fbpx
Таг: Договор од Преспа

таг: Договор од Преспа

Што нè очекува во 2019: Прогресивен данок, поврат на ДДВ, УЈП ќе ни ѕирка во сметките …

Изминува бурна година во која македонските граѓани беа изложени на невидени политички скандали, неизвесност и економска стагнација. Иако само времето може да покаже дали ќе дојде до позитивни промени во 2019 година има неколку економски и политички моменти кои уште сега може да се предвидат, а кои битно ќе влијаат врз секојдневното живеење. Извесно е дека од 1 јануари 2019...

Договорот од Преспа – настан на годината во Западен Балкан

Преспанскиот договор помеѓу Македонија Грција е еден од настаните кои ја обележаа 2018 година, се вели во анализата на Европскиот Западен Балкан - веб порталот на тинк-тенкот Центар за современа политика од Белград. „Договорот потпишан од министрите за надворешна политика на Мкедонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на 17 јуни се смета дека е најважниот настан на годината....

Иванов: Пандорината кутија е отворена и сега секој си зема право да го негира она што е наше

Македонскиот јазол не може да се пресече туку треба внимателно да се разврзува. Работев на разврзување на тој јазол. Бев свесен дека има црвени линии преку кои не се преминува. На власт дојде некој кој мислеше дека може да го пресече јазолот и да го реши македонското прашање по секоја цена. Пандорината кутија е отворена и сега секој си...

Заев најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните од 1 јули 2019

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју за „24 вести“ , во однос на економијата рече дека очекува 2019 да биде економска година за Македонија. Неговите проценки се дека домашниот бруто-производ (БДП) ќе расте во последните два квартала и очекува да продолжи да расте до најавените пет проценти до крајот на мандатот. Оптимизмот го правда со отворените интеграции и регионалната соработка. Заев посочи на...

Џафери нема да се кандидира на претседателските избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека нема да се кандидира на претстојните претседателски избори и ќе остане претседател во Собранието. Што се однесува до идејата Собранието да бира шеф на државата, Џафери рече дека за тоа треба да се одлучни сите парламентарни групи, а доколку има консензус ќе треба да се изгласа измена на Уставот...

Маслов: Русија не е против новото име на Македонија, но не е за членство во НАТО

Русија нема ништо против Договорот од Преспа за името, но се противи на членството на Македонија во НАТО, изјавил рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов на брифинг во Атина во врска со посетата на грчкиот премиер Алескис Ципрас на Москва. – Ако Атина и Скопје постигнат договор за името и ако тоа биде официјално прифатено во Уставот на Република Македонија,...

Заев – Туск: Ако се продолжи со ова темпо, ќе се надомести изгубеното време за ЕУ-интеграција

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров ја започна работната посета на Брисел со средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На средбата било констатирано дека определбата за решавање на крупните политички прашања со соседите и носењето на реформите во клучните области правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, ја поставиле Македонија на...

Поднесени седум амандмани на уставните измени

До Собранието на Република Македонија пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту од владејачките ДУИ и СДСМ. Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса...

Собраниска расправа за нацрт-амандманите на Уставот

На собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе започне дeбатата за уставните нацрт-амандмани за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите. Како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија. Предлог амандамните ќе се...

Помпео: САД го поддржуваат историскиот Договор од Преспа

САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и му честитаат на грчкото раководство за неговото постигнување, истакнал американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата во Вашингтон со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос. Катругалос вчера во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц на која беше поздравена заложбата на Атина и Скопје...

Нимиц: Подготвен сум да им помогнам на Македонија и Грција ако е потребно

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. – Очигледно политичкиот процес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им...

Заев ги информирал европратениците за процесот за уставни измени

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретнал со пратениците од Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн. Заев ги соопштил очекувањата околу гласањето на уставните амандмани, согласно Договорот од Преспа, во Парламентот, како и реформите што се прават во безбедносните служби, правосудството, јавната администрација, очекувањата за реализацијата на реформите за борбата против криминалот и корупцијата, како и во медиумската сфера. -Очекуваме во...

Поминаа 2/3 од патот за промени во Уставот

Владејачкото мнозинство до сега успеа да заврши две третини од фазите кои се потребни за да се постигне промената на Уставот со уставни амандмани согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Од вкупно 15 чекори, преостанаа уште 5. Во целокупниот процес, на предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство....

Изгласани два нацрт-амандмани за промена на Уставот, денеска продолжува расправата

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува расправата по двата преостанати нацрт-амандмани за уставните измени, согласно Договорот од Преспа. Синоќа пратениците со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвоија нацрт-амандманот со кој одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се вметнува Охридскиот рамковен договор. Претходно, пратениците со 67 гласа „за“ го усвоија и нацрт-амандман,...

Иванов сè уште не побарал термин за годишното обраќање во Собранието

Нема најава од претседателот на државата, Ѓорге Иванов дека сака има годишно обраќање во Собранието, рече собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг за новинарите. - Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова...

Заев е загрижен за парламентарното мнозинство за уставни измени

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека бегството на Никола Груевски не е поврзано со гласањето во Парламентот за почеток на промените на Уставот кој произлегува од Договорот од Преспа, но истовреме, додаде дека е загрижен за парламентарното мнозинство. - За мене прв приоритет е политичкиот процес во Парламентот, зошто, заради тоа што обезбедуваме иднина во НАТО и ЕУ. Не дека...

Димитров-Мас: Германска поддршка за Договорот од Преспа и реформскиот процес

Европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, динамичната билатерална соработка меѓу двете земји на политички и на економски план биле теми на кои министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарал со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хајко Мас. „И во оваа пригода министерот Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од СР Германија за имплементација на...

Бошњаковски: Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3...

Мицотакис: Уставните измени се полоши од самиот Договор од Преспа

Претседателот грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, говорот пред неговата пратеничка група на денешниот состанок, го почна со прашањето за името и Договорот од Преспа, упатувајќи критики до актуелната грчка влада. Мицотакис рече дека уставните измени кај нас се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да гласа за ратификација на решението меѓу двете...

Хан: Ако се спроведат реформите, 2025 е реалистичен датум за прием на нови членки

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Ди Велт“, вели дека 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите. - Датумот 2025 е индикативен, но ако се интензивира имплементацијата на реформите тој е доста реалистичен. Но, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети претходно, нема...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...