fbpx
Таг: Договор од Преспа

таг: Договор од Преспа

Руско МНР: На референдумот беа бојкотирани решенија наметнати од надвор

Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагандната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите...

Добро е што по консултативниот референдум сега за Договорот ќе се расправа во Собранието, вели Мас

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, за референдумот вели дека оние кои гласале сакаат земјата да го продолжи својот пат кон ЕУ и НАТО. „Иако многумина би си посакале поголема излезност, се радувам што огромно мнозинство од оние, што го искористија своето демократско право, гласаа за Договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат...

Јасен е јазот меѓу Заев и Иванов, „Катимерини“ објави записници од средбите

Записниците кои ги виделе новинари на весникот „Катимерини“ од лидерските средби во Македонија за преговорите со Грција пред договорот за името да биде потпишан во јуни, укажуваат на тоа политичките лидери сметале дека договорот ќе биде полесен за потпишување со лево ориентираната власт во Грција, јавува дописничката на „Мета“ од Атина. Со двете средби, на 27 јануари и на 19 мај,...

Коѕиас: Референдумот не е услов за имплементација на Договорот од Преспа

Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија. Коѕиас истакна дека Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани со помал број гласови од...

Нимиц: Фокусот да се стави на оние кои гласаа „за“, тие што не гласаа не нудат алтернатива

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ Антена во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа...

Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа, Македонија остана непоразена

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. – Пораката од народот е испратена...

САД: Лидерите да се издигнат над партиските интереси за посветла иднина на земјата

Американскиот Стејт департмент, синоќа преку соопштение ги поздрави резултатите од вчерашниот референдумот во Македонија на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. „САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и...

За грчко МНР референдумот е контрадикторен, но го почитува изборот на граѓаните

Голем дел од општеството го поддржа Договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот. Во соопштението се наведува дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“. „Резултатот...

Лидерите да ја почитуваат и да ја спроведат одлуката на граѓаните, порача Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на социјалната мрежа „Твитер“ оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. „Им честитам на оние граѓани кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на...

Мицкоски за „Политика“: Преспанскиот договор ја брише Република Македонија

Со наслов „Преспанскиот договор ќе ја избрише Република Македонија“, белградскиот дневник „Политика“ денеска објави интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое тој ја обвинува владејачката партија СДСМ и премиерот Зоран Заев за „манипулации и кампања полна невистини“ јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Во интервјуто, кое е најавено на првата страница, Мицкоски вели дека граѓаните на Македонија сами...

Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван

Панос Каменос, лидерот Независни Грци, помалиот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, сè уште стои на ставот дека неговтата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога тој ќе дојде во грчкиот парламент. - Договорот нема да биде ратификуван. Ние, владините партнери ќе сториме се што е во наша моќ тој да не биде ратифукуван. Јасно...

Пенс – Заев: Силна поддршка за историскиот Договор со Грција и за референдумот

Премиерот Зоран Заев во Вашингтон се сретна со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс. Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средба со Пенс и со членовите на неговата делегација, разговарале за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји. „Потпретседателот Мајкл Пенс му ги честита на премиерот Зоран Заев историскиот Договор...

Ѕанакопулос: Му посакуваме успех на Заев и очекуваме добар резултат на референдумот

Очекуваме позитивен резултат од референдумот и му посакуваме успех на Заев, порача портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што Грција очекува од референдумот кај нас. - Очекуваме и се надеваме на позитивен резултат, бидејќи сметаме дека ова...

Блок: Политиката на Холандија кон Македонија е строга, но фер

Референдумот е дел од демократскиот процес и останува на вашите граѓани да го донесат единственото решението за земјата, изјави шефот на холандската дипломатија, Штеф Блок, по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров. Тој истакна дека е охрабрен од исклучителниот напредок што Македонија го постигна во кус период, и оти сега претстои да се види напредокот во спроведувањето на законодавните...

Палмер: Очекувам дека Русија ќе работи против Договорот од Преспа

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар, Метју Палмер во интервју за порталот „European Western Balkans“ изјави дека очекува Русија да работи против Договорот од Преспа. Тој додал дека САД и Русија имаат сосема различни амбиции на Балканот и дека САД ја поддржува „интеграцијата на регионот во ЕУ и евроатлантската структура, владеење на правото, европските норми и хармонијата помеѓу народите“, додека „визијата на стратешките цели...

Што ќе каже Ципрас за спорот со името на саемот во Солун?

Јасна порака и поддршка на Договорт од Преспа ќе искаже Алексис Ципрас следната сабота во неговиот воведен говор на Меѓунардониот саем во Солун. Ципрас, според извори со грчката влада, ќе рече дека ратификацијата на договорот ќе го реши деценискиот спор околу името како и дека иако преговорите биле тешки, во исто врме биле и неопходни. - Ние дејствуваме со чувство на...

Помпео: Референдумот е можност на граѓаните за одговор кој е од витална важност

Државниот секретар на САД, Мајкл на 21 август се сретна со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кому му честиташе за историскиот Договор од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот. Како што наведуваат од таму, Помпео изразил поддршка за Преспанскиот договор, чија имплементација ќе овозможи државата да се приклучи кон НАТО како Северна Македонија и ќе го...

Вуцис: Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство во грчкиот парламент

Кога ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство, изрази убеденост спикерот на грчкиот законодавен дом, Никос Вуцис, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“. - Верувам дека македонското прашање и Договорот од Преспа ќе има пошироко мнозинство во Парламентот од она што сега се претпоставува, токму поради тоа што во следните месеци ќе има...

За грчката влада крајот на летото ќе биде жежок и со набиена агенда

Неочекуваната разврска на кризата со двајцата грчки војници што по пет месеци заробеништво во Турција беа ослободени, нема премногу да ја успокои владата на Грција, која на крајот на летото и на почетокот на есента ја очекуваат многу клучни прашања од надворешната политика. Најважното е секако референдумот во Македонија за Договорот од Преспа, но и тоа што ќе се случи...

Коѕиас: Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, а не Северна Македонија

Меѓудржавните договори се резултат на компромис, склучивме договор со придобивки и за двете земји, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа што се одржа во грчкото МНР. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕиас, анализирајќи го решението меѓу Македонија и Грција, се осврна како на...

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...