот од Пржино

За време на неговата посета на Париз, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, на средбата со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи, Арлем Дезир, разговарал за политичката ситуација во земјава и за обврските што произлегуваат од политичкиот договор. Адеми, како што се наведува во соопштението, ја нагласил оценката на политичките лидери дека се исполнети условите...

Делегацијата на ЕУ ги повика партиите да бидат одговорни и да го поддржат СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство и одговорно да дејствуваат. - СЈО е договорено од страна на сите политички партии, како дел од Договорот од Пржино и сите политички партии повеќепати се заложија да ја поддржат работата на СЈО. Европската Унија ги охрабрува сите...

Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија. По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори. „Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Веродостојни избори се клучот за...

Што побараа странците за изборите и по нив?

Со одржувањето на изборите не значи дека завршува неопходниот реформски процес во Македонија, категорични се изјавите на претставниците на меѓународната заедница, кои директно или индиректно беа вклучени во постигнувањето на Договорот од Пржино и неговиот продолжеток постигнат на 20 јули годинава. Главно, се бара да се имплементираат итните реформски процеси, СЈО да може непречено да продолжи со работа, сите политички...

Спасовски: Ќе го пресретнеме секој обид за изборни или предизборни нерегуларности

Од денеска, ние, министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ, ќе бидеме очите на граѓаните во владата, вети новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој предмалку беше избран во Собранието, во согласност со Договорот од Пржино. - На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори. Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви. Затоа сме...

Словачка амбасада: Веродостојни избори се услов за враќање на патот кон ЕУ

Словачкото претседателство со Европската Унија ја поздрави одлуката на лидерите на четирите политички партии за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември, соопшти за „Мета“ Амбасадата на Словачка во Македонија. „Фер, инклузивни, а со тоа и веродостојни избори се важен чекор за надминување на политичката криза. Истрајноста и добрата волја да се имплементираат обврските од Договорот од Пржино, вклучувајќи ги...

Предизборни рокови: Што сè нè чека до гласањето на 11 декември?

Двапати одложуваните предвремени парламентарни избори, овојпат ќе бидат закажани на 11 декември. Ова пред два дена го договорија лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино откако претходно двапати ги одложија изборите, кои беа закажани на 24 април, па на 5 јуни. Доколку партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, еве кои се роковите од Изборниот законик што треба да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...