fbpx
Таг: доброволци

таг: доброволци

Сали: Околу 150 доброволци се пријавиле да помогнат во Турција

Вкупно 150 лица доброволно се пријавиле на јавниот повик на министерот за здравство Беким Сали, кој вчера со објава на Фејсбук ги повика здравствените работници кои би се упатиле кон погодените места од земјотресот во Турција. Тој кажа дека денеска ќе го има прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа...

Дезинформација е дека е уништена американска војска во Украина

Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На 12 февруари Пентагон им нареди на американските трупи стационирани во Украина да ја напуштат земјата...

Повеќе од 30 пожарникари-доброволци летово ќе ја чуваат Шара од пожари

Повеќе од 30 волонтери од граѓанското Здружение за унапредување мерки за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ од Тетово, заедно со граѓани од седум општини кои гравитираат на територијата на новиот национален парк „Шар Планина“ ќе се грижат за безбедноста и заштитата на планината од пожари. Волонтерите деновиве поминаа обука за справување со пожари на отворен простор, а во иднина...

Лавров обвинува дека платеници од Балканот се борат во Донбас, Зеленски вели спремни сме за разговори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ги проверува информациите оти во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина се регрутираат платеници што ќе се испратат за борби во Доњецк и Луганск, јавува Радио-телевизија Војводина. Лавров за РТ изјави дека од овие земји се регрутираат и испраќаат сили коишто треба во Донбас да се употребат за да...

Се сумираат штетите од пожарите, нема потреба од прогласување кризна состојба

По опсежна расправа и по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо, набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информираше...

Ситуацијата со пожарот над Кочани сè уште тешка

Голем број граѓани на Кочани излегоа да помогнат во гаснењето на пожарите кои избувнаа попладнево над градот и веќе зафатија 2-3 куќи на периферијата на градот, дозна „Мета“. „Се надеваме дека до сабајле пожарот ќе биде изгаснат, но ситуацијата е навистина тешка“, вели соговорникот на „Мета“ кој заедно со други сограѓани им помагаат на пожарникарите. Попладнево избувнаа два пожара во ридскиот...

Повеќе од три милиони севернокорејци се пријавиле во војска, тврди Пјонгјанг

Северна Кореја денеска соопштила дека речиси три и пол милиони работници, членови на партијата и војници доброволно се пријавиле во народната војска за да пружат отпор на новите санкции на Обединетите нации и за да се борат против САД, како резултат на актуелните тензии помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон, јавуваат светските агенции. Официјалниот весник на Северна Кореја, „Родонг Синмун“ пишува дека...

Доброволците уште 24 часа ќе се борат со пожарот кај Трескавец

Пожарот кој пред два дена започна да гори околу манастирот Трескавец сè уште е активен и се уште постои опасност да го зафати манастирскиот комплекс. Во борбата со огнот се вклучени прилепските пожарникари, но и голем број доброволци од Прилеп и од околината, од кои дел се вработени во неколку прилепски компании и јавни претпријатија, информира Општина Прилеп. Според противпожарната...

Китовите насукани на плажа во Нов Зеланд спасени благодарение на плимата

Повеќе од 200 китови кои беа насукани на плажа во Нов Зеланд успеале да отпливаат назад во океанот, соопшти денеска новозеландското министерство за заштита на животната средина. „Вчера попладне на плажата имаше уште 240 китови и се плашевме дека нема да преживеат. Но, тие самите се спасија бидејќи надојде плимата па можеа да отпливаат назад во водата“, изјавил портпаролот...

Повеќе од 650 китови се насукаа на брегот на Нов Зеланд

На брегот на Нов Зеланд денеска се насукале уште 240 китови, само неколку часа откако група волонтери успеаја да вратат дел од китовите кои вчера се насукаа на брегот, јавуваат светските агенции. За два дена повеќе од 650 китови се насукаа на новозеландскиот брег, на околу 5 километри од плажата Фервел спит на јужниот остров. Околу 335 китовите угинале,...

На „Фејсбук“ се организираат волонтери за помош на поплавените подрачја

Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. “ Активистите кои ја водат иницијативата апелираат сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и...

Москва бара Хрватска да го спречи регрутирањето борци за Украина

Руските власти денеска ја повикаа Хрватска и другите земји чии граѓани се регрутираат во редовите на вооружените сили на Украина, да прекинат со оваа практика, пренесуваат руските агенции. „Ги потсетуваме хрватските власти дека денеска во Минск е усвоена одлука на контакт-групата за имплементација на договорот од Минск, во која, меѓу другото, е предвидено повлекување на сите странски вооружени формации, воена...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...